Еремија 13:1-27

13  Вака ми рече Јехова: „Оди и купи си ленен појас и опаши си ги со него колковите, но немој да го натопуваш во вода!“  И купив појас според Јеховината реч, и ги опашав со него колковите.  Тогаш ми дојде Јеховината реч по вторпат:  „Земи го појасот што го купи, кој ти е на колковите, па стани, оди на Еуфрат+ и скриј го таму во некоја пукнатина во карпа!“  И отидов и го скрив покрај Еуфрат, како што ми заповеда Јехова.  А по многу дни, Јехова ми рече: „Стани, оди на Еуфрат и земи го оттаму појасот за кој ти заповедав да го скриеш таму!“  И отидов на Еуфрат, го извлеков појасот и го извадив од местото каде што го бев скрил, и гледај, појасот беше гнил, веќе не чинеше за ништо.  Тогаш ми дојде Јеховината реч:  „Вака вели Јехова: ‚Така ќе ја уништам гордоста на Јуда+ и големата гордост на Ерусалим. 10  Тие злобни луѓе, кои не сакаат да ги послушаат моите зборови,+ и се поведуваат по своето тврдокорно срце,+ и одат по други богови, им служат и им се клањаат,+ ќе станат како тој појас, кој веќе за ништо не чини‘. 11  ‚Зашто, како што појасот се прилепува за колковите на човекот, така би требало целиот дом на Израел и целиот дом на Јуда да се прилепат за мене‘,+ вели Јехова, ,и да бидат мој народ,+ мое добро име,+ моја фалба и убавина, но тие не послушаа.‘+ 12  Кажи им ги овие зборови: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Секој ќуп се полни со вино“ ‘.+ А тие ќе ти речат: ‚Зар ние не знаеме дека секој ќуп се полни со вино?‘ 13  Тогаш речи им: ‚Вака вели Јехова: „Еве, ќе ги наполнам со пијанство+ сите жители на оваа земја, и царевите што седат на Давидовиот престол,+ и свештениците, и пророците, и сите жители на Ерусалим. 14  И ќе ги скршам еден од друг, и татковците и синовите заедно“,+ вели Јехова. „Нема да им се смилувам и нема да ги жалам, ќе ги сотрам без милост“ ‘ “.+ 15  Чујте, приклонете го увото! Не бидете вообразени,+ зашто Јехова зборува!+ 16  Дајте му слава на Јехова, својот Бог,+ пред да ја испрати темнината,+ пред да ви се сплеткаат нозете на планините во квечерината!+ Вие ќе се надевате на светлина,+ а тој од неа ќе направи густа темнина,+ ќе ја претвори во црна темница.+ 17  Ако не го послушате ова,+ мојата душа скришум ќе плаче поради вашата горделивост и ќе лее солзи. Моето око солзи ќе лее,+ зашто Јеховиното стадо+ ќе биде одведено во заробеништво. 18  Речете им на царот и на царицата-мајка:+ „Седнете на пониско место,+ зашто од главата ќе ви падне прекрасната круна!“+ 19  Јужните градови* се затворени, и нема кој да ги отвори. Сиот народ на Јуда е одведен во изгнанство, целиот е одведен во изгнанство.+ 20  „Подигни ги очите и погледни ги оние што доаѓаат од север!+ Каде е стадото што ти е дадено, твоето прекрасно стадо?+ 21  Што ќе речеш тогаш кога тие ќе почнат да се пресметуваат со тебе,+ а ти од почетокот се трудеше да бидеш пријател со нив?+ Нема ли да те фатат родилни болки како родилка?+ 22  И ќе се запрашаш во срцето:+ ‚Зошто ме снајде ова?‘+ Поради твојот голем престап ќе се кренат твоите скутови,+ твоите петици ќе бидат со рани. 23  Може ли Хусанецот*+ да ја промени својата кожа или леопардот своите дамки?+ Така и вие, кои сте се навикнале да правите зло, не можете да правите добро.+ 24  Затоа ќе го развеам својот народ+ како плева која ја разнесува пустински ветар.+ 25  Тоа е твоето наследство, делот што ти го одмерив“,+ вели Јехова, „зашто ме заборави+ и веруваш во лага.+ 26  А јас ќе ти ги кренам полите и ќе ти ги префрлам преку лице, па ќе се видат твојот срам,+ 27  твоето прељубодејство+ и твоето ’ржење,+ твоето бесрамно блудствување. На ридовите, во полето, ги видов твоите гнасотии.+ Тешко тебе, Ерусалиме! Не можеш да бидеш чист+ — до кога ќе трае тоа?“+

Фусноти

Или: „Градовите во Негев“.
Или: „Етиопјанецот“.