Лука 17:1-37
17 Тогаш им рече на своите ученици: „Не е можно да не дојдат причини за спрепнување!+ Меѓутоа, тешко на оној преку кого доаѓаат!+
2 Ќе му биде подобро да му обесат мелнички камен околу вратот и да го фрлат в море+ отколку да поколеба во верата* еден од овие маливе.+
3 Внимавајте на себе! Ако твојот брат направи грев, укори го.+ Ако се покае, прости му.+
4 Дури и да ти згреши седумпати на ден и седумпати да се врати кај тебе и да ти рече: ‚Се каам‘, прости му!“+
5 А апостолите му рекоа на Господарот: „Дај ни уште вера!“+
6 Тогаш Господарот рече: „Кога би имале вера голема само колку синапово зрно, на оваа црница би ѝ рекле: ‚Откорни се од корен и пресади се во морето!‘ — и таа би ве послушала.+
7 Кој од вас на својот роб, кој ора или чува стадо, ќе му рече, кога овој ќе се врати од поле: ‚Дојди веднаш и смести се на трпезата‘?*
8 Нема ли, наместо тоа, да му рече: ‚Зготви ми нешто за вечера, па препаши си скутник и послужувај ме додека јадам и пијам, а потоа ти ќе јадеш и ќе пиеш‘?
9 Дали ќе му биде благодарен на робот затоа што ги извршил своите должности?
10 Така и вие, кога ќе ги извршите сите свои должности, речете: ‚Ние сме бескорисни робови.+ Го направивме она што бевме должни да го направиме‘ “.
11 Додека одеше за Ерусалим, поминуваше низ* Самарија и Галилеја.+
12 Кога влегуваше во едно село, десетмина лепрозни го здогледаа+ и станаа, но останаа подалеку.
13 Па повикаа: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“+
14 Кога ги здогледа, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!“+ И додека заминуваа, се исчистија.+
15 А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати, славејќи го+ Бога на сиот глас.
16 И падна ничкум пред нозете на Исус+ и му заблагодари. А беше Самарјанин.+
17 А Исус рече: „Зарем не се исчистија десетмина? Каде се тогаш останатите деветмина?
18 Зарем не се врати ниту еден од нив за да му оддаде слава на Бог, освен овој човек од друг народ?“
19 И му рече: „Стани и оди си! Твојата вера те оздраве“.+
20 Кога фарисеите го прашаа кога ќе дојде Божјето царство,+ тој им одговори: „Царството Божје не доаѓа така што ќе може да се види.
21 Луѓето нема да речат: ‚Еве тука е!‘ — или: ‚Онаму е!‘+ Зашто, еве, царството Божје е меѓу вас“.+
22 Тогаш на учениците им рече: „Ќе дојдат денови кога ќе посакате да видите еден од деновите на Синот човечки, но нема да видите.+
23 И луѓето ќе ви велат: ‚Ене, онаму е!‘ — или: ‚Еве, овде е!‘+ Но не излегувајте и не трчајте по нив!+
24 Зашто, како што молњата+ со својот блесок светнува од едниот крај на небото до другиот крај на небото така ќе биде со Синот човечки.+
25 Но, тој мора најпрво многу да претрпи, и ова поколение мора да го отфрли.+
26 И како што беше во деновите на Ное+ така ќе биде и во деновите на Синот човечки:+
27 јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа сѐ до денот кога Ное влезе во арката. И дојде потопот и ги уништи сите.+
28 Исто така, ќе биде како и во деновите на Лот:+ јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа и градеа.
29 А во оној ден кога Лот излезе од Содом, од небото заплускаа оган и сулфур, и ги уништија сите.+
30 Исто така ќе биде во денот кога ќе се појави Синот човечки.+
31 Во тој ден, кој ќе биде на покривот, а работите му се во куќата, нека не слегува да ги земе! И кој ќе биде на нива, нека не се враќа назад!
32 Сетете се на Лотовата жена.+
33 Кој се труди да го зачува својот живот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби, ќе го зачува.+
34 Ви велам, во таа ноќ двајца ќе бидат во еден кревет: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен.+
35 Две жени ќе мелат со иста мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена“.+
36 *——
37 И тогаш му рекоа: „Каде, Господару?“ А тој им рече: „Каде што ќе има мрша,+ таму ќе се соберат и орлите“.+
Фусноти
^ Или: „да наведе на грев“. Буквално: „да натера да се спрепне“.
^ Или: „меѓу“.
^ Буквално: „душа“.