Галатите 4:1-31

4  Сакам да речам дека наследникот, сѐ додека е дете, воопшто не се разликува од еден роб,+ иако е господар на сѐ,  туку е под старатели+ и под управители сѐ до денот што го одредил неговиот татко.  Така и ние, додека бевме деца, им робувавме на начелата на овој свет.+  Но кога се наврши времето,+ Бог го испрати својот Син,+ роден од жена+ и подложен на законот,+  за да ги купи и да ги ослободи+ оние што се под законот,+ за Бог да нѐ усвои како синови.+  А бидејќи сте синови, Бог го испрати во нашите срца духот+ на својот Син и тој дух вика: „Ава,* Татко!“+  Затоа, повеќе не си роб, туку син. А ако си син, тогаш си и наследник преку Бог.+  Додека уште не го познававте Бог,+ им робувавте на богови, кои по својата природа не се богови.+  А сега кога го запознавте Бог — поправо, сега кога Бог ве запозна вас+ — како можете повторно да им се враќате на слабите+ и бедни начела+ и сакате повторно да им робувате?+ 10  Вие внимателно држите денови+ и месеци+ и раздобја и години. 11  Се плашам за вас, да не сум се трудел, можеби, залудно+ околу вас. 12  Браќа, ве молам, бидете како што сум јас,+ зашто и јас бев како што сте вие!+ Не ми направивте ништо лошо.+ 13  Но знаете дека првиот пат+ ви ја објавив добрата вест бидејќи бев болен. 14  Иако мојата болест ви беше искушение, не ме презревте, ниту плукавте на мене, туку ме примивте како ангел+ Божји, како Христос Исус.+ 15  Каде е сега радоста што ја чувствувавте тогаш?+ Сигурен сум дека бевте спремни и сопствените очи да ги извадите и да ми ги дадете мене, само да можевте.+ 16  Тогаш, дали ви станав непријател+ затоа што ви ја зборувам вистината?+ 17  Тие горливо се трудат да ве придобијат,+ но немаат добри намери, туку сакаат да ве одвојат од мене, за да ги следите горливо нив.+ 18  А добро е ако некој горливо се труди околу вас со добра намера,+ и би сакал некој секојпат да го прави тоа, а не да биде така само кога сум кај вас,+ 19  дечиња мои,+ поради кои повторно трпам родилни болки, кои ќе траат додека Христос не се обликува во вас.+ 20  Но би сакал сега да бидам кај вас+ и поинаку да разговарам со вас, бидејќи не знам што да правам+ со вас. 21  Кажете ми, вие кои сакате да бидете под закон:+ зар не слушате што вели Законот?+ 22  На пример, напишано е дека Авраам имаше два сина, еден од слугинката+ и еден од слободната жена.+ 23  Но синот од слугинката беше роден преку тело,+ а синот од слободната преку ветување.+ 24  Сето тоа има и преносно значење,+ бидејќи тие жени претставуваат два сојуза.+ Едниот е од Синајската Гора+ и раѓа деца за ропство — тоа е Агара. 25  Агара го претставува Синај,+ планина во Арабија, и одговара на денешниот Ерусалим, бидејќи е во ропство+ со своите деца. 26  А горниот Ерусалим+ е слободен — тој е нашата мајка.+ 27  Зашто, напишано е: „Весели се, неротко која не раѓаш! Воскликнувај и извикнувај, ти која не си во родилни болки, зашто децата на напуштената жена се побројни од децата на онаа што има маж!“+ 28  А ние, браќа, сме деца на ветувањето, како што беше и Исак.+ 29  Но, како што тогаш оној што беше роден преку тело го прогонуваше+ оној што беше роден преку духот, така е и сега.+ 30  Но што вели Писмото? „Истерај ја слугинката и нејзиниот син, зашто синот на слугинката нема да биде наследник со синот на слободната жена!“+ 31  Затоа, браќа, не сме деца на слугинката,+ туку деца на слободната жена.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Мр 14:36.