Изреки 30:1-33
30 Зборови на Агур, синот на Јакеј, важни поуки.+ Зборови на тој човек упатени до Итиел, до Итиел и Укал.
2 Зашто, понеразумен сум од кого и да било+ и немам човечка разборитост,*+
3 не ја стекнав мудроста+ и не го познавам знаењето на Најсветиот.+
4 Кој се вознел на небото, па може да слезе?+ Кој го фатил ветрот+ во своите дланки? Кој ги врзал водите во својата наметка?+ Кој ги подигнал сите краишта на земјата?+ Како се вика тој+ и како му се вика синот, знаеш ли?+
5 Секој збор од Бог е чист.+ Тој е штит за оние што бараат засолниште кај него.+
6 Ништо не додавај кон неговите зборови,+ за да не те укори и за да не се покажеш лажливец.+
7 За две работи те молам.+ Не лишувај ме од нив пред да умрам.+
8 Невистината и лажниот збор оддалечи ги од мене.+ Не давај ми ниту сиромаштија ниту богатство.+ Храни ме со леб колку што ми треба,+
9 за да не се заситам, па да се откажам од тебе+ и да речам: „Кој е Јехова?“+ — и за да не осиромашам, па тогаш да крадам и да го осквернам името на својот Бог.+
10 Не клевети го слугата пред неговиот господар,+ за да не те проколне и за да не бидеш виновен.+
11 Има поколение кое го проколнува татка си и не ја благословува мајка си.+
12 Има поколение кое за себе мисли дека е чисто,+ а од изметот свој не е измиено.+
13 Има поколение чии очи се многу вообразени и гордо гледаат.+
14 Има поколение чии заби се мечеви, а чии вилици се ножеви за колење,+ за да ги проголта страдалниците на земјата и сиромасите меѓу луѓето.+
15 Пијавицата има две ќерки, кои викаат: „Дај! Дај!“ Три нешта се ненаситни и четири не велат: „Доста!“
16 Гробот*+ и неплодната утроба,+ земјата која никогаш не се наситува со вода+ и огнот+ кој никогаш не вели: „Доста!“+
17 Окото што му се подбива на таткото и ја презира послушноста кон мајката+ ќе го исколваат долинските гаврани и ќе го изедат орлињата.
18 Три работи ми се премногу чудни и четвртата не ја разбирам:
19 патот на орелот по небото, патот на змијата по карпата, патот на бродот среде морето+ и патот на мажот кон девојката.+
20 Ваков е патот на жена прељубница: ќе се најаде, ќе си ја избрише устата, па ќе рече: „Ништо лошо не направив“.+
21 Под три работи се тресе земјата и под четири не може да издржи:
22 под роб кога ќе стане цар+ и под безумник кога ќе се насити со храна,+
23 под омразена жена кога ќе се омажи+ и под слугинка кога ќе го заземе местото на својата господарка.+
24 Четири животни се најмали на земјата, но природно се мудри:+
25 мравките не се силен народ,+ но лете си ја подготвуваат храната;+
26 пештерниците*+ не се силен народ, но своите куќи ги поставуваат на карпа;+
27 скакулците+ немаат цар, но сите одат распоредени по групи;+
28 гуштерот*+ се фаќа со нозете и влегува во царската палата.
29 Три нешта имаат достоинствен чекор и четвртото достоинствено оди:
30 лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој не се трга пред никого,+
31 загарот и јарецот, и царот на чело на војската на својот народ.+
32 Ако си постапил безумно воздигнувајќи се самиот себеси+ и ако ти било тоа на ум, стави си ја раката на уста.+
33 Зашто, кога се бие млеко, се добива маст, и кога ќе се удри носот, потекува крв, а кога се истура гневот, доаѓа до караница.+
Фусноти
^ Буквално: „Шеолот“.
^ Цицачи слични на зајаци дупкари, кои живеат во каменити подрачја.
^ Или: „геконот“.