Исаија 56:1-12

56  Вака вели Јехова: „Држете се за правдата+ и правете го она што е праведно!+ Зашто, наскоро ќе дојде моето спасение+ и ќе биде објавена мојата праведност.+  Среќен е смртниот човек кој прави така+ и синот човечки кој се придржува кон тоа,+ кој го држи денот за одмор* и не го сквернави+ и ја чува својата рака да не направи никакво зло.+  Туѓинецот што се придружил кон Јехова нека не вели:+ ‚Јехова сигурно ќе ме одвои од својот народ‘.+ Евнухот+ нека не вели: ‚Еве, јас сум суво дрво‘“.  Зашто, вака вели Јехова: „На евнусите кои ги држат моите денови за одмор, го избираат она што мене ми е пријатно+ и се држат за мојот сојуз,+  ќе им дадам во својот дом+ и меѓу своите ѕидови споменик+ и име,+ нешто што е подобро од синови и ќерки.+ Ќе им дадам вечно име,+ кое нема да се затре.+  А туѓинците што се придружиле кон Јехова за да му служат,+ да го сакаат Јеховиното име+ и да му бидат слуги, сите што го држат денот за одмор и не го сквернават и што се држат за мојот сојуз,+  и нив ќе ги доведам на својата света гора+ и ќе ги развеселам во својот дом за молитва.+ Целите паленици+ и другите нивни жртви+ ќе ми бидат пријатни на мојот жртвеник.+ Зашто, мојот дом ќе се вика дом на молитвата за сите народи“.+  Вака вели Севишниот Господар Јехова, кој ги собира распрснатите синови на Израел:+ „Ќе соберам кај него и други, покрај неговите што се веќе собрани“.+  Сите вие полски ѕверови, дојдете да јадете, и сите вие шумски ѕверови!+ 10  Неговите стражари се слепи.+ Никој од нив не забележува ништо.+ Сите тие се неми кучиња, не можат да лаат,+ збивтаат, лежат, сакаат да дремат.+ 11  Тоа се кучиња лакоми во душата+ и ненаситни.+ Тие се и пастири кои не знаат за разборитост.+ Сите тргнале по својот пат, секој од својот крај по својата неправедна добивка,+ и велат: 12  „Дојдете! Ќе донесам вино, да се напиеме жесток пијалак!+ Утре ќе биде исто како денес, и дури многу подобро“.+

Фусноти

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.