Езекиел 42:1-20
42 Потоа ме одведе+ во надворешниот двор, кон север.+ И ме доведе до зградата со трпезариите,+ која беше пред одделениот простор+ и пред зградата, кон север.
2 На почетокот од ѕидот долг сто лакти беше северниот влез, а ширината на зградата беше педесет лакти.
3 Пред дваесетте лакти од внатрешниот двор+ и пред плочникот+ во надворешниот двор, имаше ходници,+ еден спроти друг, на три ката.
4 А пред трпезариите имаше премин широк десет лакти, кој водеше во внатрешноста,+ пат од еден лакот, а вратите им беа свртени кон север.
5 Горните трпезарии во зградата беа најтесни, бидејќи ним ходниците им одземаа повеќе простор отколку на долните и на средните.
6 Зашто, беа на три ката,+ а немаа такви столбови какви што имаше во дворот. Затоа горните трпезарии имаа помала површина отколку долните и средните.
7 Камениот ѕид, кој беше од надворешната страна, се надоврзуваше на трпезариите покрај надворешниот двор, а беше спроти другите трпезарии. Тој беше долг педесет лакти.
8 Зашто, должината на трпезариите покрај надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред храмот сто лакти.
9 Под тие трпезарии беше влезот од исток, низ кој се влегува во нив од надворешниот двор.
10 По ширината на источниот каменен ѕид во дворот, пред одделениот простор+ и пред зградата, имаше трпезарии.+
11 А пред нив имаше пат како оној пред трпезариите што беа свртени кон север.+ Имаа иста должина и иста ширина како и тие, сите излези им беа исти, а имаа и ист распоред и исти влезови.
12 Какви што беа влезовите во трпезариите што беа на југ, таков беше и влезот на почетокот од преминот, кој беше по должината на источниот каменен ѕид, кога некој ќе дојдеше во нив.+
13 И ми рече: „Трпезариите на север и трпезариите на југ, кои се пред одделениот простор,+ се свети трпезарии, каде што свештениците, кои му пристапуваат+ на Јехова, го јадат она што е најсвето.+ Таму го оставаат она што е најсвето и житните жртви и жртвите за грев и жртвите за вина, зашто тоа место е свето.+
14 Кога ќе влезат, свештениците нема да излегуваат од светото место во надворешниот двор, туку овде ќе ги оставаат своите облеки во кои служат,+ бидејќи се свети. Ќе облечат други облеки+ и ќе излезат таму каде што е народот“.
15 Кога ја измери внатрешноста на домот, ме изведе надвор низ портата што беше свртена кон исток+ и таму измери сѐ наоколу.
16 Со мерна трска* ја измери источната страна. Имаше петстотини трски, мерни трски,+ секаде наоколу.
17 Ја измери и северната страна: петстотини трски, мерни трски, секаде наоколу.
18 Потоа ја измери јужната страна: петстотини трски, мерни трски.
19 Потоа сврте кон западната страна и измери: петстотини трски, мерни трски.
20 Мереше од четирите страни. Домот имаше ѕид секаде наоколу,+ со должина од петстотини трски и ширина од петстотини трски,+ кој го одвојуваше она што е свето од она што не е свето.+