Судиите 7:1-25
7 И подранија Јероваал,+ односно Гедеон,+ и целиот народ што беше со него, па се улогорија кај изворот Харод. А мадијамскиот логор се наоѓаше северно од него, во подножјето на ридот Море, во долината.
2 И Јехова му рече на Гедеон: „Со тебе има премногу луѓе за да ги предадам Мадијамците во нивни раце.+ Можеби Израел ќе се возгордее+ пред мене и ќе се фали: ‚Мојава рака ме избави‘.+
3 А сега, те молам, разгласи за да чуе народот и речи: ‚Кој се плаши и кому му е страв, нека се врати!‘ “+ Гедеон ги стави на испит. И се вратија дваесет и две илјади луѓе, а десет илјади останаа.
4 Но Јехова му рече на Гедеон: „Сѐ уште има премногу народ.+ Одведи ги на водата, па јас таму ќе ги испитам за тебе! И за кого ќе ти речам: ‚Овој ќе оди со тебе‘, тој ќе оди со тебе, а за кого ќе ти речам: ‚Овој нема да оди со тебе‘, тој нема да оди“.
5 Така го одведе народот на водата.+
Тогаш Јехова му рече на Гедеон: „Секој што лока вода со јазикот како што лока куче, него оддели го настрана, а исто така и секој што клекнува на колена за да пие!“+
6 Оние што локаа вода од раката принесена до уста, беа триста. А сите други клекнаа на колена за да пијат вода.
7 Тогаш Јехова му рече на Гедеон: „Со овие триста што локаа ќе ве избавам и ќе ги предадам Мадијамците во ваши раце.+ А сите други нека се вратат, секој во своето место!“
8 И тие ги зедоа храната и роговите+ од народот, а тој ги испрати останатите Израелци да си одат секој во својата куќа. Задржа триста луѓе. А мадијамскиот логор беше подолу од него во долината.+
9 Таа ноќ+ Јехова му рече: „Стани, нападни го логорот, зашто го предавам во твои раце!+
10 А ако се плашиш, слези со Фура, својот слуга, и извиди го логорот!+
11 И слушни што зборуваат,+ па ќе се охрабриш+ и ќе го нападнеш логорот!“ Тогаш тој и Фура, неговиот слуга, слегоа до првите борбени редови во логорот.
12 А Мадијамците, Амаличаните и сите народи од Исток+ се беа сместиле по долината, бројни како скакулци.+ На нивните камили+ им немаше број, ги имаше многу како песокот на морскиот брег.
13 Кога Гедеон дојде, гледај, еден човек му раскажуваше сон на својот другар: „Еве, сонив сон.+ И гледај, јачменова погача се тркалаше во мадијамскиот логор. И дојде до еден шатор и така го погоди што тој падна,+ се преврте и се урна“.
14 А другарот му одговори:+ „Тоа не е ништо друго освен мечот на Гедеон,+ синот на Јоас, Израелецот. Вистинскиот Бог+ му ги предаде в раце Мадијамците и целиот логор“.+
15 Кога чу како оној го раскажува сонот, а другиот го толкува,+ Гедеон падна ничкум.*+ Потоа се врати во израелскиот логор и рече: „Станувајте,+ зашто Јехова го предаде мадијамскиот логор во ваши раце!“
16 И ги подели тие триста луѓе на три чети, на сите им даде в раце рогови,+ празни ќупови и факли во ќуповите.
17 И им рече: „Гледајте ме мене и правете го истото што ќе го правам јас! Кога ќе дојдам на работ од логорот, правете го истото што ќе го правам јас!
18 Кога ќе затрубам во рогот, јас и сите што се со мене, и вие затрубете во роговите околу целиот логор+ и викнете: ‚Мечот Јеховин+ и Гедеонов!‘ “
19 Така Гедеон и стоте луѓе што беа со него дојдоа до работ на логорот во почетокот на средната ноќна стража,*+ токму кога се менуваа стражите. И почнаа да трубат во роговите+ и да ги кршат ќуповите што им беа во рацете.+
20 Така трите чети дувнаа во роговите+ и ги скршија ќуповите. Со левата рака ги држеа факлите, а со десната роговите за да трубат во нив и почнаа да викаат: „Мечот Јеховин+ и Гедеонов!“
21 И секој стоеше на своето место околу логорот, а сите од логорот се растрчаа, па почнаа да викаат и да бегаат.+
22 Тие триста+ луѓе трубеа во роговите,+ а Јехова направи сите во логорот да го свртат мечот еден против друг.+ И сите од логорот се разбегаа дури до Вет-Шита, кон Зерерат,* до работ на Авел-Мехол+ кај Тават.
23 А Израелците од племињата на Нефталим,+ Асер+ и од целото племе на Манасија+ се собраа и тргнаа во потера+ по Мадијамците.
24 И Гедеон испрати гласници по сите ефремски планини+ да велат: „Слезете пред Мадијамците и заземете ги пред нив плитките места преку реките дури до Вет-Вара и преку Јордан!“ Така се собраа сите луѓе од племето на Ефрем и ги зазедоа плитките места преку реките+ дури до Вет-Вара и преку Јордан.
25 Ги заробија и двајцата мадијамски кнезови, Орив и Зива.+ Орив го убија на карпата на Орив,+ а Зива го убија кај винското гмечало на Зива. И ги гонеа Мадијамците,+ а главите на Орив и на Зива му ги донесоа на Гедеон во јорданскиот крај.+
Фусноти
^ Или: „му покажа почит на Бог; изврши чин на обожавање пред Бог“.
^ Средната ноќна стража почнувала околу 22 часот, а завршувала во 2 часот.