Исаија 29:1-24
29 „Тешко на Ариел*+ — Ариеле, граду каде што Давид имаше логор!+ Додадете година врз година, нека се изредат празниците!+
2 Ќе го притиснам+ Ариел и ќе настане тага и лелек,+ а тој ќе ми биде како огниште на Божјиот жртвеник.+
3 Ќе те опколам со својот логор, ќе те опкружам со ограда од колци, ќе подигнам справи за опсадување спроти тебе.+
4 Толку ниско ќе паднеш што ќе зборуваш од земјата, твојот збор ќе биде тивок како да говориш од правот.+ Твојот глас ќе се крева од земјата како глас на оние што повикуваат духови, од правот ќе го шепотиш+ својот збор.
5 Мноштвото од оние што се за тебе странци, ќе бидат како ситен прав,+ а мноштвото насилници+ — како плева што ја разнесува ветрот.+ И тоа ќе биде ненадејно, во еден миг.+
6 Јехова над војските ќе погледне во тебе и ќе те избави со гром и со потрес и со голем татнеж, со виор и со бура, и со пламен од оган што голта.“+
7 Како во сон, како во ноќно видение, така ќе му биде на мноштвото од сите народи што војуваат против Ариел,+ на сите што војуваат против него, и на опсадните кули околу него и на оние што го притискаат.+
8 Да, ќе биде како кога гладниот сонува дека јаде, па се разбудува, а желудникот* и понатаму му е празен,+ и како кога жедниот сонува дека пие, па се разбудува уморен, а грлото* и понатаму му е суво. Така ќе му биде на мноштвото од сите народи што војуваат против гората Сион.+
9 Застанете и чудете се!+ Затворете ги очите и бидете слепи!+ Пијани се,+ но не од вино. Се тетерават, но не од опоен пијалак.+
10 Зашто, Јехова излеа на вас дух на длабок сон+ и ви ги затвори очите — пророците,+ и ви ги покри главите+ — јасновидците.+
11 Видението за сето тоа вам ви е како зборовите во запечатена книга,+ која му ја даваат на оној што знае да чита и му велат: „Те молиме, прочитај го ова наглас!“ А тој одговара: „Не можам, запечатена е“.+
12 И книгата ќе му ја дадат на некој што не знае да чита и ќе му речат: „Те молиме, прочитај го ова наглас!“ А тој ќе одговори: „Не знам да читам“.
13 Затоа, вака вели Јехова: „Овој народ ми се приближува со устата и ме слави само со усните,+ а срцето му е далеку од мене,+ и стравот од мене, кој го чувствува, е само научена човечка заповед.+
14 Затоа, еве, пак ќе постапувам чудесно со овој народ,+ чудесно и чудно, и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци и ќе се скрие разборитоста на неговите разборити луѓе“.+
15 Тешко на оние што длабоко ги кријат своите намери од Јехова+ и ги прават своите дела во мрак+, велејќи: „Кој нѐ гледа и кој нѐ познава?“+
16 Колку сте изопачени! Зарем на грнчарот се гледа како и на глината?+ Зарем ќе рече делото за својот творец: „Тој не ме направи“?+ Зарем направеното ќе му рече на оној што го направил: „Тој ништо не разбира“?+
17 Нема ли наскоро Ливан да се претвори во овоштарник,+ а овоштарникот да биде како шума?+
18 Во тој ден глувите ќе ги чујат зборовите на книгата,+ а од мракот и од темнината ќе прогледаат очите на слепите.+
19 Кротките+ уште повеќе ќе му се радуваат на Јехова, сиромашните ќе се веселат поради Светецот Израелов,+
20 зашто ќе го нема повеќе насилникот,+ ќе исчезне фалбаџијата,+ ќе бидат истребени сите што само гледаат како да направат зло,+
21 кои го обвинуваат човекот за грев поради неговите зборови+ и му поставуваат мамка на оној што изрекува осуда на портата+ и го соборуваат праведникот со празни докази.+
22 Затоа, вака му вели Јехова, кој го откупи Авраам, на Јакововиот дом:+ „Јаков нема повеќе да се срами и неговото лице нема повеќе да биде бледо,+
23 зашто, кога ќе ги види сред себе своите деца, дело на моите раце,+ тогаш тие ќе го светат моето име,+ ќе го светат Светецот Јаковов,+ ќе имаат страхопочит кон Богот на Израел.+
24 Тие што се во заблуда со својот дух, ќе стекнат разборитост, а оние што мрморат, ќе бидат поучени“.*+
Фусноти
^ „Ариел“ веројатно значи „огниште на Божјиот жртвеник“, а се однесува на Ерусалим.
^ Буквално: „душата“.
^ Буквално: „душата“.