Проповедник 2:1-26
2 Си реков во срцето:+ „Ајде да ја испитам веселбата+ и да уживам во добри работи!“+ Но ете, и тоа беше суета.
2 За смеењето реков: „Лудост!“+ — и за веселбата:+ „Што ползува тоа?“
3 Истражував со срцето свое што е безумство, така што телото го веселев со вино,+ но притоа срцето го водев со мудрост,+ за да видам какво добро им донесува на синовите човечки она што го прават под небото во сите денови на својот живот.+
4 Направив големи дела.+ Си изградив куќи,+ си засадив лозја.+
5 Си направив градини и паркови,+ и во нив засадив секакви овошки.
6 Си направив езерца+ за да ги наводнувам шумите, за да растат дрвјата.+
7 Доведов слуги и слугинки+ и имав слуги родени во мојата куќа.+ Имав и многу стока, крупна и ситна, повеќе од сите што беа пред мене во Ерусалим.+
8 Си натрупав сребро и злато,+ и богатство какво што имаат царевите и покраините.+ Си донесов пејачи и пејачки+ и ги вкусив најголемите наслади+ на синовите човечки — жената, па дури и многу жени.+
9 И станав поголем и посилен од сите што беа пред мене во Ерусалим.+ А мудроста моја не ме остави.+
10 Што и да ми посакаа очите, не им скратував.+ Не му скратив никаква веселба и на срцето мое, зашто срцето мое се веселеше на секој мој труд,+ и тоа ми беше награда за сиот мој труд.+
11 А кога се осврнав на сите свои дела што ги направија рацете мои и на целата напорна работа во која се трудев,+ увидов дека сѐ беше суета и трчање по ветар,+ и од сето тоа немаше никаква корист под сонцето.+
12 И одлучив да ги запознаам мудроста,+ лудоста и безумството.+ Зашто, што може да направи еден обичен човек што ќе дојде по царот? Само она што е веќе направено.
13 И сознав дека мудроста е подобра од безумството,+ како што светлината е подобра од темнината.+
14 Мудриот гледа јасно,+ а безумникот оди во црна темница.+ Но, го сознав и ова дека сите нив на крајот ги снаоѓа истото.+
15 И си реков во срцето:+ „Тоа што ќе го снајде безумникот,+ ќе ме снајде и мене“.+ Зошто тогаш сум бил мудар, премногу мудар?+ И си реков во срцето: „И тоа е суета“.
16 Зашто, мудриот нема да го помнат многу повеќе отколку безумникот.+ Во деновите што доаѓаат, секој ќе биде заборавен. И како ќе умре мудриот човек? Исто како безумникот.+
17 И го замразив животот,+ зашто ми се стори мачно она што се прави под сонцето,+ оти сѐ е суета и трчање по ветар.+
18 И го замразив сето она за кое се трудев и напорно работев под сонцето+ и кое морам да го оставам на човек што ќе дојде по мене.+
19 А кој знае дали тој ќе биде мудар или глупав?+ Сепак, тој ќе стане господар на сето она за кое се трудев и напорно работев и во кое ја вложував својата мудрост под сонцето.+ И тоа е суета.
20 Така почнав да очајувам во срцето+ поради сето она за кое се трудев и напорно работев под сонцето.
21 Зашто, некој се труди мудро, со знаење и успешно,+ но сето она што ќе го стекне ќе му го остави на некој друг, кој не се трудел околу тоа.+ И тоа е суета и големо зло.+
22 Зашто, што добива човекот за сиот свој труд и за стремежите на своето срце кои го следат неговиот труд под сонцето?+
23 Зашто, во сите негови денови, работата му задава болка и му создава грижи,+ па ни ноќе не почива неговото срце.+ И тоа е суета.
24 За човекот нема ништо подобро отколку да јаде и да пие и душата да му ужива во добрите работи од неговиот труд.+ Гледам дека и тоа доаѓа од раката на вистинскиот Бог.+
25 Зашто, кој јаде+ и кој пие подобро од мене?+
26 На човекот кого го смета за добар,+ Бог му дава мудрост и знаење и радост,+ а на грешникот му дава работа да собира и да збира, и тоа за оној кого Бог го смета за добар.+ И тоа е суета и трчање по ветар.+