Матеј 20:1-34

20  Со небесното царство е како со човек, домаќин, кој излезе рано наутро за да најми работници за своето лозје.+  Кога се погоди со работниците по денариј* на ден,+ ги испрати во своето лозје.  Кога излезе повторно околу третиот* час,+ виде други како стојат на плоштадот+ без работа,  па им рече: ‚Појдете и вие во лозјето, па ќе ви дадам колку што е праведно‘.  И отидоа. Повторно излезе околу шестиот*+ и деветтиот* час+ и го направи истото.  На крајот излезе околу единаесеттиот* час и најде други како стојат, па им рече: ‚Зошто стоите овде цел ден без работа?‘  Тие му одговорија: ‚Затоа што никој не нѐ најми‘. А тој им рече: ‚Одете и вие во лозјето‘.+  Кога се свечери,+ господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚Повикај ги работниците и плати им,+ почнувајќи од последните па до првите‘.  Кога дојдоа оние од единаесеттиот час, секој прими по денариј. 10  А кога дојдоа првите, си помислија дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по денариј. 11  Штом ја примија платата, почнаа да му приговараат на домаќинот:+ 12  ‚Овие последниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, а ние цел ден напорно работевме и ја трпевме жегата‘. 13  А тој му одговори на еден од нив: ‚Пријателе, јас тебе не те онеправдувам. Зарем не се погоди со мене за денариј?+ 14  Земи си го своето и оди си! На последниов сакам да му дадам исто колку и тебе.+ 15  Зарем немам право да правам што сакам со она што е мое? Зарем твоето око е зло*+ затоа што сум добар?‘+ 16  Така последните ќе бидат први, а првите последни“.+ 17  Додека одеше кон Ерусалим, Исус ги зеде дванаесетте ученици+ насамо и по пат им рече: 18  „Еве, одиме во Ерусалим. Синот човечки ќе им биде предаден на главните свештеници и на книжниците, а тие ќе го осудат на смрт+ 19  и ќе им го предадат на незнабошците за да го исмеваат и да го камшикуваат и да го приковаат на столб,*+ а на третиот ден тој ќе воскресне“.+ 20  Тогаш му пристапи мајката на Зеведеевите синови,+ заедно со своите синови, и му се поклони за да побара нешто од него.+ 21  А тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Таа му одговори: „Кажи овие двајца мои синови да седнат до тебе во твоето царство, едниот од твојата десна страна, а другиот од левата“.+ 22  Исус тогаш рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата+ што треба да ја пијам јас?“ Тие му одговорија: „Можеме“. 23  А тој им рече: „Навистина ќе ја пиете мојата чаша,+ но да седите од мојата десна и лева страна, тоа не можам да ви го дадам јас, туку им припаѓа на оние за кои мојот Татко го приготвил“.+ 24  Кога го чуја тоа, останатите десетмина им се налутија на двајцата браќа.+ 25  Но Исус ги повика кај себе и рече: „Знаете дека владетелите господарат над народите и големците ги држат под своја власт.+ 26  А меѓу вас нека не биде така.+ Напротив, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга,+ 27  и кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде роб.+ 28  Така и Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи+ и да го даде својот живот* како откупнина за мнозина“.+ 29  А кога излегуваа од Ерихон,+ по него тргнаа големо мноштво луѓе. 30  И гледај, двајца слепци седеа крај патот. Штом чуја дека Исус поминува, извикаа: „Господару, смилувај ни се, Сине Давидов!“+ 31  А мноштвото ги замолкнуваше, но тие викаа уште посилно: „Господару, смилувај ни се, Сине Давидов!“+ 32  Тогаш Исус застана, ги викна и ги праша: „Што сакате да ви направам?“ 33  Тие му одговорија: „Господару, нека ни се отворат очите“.+ 34  На Исус му падна жал, па им ги допре очите,+ и веднаш прогледаа и тргнаа по него.+

Фусноти

Римски сребреник кој тежел 3,85 грама. Види ги фуснотата за Мт 18:24 и додатокот 13.
Околу 9 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите кога изгревало сонцето.
Околу 12 часот.
Околу 15 часот.
Околу 17 часот.
Или: „завидливо“.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душа“.