Псалми 143:1-12
Давидова песна.
143 О Јехова, чуј ја мојата молитва,+ислушај ја мојата сесрдна молба!+Во верноста своја услиши ме според својата праведност!+
2 Не води го својот слуга на суд,+зашто никој жив не може да биде праведен пред тебе.+
3 Зашто, непријателот ја прогонува мојата душа,+го фрли мојот живот на земја.+Поради него живеам на мрачни места, како оние што одамна се мртви.+
4 Духот мој премале во мене,+срцето ми замре во утробата.+
5 Се сеќавам на дамнешните дни,+размислувам за сите твои дела,+се интересирам за делото на твоите раце.+
6 Во молитва ги ширам рацете кон тебе,+душата ми е како сува земја што жеднее по тебе.+ (Села)
7 Поитај, услиши ме, Јехова!+Го снемува животот* во мене.+Не свртувај го своето лице од мене,+за да не станам како оние што слегуваат во јамата.+
8 Наутро објави ми ја својата милост,*+зашто во тебе имам доверба.+Покажи ми го патот по кој треба да одам,+зашто кон тебе ја подигам душата.+
9 Избави ме од моите непријатели, Јехова!+Кај тебе барам засолниште.+
10 Научи ме да ја вршам твојата волја,+зашто ти си мојот Бог.+Твојот дух е добар,+нека ме води низ земјата на справедливоста!+
11 Поради името свое,+ Јехова, зачувај ми го животот!+Во праведноста своја+ изведи ми ја душава од маката!+
12 Во својата милост,* сотри* ги моите непријатели,+погуби ги сите противници на мојата душа,+зашто јас сум твој слуга.+