Амос 6:1-14
6 „Тешко на безгрижните+ во Сион и на оние што се надеваат на гората самариска! Тоа се угледни луѓе од најистакнатиот од сите народи, и кај нив доаѓа домот Израелов.
2 Одете во Халне и видете, оттаму одете во густо населениот Емат,+ па слезете во филистејскиот Гат.+ Дали се тие подобри од овие царства, и дали нивното подрачје е поголемо од вашето подрачје?+
3 Зарем го исфрлате од своите мисли денот на неволјата,+ а му правите место на насилството?+
4 Вие што лежите на постели од слонова коска,+ истегнати на своите легла, и јадете јагниња од стадото и згоени јунци,+
5 составувате песни на звуците на псалтирот+ и измислувате инструменти како Давид,+
6 пиете вино+ од пехари и се мачкате со најдобрите масла+ и не ве боли поради пропаста на Јосиф.+
7 Затоа сега ќе одат во изгнанство на чело на изгнаниците,+ и ќе ја снема разузданоста на оние што лежат истегнати.
8 ‚Севишниот Господар Јехова се заколна во својата душа‘,+ вели Јехова, Богот над војските: ‚„Се гнасам од гордоста на Јаков+ и ги мразам неговите утврдени дворци.+ Ќе му го предадам на непријателот градот и сѐ што е во него.+
9 Ако останат десет луѓе во една куќа, и тие ќе умрат.+
10 А стрикото на едниот од умрените ќе ги изнесува еден по еден — и ќе ги гори еден по еден — за да ги изнесе коските од куќата.+ И ќе го праша оној што ќе го најде во куќата: ‚Има ли уште некого со тебе?‘ А овој ќе му одговори: ‚Нема никого!‘ А тој ќе му рече: ‚Молчи! Зашто не треба да се спомнува името на Јехова.‘ “+
11 Зашто, ете, Јехова даде заповед,+ и ќе ја удри големата куќа за да се разурне и малата куќа за да се распадне.+
12 Трчаат ли коњи по карпа? Може ли таа да се ора со говеда? А вие правдата ја претворивте во отровно растение,+ и плодот на праведноста — во пелин,
13 се радувате на нешто што не постои+ и велите: „Зарем не освоивме рогови со своја сила?“+
14 Еве, подигам против вас, доме Израелов‘, вели Јехова, Богот над војските, ‚народ+ што ќе ве угнетува од влезот во Емат+ до долината* на Араба.‘ “
Фусноти
^ Види го додатокот 12.