Псалми 139:1-24

На управителот. Давидов псалм. Песна. 139  Јехова, ти проникна во мојата внатрешност и ме познаваш.+   Ти знаеш кога седнувам и кога станувам,+оддалеку ми ги распознаваш мислите.+   Ти ме испитуваш кога одам и кога се одморам,+и добро ги познаваш сите мои патишта.+   Зашто, уште не ми дошле зборовите на јазикот,+а ти, Јехова, веќе сите ги знаеш.+   Одназад и однапред ме опколии својата рака ја стави на мене.   Тоа знаење е премногу чудесно за мене,+толку е високо што не можам да го сфатам.+   Каде да одам од твојот дух,+каде да побегнам од твоето лице?+   Да се искачам и на небото, ти би бил таму,+кога би го прострел во гробот* своето легло, гледај, ти би бил и таму.+   Кога би ги зел крилјата+ на зоратаза да се населам на најдалечното море,+ 10  и таму би ме водела твојата рака,+твојата десница би ме држела.+ 11  Кога би рекол: „Брзо ќе ме покрие темнината“+тогаш ноќта околу мене би се претворила во светлина.+ 12  Ниту темнината не би била претемна за тебе,+туку ноќта би сјаела како ден,+темнината би била како светлина.+ 13  Зашто, ти ги создаде моите бубрези,+ме засолнуваше во утробата на мајка ми.+ 14  Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден.+Твоите дела се чудесни,+и мојата душа тоа добро го знае.+ 15  Моите коски не ти беа скриени+додека бев создаван во тајност,+додека ме ткаеше во најдлабоките длабочини+ на земјата. 16  Твоите очи ме видоа додека бев зародок,+во твојата книга сите негови делови беа запишани— и деновите кога настануваа+кога уште немаше ниту еден. 17  Колку ми се скапоцени твоите мисли!+О Боже, колку е голем нивниот број!+ 18  Кога би сакал да ги бројам, би биле побројни од песокот.+Се разбудив, а уште сум со тебе.+ 19  О Боже, кога би сакал да го убиеш злиот!+Тогаш би се тргнале од мене луѓето што се виновни за крв,+ 20  кои го зборуваат за тебе она што самите го смислуваат,+оние што недостојно го спомнуваат твоето име+ — твоите противници.+ 21  Зар да не ги мразам оние што тебе многу те мразат, Јехова?+Зар да не ми се гади од оние што се бунат против тебе?+ 22  Со длабока омраза ги мразам.+Тие се навистина мои непријатели.+ 23  Проникни во мојата внатрешност, о Боже, и запознај го срцето мое!+Испитај ме и запознај ги немирните мисли мои,+ 24  и види има ли во мене нешто што ме наведува на лош пат,+и води ме по патот+ вечен!

Фусноти

Буквално: „шеолот“.