Исаија 17:1-14

17  Објава против Дамаск: „Гледај, Дамаск+ повеќе не е град. Се претворил во куп урнатини, во урнатини што се распаѓаат.+  Напуштените ароирски градови+ станаа место каде што доаѓаат и лежат стада, и никој не ги плаши.+  Утврдениот град исчезна од Ефрем,+ а царството од Дамаск.+ На оние што ќе преостанат од Сирија ќе им биде како и на славата на Израеловите синови“, вели Јехова над војските.+  „Во тој ден ќе биде понижена славата на Јаков,+ ќе ослаби неговото дебело тело.+  Кога жетварот ќе го собира неожнеаното жито, а неговата рака ќе го жнее класјето,+ ќе биде како човек што дособира класје во рефаимската долина.+  Ќе остане во Јаков дособирок како кога се тресе маслинка: две-три зрели маслинки на врвот, четири-пет на родните гранки“, вели Јехова, Богот на Израел.+  Во тој ден земниот човек ќе го погледне својот Творец, ќе ги впери очите кон Израеловиот Светец.+  Нема да ги гледа жртвениците,+ делото на своите раце,+ нема да го гледа она што го направиле неговите прсти, ниту обредните диреци,* ниту кадилните сталки.+  Во тој ден неговите утврдени градови ќе бидат како напуштено место в шума, како гранка што ја оставиле поради синовите на Израел; ќе биде пустош.+ 10  Зашто, ти го заборави*+ Богот на своето спасение+ и не се сеќаваше на Карпата+ на својата тврдина. Затоа садиш убави насади и ги засадуваш со туѓи фиданки. 11  Ти само оградувај го својот насад дење, а наутро труди се твоето семе да никне, но жетвата ќе побегне во денот кога ќе дојдат болеста и неизлечливата болка!+ 12  Тешко на мноштвото народи кои се во метеж, кои се разбранувани како разбранувано море! Тешко на народите што бучат, што татнат како шум од силни води!+ 13  Татнежот на народите+ ќе биде како бучава на многу води. Но Тој ќе им се закани,+ па ќе избегаат далеку и ќе бидат гонети како плева што ветрот ја разнесува по планината и како чичка зафатена од виор.+ 14  Навечер, ете, ненадеен ужас! Пред утрото — веќе го нема.+ Тоа е наследството на оние што нѐ пљачкосуваат, тоа ќе ги снајде оние што нѐ ограбуваат.+

Фусноти

Или: „ашерите“.
Текстот му е упатен на градот во кој се обожава Јехова.