Езекиел 44:1-31
44 Потоа ме врати до надворешната порта на светилиштето, која гледаше кон исток,+ а беше затворена.+
2 Тогаш Јехова ми рече: „Оваа порта ќе остане затворена. Нема да се отвора и ниту еден човек нема да влегува низ неа, зашто низ неа влезе Јехова, Богот на Израел,+ и затоа нека биде затворена.
3 Но кнезот,+ затоа што е кнез, ќе седи на неа за да јаде леб пред Јехова.+ Низ предворјето на портата ќе влегува и по истиот пат ќе излегува“.+
4 И ме одведе на северната порта пред Домот за да ми го покаже. И гледај, Јеховиниот Дом беше полн со Јеховината слава.+ И паднав ничкум.+
5 Тогаш Јехова ми рече: „Сине човечки, обрни внимание+ и погледни со очите, и слушај со ушите сѐ што ќе ти кажам за сите одредби на Јеховиниот Дом и за сите негови закони. Обрни внимание на влезот во Домот и на сите излези од светилиштето.
6 И речи им на тие бунтовници,+ на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Доста беа сите ваши гадости, доме Израелов!+
7 Доведувавте туѓинци со необрежано срце и необрежано тело+ за да влегуваат во моето светилиште и да го сквернават мојот Дом, ја принесувавте мојата храна+ — лојот+ и крвта+ — и така беше раскинат сојузот со мене поради сите ваши гадости.+
8 Вие самите не се грижевте за она што ми е свето,+ а не поставивте ни други да се грижат за службата во моето светилиште наместо вас“ ‘.+
9 ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ниту еден туѓинец, со необрежано срце и необрежано тело, не смее да влезе во моето светилиште — ниту еден од туѓинците што се меѓу синовите на Израел!“ ‘+
10 ‚А левитите, кои се оддалечија од мене+ кога Израел, кој си отиде откај мене, одеше по одвратни идоли,* ќе мора да платат за својот престап.+
11 Потоа тие ќе можат во моето светилиште да бидат како слуги кои ги надгледуваат портите на Домот и како слуги во Домот.+ Тие ќе колат паленици што се принесуваат цели и други жртви за народот+ и ќе стојат пред него за да му служат.+
12 Му служеа на народот пред нивните одвратни идоли+ и станаа камен на кој се спрепна домот на Израел и падна во грев,+ и затоа ја подигнав на нив својата рака,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚па ќе ја сносат вината за својот престап.
13 Нема повеќе да ми пристапуваат мене за да ми служат како свештеници и нема повеќе да му се приближуваат на она што ми е свето, кое е најсвето.+ Ќе ги носат својот срам и својата вина за гадостите што ги направија.+
14 Ќе ги поставам да се грижат за Домот, да ја вршат во него секоја служба и да прават во него сѐ што е потребно.‘+
15 ‚А левитските свештеници,+ синови на Садок,+ кои се грижеа за моето светилиште кога синовите на Израел си отидоа откај мене,+ ќе ми пристапат за да ми служат и ќе стојат пред мене+ за да ми принесуваат лој+ и крв‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
16 ‚Тие ќе влегуваат во моето светилиште+ и ќе ѝ се приближуваат на мојата трпеза за да ми служат+ и ќе го вршат она што се должни да ми го вршат.+
17 Кога ќе влегуваат низ портата на внатрешниот двор, нека носат ленена облека, и на нив нека нема ништо волнено кога ќе започнат да служат со влегувањето низ таа порта и кога ќе влезат во внатрешниот двор.+
18 На главата нека имаат ленени покривала+ и околу колковите нека носат ленени гаќи.+ Нека не се опашуваат со ништо од кое би се потеле.
19 А кога излегуваат во надворешниот двор, во надворешниот двор кај народот, нека ја соблечат облеката во која служеле+ и нека ја остават во светите трпезарии,+ па нека облечат друга облека за да не го посветат народот со својата облека.+
20 Нека не си ја бричат главата,+ но нека не пуштаат долга коса, туку нека си ја потстрижуваат косата.+
21 Ниту еден свештеник нека не пие вино кога треба да влезе во внатрешниот двор.+
22 Нека не се женат со вдовица или со разведена жена,+ туку нека се женат само со девица што потекнува од Израеловиот дом+ или со вдовица што е вдовица на свештеник.‘
23 ‚И нека го учат мојот народ да го разликува она што е свето од она што не е свето, нека го поучат да го разликува она што е нечисто од она што е чисто.+
24 Во парницата нека бидат судии,+ нека судат според моите закони.+ Нека се држат за моите закони и за моите одредби за сите мои празници,+ и нека им бидат свети моите денови за одмор.*+
25 Нека не приоѓаат до мртовец за да не станат нечисти. Само поради татко или поради мајка, поради син или поради ќерка, поради брат или поради сестра која немала маж можат да се осквернат.+
26 А откако некој од нив ќе се исчисти, нека му избројат седум дена.+
27 А во денот кога ќе влезе во светото место, во внатрешниот двор, за да служи во светото место, нека ја принесе својата жртва за грев‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
28 ‚А ова е наследството што ќе го добијат: јас сум нивното наследство.+ Никаков имот не давајте им во Израел: јас сум нивниот имот.
29 Тие ќе ги јадат житните жртви, жртвите за грев и жртвите за вина.+ И сѐ што е одредено за света цел* во Израел ќе биде нивно.+
30 Најдоброто од сите првини од секој плод и најдоброто од сите ваши прилози од сѐ што ќе принесете им припаѓа на свештениците.+ И првините од своето крупно брашно давајте им ги на свештениците+ за да почива благослов врз вашиот дом.+
31 Свештениците не смеат да јадат ништо што пцовисало или е раскинато од ѕвер, било да е тоа од суштествата што летаат било да е од другите животни.‘+
Фусноти
^ Или: „лепешкави идоли“.