Езекиел 15:1-8
15 И повторно ми дојде Јеховината реч:
2 „Сине човечки, може ли стеблото на дивата лоза+ или неговите ластари да се споредат со шумските дрвја?
3 Се прави ли од него стап, кој би можел да послужи за нешто? Се прави ли од него клин на кој ќе се обеси нешто?
4 Гледај, го фрлаат во оган за да изгори.+ Огнот го зафаќа од двата краја и му ја гори средината.+ Може ли да се работи нешто со него?
5 Гледај, дури и кога е цело, не може да послужи за ништо. Тогаш како ќе послужи кога огнот ќе го зафати и ќе го изгори?“+
6 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Како што меѓу шумските дрвја го фрлив во оган стеблото на виновата лоза за да изгори, така ќе ги фрлам и жителите на Ерусалим во оган.+
7 Се свртив против нив.+ Излегоа од огнот, но огнот ќе ги проголта.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, кога ќе се свртам против нив‘.“+
8 „ ,Земјата ќе ја претворам во пустош,+ зашто ми беа неверни‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“