Амос 4:1-13
4 „Чујте ја оваа реч, васански крави,+ кои се наоѓате на самариската планина,+ ги мамите бедните,+ ги угнетувате сиромашните и им велите на своите господари: ‚Донесете да пиеме!‘
2 Севишниот Господар Јехова се заколна во својата светост:+ ‚„Ете, доаѓаат на вас денови кога ќе ве кренат со месарски куки, а вашиот остаток со јадици.+
3 Ќе излегувате низ пукнатини,+ секоја право напред, и ќе бидете фрлени во Ермон“, вели Јехова‘.
4 ‚Дојдете во Ветил и грешете.+ Умножувајте ги своите гревови+ во Гилгал и принесувајте ги своите жртви наутро, и на третиот ден своите десеттини.+
5 И она што е потквасено запалете го да чади како жртва на благодарност+ и разгласувајте за доброволни жртви.+ Разгласете го тоа, зашто тоа е она што го сакате, синови Израелови‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
6 ‚А јас ви дадов да ви останат забите чисти+ во сите ваши градови и да нема леб по сите ваши места,+ но вие не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
7 ‚Ви го скратив и дождот кога имаше уште три месеци до жетвата.+ Пуштив дожд на еден град, а на друг град не пуштив. На една нива паѓаше дожд, а нивата на која не пуштив дожд се исуши.+
8 Два-три града се тетеравеа до еден град за да пијат вода+ и не можеа да ја изгаснат жедта, но вие не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
9 ‚Ве удрив со суша и со мувла.+ Вашите градини и лозја се умножуваа, но гасеница ги изеде вашите смокви и маслинки,+ а вие сепак не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
10 ‚Пратив меѓу вас помор сличен на египетскиот.+ Вашите младичи ги погубив со меч,+ и коњите ваши се запленети.+ Со смрдеата од вашиот логор ви ги наполнив носниците,+ но вие не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
11 ‚Ве опустошив, како што ги опустошив Содом и Гомор.+ Бевте како цепеница истргана од оган,+ но не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
12 Затоа, така ќе ти направам, Израеле. И бидејќи така ќе ти направам, подготви се, Израеле, да се сретнеш со својот Бог!+
13 Зашто, ете, тој ги направи планините+ и го создаде ветрот,+ и на земниот човек му ја открива својата замисла,+ и ја претвора зората во мрак+ и гази по височинките на земјата,+ Јехова, Богот над војските,* е името негово.“+