Еремија 31:1-40
31 „Во тоа време“, вели Јехова, „ќе им бидам Бог на сите семејства на Израел, а тие ќе бидат мој народ.“+
2 Вака вели Јехова: „Народот што му избега на мечот најде милост во пустината,+ кога Израел одеше кон своето почивалиште“.+
3 Оддалеку ми се покажа Јехова, велејќи: „Те сакам со вечна љубов.+ Затоа те привлеков со својата милост.*+
4 Пак ќе те изѕидам и повторно ќе бидеш изѕидана,+ израелска девице. Ќе се украсиш со своите дајриња и ќе танцуваш со оние што се смеат.+
5 Ќе засадиш лозја на самариските ридови.+ Лозарите ќе ги садат и ќе го јадат нивниот род.+
6 Зашто, иде ден кога стражарите на ефремските планини ќе викаат: ‚Станете, да се искачиме на Сион, кај Јехова, нашиот Бог!‘ “+
7 Зашто, вака вели Јехова: „Воскликнувајте му од радост на Јаков, радосно извикувајте на чело на народите!+ Објавувајте!+ Дајте фалба и речете: ‚Спаси го, о Јехова, својот народ, остатокот од Израел!‘+
8 Еве, јас ќе ги доведам од северната земја,+ ќе ги соберам од краиштата на земјата.+ Меѓу нив ќе бидат слепите и сакатите, трудниците и родилките, сите заедно.+ Како голема заедница ќе се вратат ваму.+
9 Ќе дојдат плачејќи,+ ќе молат за милост додека ги водам. Ќе ги доведам до водни потоци,+ по прав пат на кој нема да се сопнуваат. Зашто, јас сум му Татко на Израел,+ а Ефрем е мојот првороден син“.+
10 Чујте ја, народи, Јеховината реч, и објавете ја по далечните острови!*+ Речете: „Оној што го расеа Израел ќе го собере повторно+ и ќе го чува како што овчарот го чува своето стадо.+
11 Зашто, Јехова ќе го откупи Јаков+ и ќе го избави од раката на оној што е посилен од него.+
12 И тие ќе дојдат и ќе воскликнуваат радосно на сионската височинка+ и ќе блескаат поради добрината на Јехова,+ поради житото, поради младото вино,+ поради маслото, поради јагнињата и телињата.+ Нивната душа ќе биде како добро наводнета градина,+ никогаш повеќе нема да папсаат“.+
13 „Тогаш девојките ќе се радуваат и ќе танцуваат, и момчињата и старците, сите заедно.+ Нивната тага ќе ја претворам во радост, ќе ги утешам и ќе ги развеселам, за да не тажат.+
14 Душите на свештениците ќе ги закрепнам со изобилство,+ и мојот народ ќе се насити со мојата добрина“,+ вели Јехова.
15 „Вака вели Јехова: ‚Во Рама+ се слуша глас, оплакување и горко плачење.+ Рахела+ плаче по своите синови.+ Не сака да се утеши за своите синови,+ зашто нив повеќе ги нема‘.“+
16 Вака вели Јехова: „ ,Задржи го својот глас да не плаче и своите очи да не леат солзи,+ зашто има награда за твоите дела‘, вели Јехова. ‚Тие ќе се вратат од непријателската земја.‘+
17 ‚Има надеж+ за твојата иднина,‘ вели Јехова, ‚твоите синови ќе се вратат во својот крај‘ “.+
18 „Добро слушам како Ефрем се сожалува:+ ‚Ти ме укори за да се поправам,+ како теле што уште не е скротено.+ Врати ме кај себе, и јас ќе ти се вратам,+ зашто ти си Јехова, мојот Бог!+
19 Кога ти се вратив, ми беше жал за моите дела,+ и кога бев поучен, се удирав од тага по бедрото.+ Се посрамив и се понизив,+ бидејќи го носам срамот од својата младост‘.“+
20 „Зар Ефрем не ми е мил син или сакано дете?+ Зашто, колку и да зборувам против него, пак ќе се сетам на него.+ Затоа мојата утроба се вознемири поради него.+ Навистина ќе му се смилувам“,+ вели Јехова.
21 „Постави си патокази! Постави си знаци!+ Насочи го своето срце кон друмот, кон патот по кој треба да одиш!+ Врати се, израелска девице! Врати се во овие свои градови!+
22 До кога ќе талкаш,+ неверна ќерко?+ Зашто, Јехова создаде нешто ново на земјата: жена ќе му се умилкува на маж.“
23 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Кога ќе ги соберам нивните заробеници, во земјата на Јуда и во неговите градови уште ќе зборуваат вака: ‚Нека те благослови Јехова,+ о праведно живеалиште,+ о света горо!‘+
24 Во неа заедно ќе живеат Јуда и сите негови градови, земјоделците и оние што одат по стадата.+
25 Зашто, ќе ја закрепнам изморената душа, ќе ја наситам секоја премалена душа“.+
26 Тогаш се разбудив и почнав да гледам, а сонот ми беше сладок.
27 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога во домот на Израел и во домот на Јуда ќе посеам човечко семе и семе од стока.“+
28 „И како што порано бдеев+ за да ги искоренам, за да ги урнам, за да ги разорам, за да ги уништам и да ги оштетам,+ така ќе бдеам за да ги изградам и за да ги насадам“,+ вели Јехова.
29 „Во тие денови повеќе нема да велат: ‚Татковците јадеа зелено грозје, а синовите имаат скомина‘.+
30 Туку секој ќе умре за својот престап.+ Секој што ќе јаде зелено грозје, тој ќе има скомина.“
31 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе склучам нов сојуз+ со домот на Израел+ и со домот на Јуда,+
32 не како оној сојуз што го склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од египетската земја,+ ‚мојот сојуз што тие го раскинаа,+ иако јас им бев маж‘,*+ вели Јехова.“
33 „Зашто, ова е сојузот+ што ќе го склучам со домот на Израел по тие денови“,+ вели Јехова. „Ќе го ставам својот закон во нив+ и ќе го запишам во нивните срца.+ Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат мој народ.“+
34 „И никој повеќе нема да го учи својот другар, ниту својот брат,+ и нема да му вели: ‚Запознајте го Јехова!‘+ Зашто, ќе ме познаваат сите, од најмал до најголем“,+ вели Јехова. „И ќе им го простам нивниот престап и повеќе нема да се сеќавам на нивниот грев.“+
35 Вака вели Јехова, кој му дава на сонцето да свети дење+ и одредби+ на месечината+ и на ѕвездите да светат ноќе,+ кој го разбранува морето за да му бучат брановите,+ чие име е Јехова над војските:+
36 „ ,Кога тие уредби би исчезнале пред мене,‘+ вели Јехова, ‚тогаш и оние што се потомство на Израел засекогаш би престанале да бидат народ пред мене‘ “.+
37 Вака вели Јехова: „ ,Кога би можеле да се измерат небесата горе и да се истражат темелите на земјата долу,+ тогаш би можел и јас да го отфрлам целото потомство на Израел поради сѐ што направија‘,+ вели Јехова“.
38 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе му биде изграден град+ на Јехова од кулата на Ананел+ до Аголната Порта.+
39 И ќе отиде мерното јаже+ право до ридот Гарив и ќе се сврти накај Гоат.
40 И целата долина во која се фрлаат труповите+ и мрсната пепел*+ и сите ниви* до долината на Кедрон,+ сѐ до аголот на Коњската Порта+ на исток, ќе му бидат свети на Јехова.+ Повеќе нема да ја сотруваат и нема да ја разурнуваат довека.“+
Фусноти
^ Или: „приморски краишта“.
^ Буквално: „сопственик (господар)“.
^ Или: „тераси; терасовидни ниви“.