1. Коринќаните 6:1-20
6 Зарем се осмелува некој од вас, кога има тужба против друг,+ да оди на суд пред неправедни,+ а не пред светите?+
2 Не знаете ли дека светите ќе му судат+ на светот?+ А ако вие му судите на светот, зарем не можете да судите во сосема мали спорови?+
3 Не знаете ли дека ќе им судиме на ангели?+ Тогаш, зошто да не му судиме и на она што се однесува на овој живот?
4 Значи, ако треба да му судите на она што се однесува на овој живот,+ зарем ги земате за судии оние што собранието не ги смета за ништо?+
5 Ова ви го зборувам за да се посрамите.+ Зарем меѓу вас нема ниту еден мудар+ кој би можел да суди меѓу своите браќа,
6 туку брат брата води на суд, и тоа пред неверници?+
7 Всушност, тоа што се тужите еден со друг+ е крајно поразително за вас. Зошто попрвин не ја претрпите неправдата?+ Зошто попрвин не ја прежалите штетата?+
8 Напротив, вие нанесувате неправда и штета, и тоа на своите браќа.+
9 Па зарем не знаете дека неправедниците нема да го наследат Божјето царство?+ Не залажувајте се! Ни блудници,+ ни идолопоклоници,+ ни прељубници,+ ни мажи што се впуштаат во неприродни полови односи,+ ни мажи што легнуваат со мажи,+
10 ни крадци, ни алчни,+ ни пијаници,+ ни оние што зборуваат погрдно, ни изнудувачи нема да го наследат Божјето царство.+
11 А такви беа некои од вас,+ но испрани сте,+ посветени,+ прогласени сте за праведни+ во името на нашиот Господар* Исус Христос+ и со духот на нашиот Бог.+
12 Сѐ ми е допуштено, но не е сѐ корисно.+ Сѐ ми е допуштено,+ но нема да дозволам нешто да завладее со мене.+
13 Јадењата се за стомакот, а стомакот за јадењата.+ Но Бог ќе го уништи и едното и другото.+ А телото не е за блуд, туку за Господарот,+ и Господарот за телото.+
14 Но Бог го воскресна Господарот,+ а и нас ќе нѐ воскресне+ со својата сила.+
15 Зарем не знаете дека вашите тела се Христови+ делови на телото?+ Тогаш, зарем да ги земам Христовите делови на телото и да ги направам делови на телото на блудница?+ Во никој случај!
16 Не знаете ли дека оној што ќе се здружи со блудница е едно тело со неа? Зашто, Бог вели: „Двајцата ќе бидат едно тело“.+
17 А кој ќе се соедини со Господарот, тој е во една мисла* со него.+
18 Бегајте од блуд!+ Секој друг грев што ќе го направи човекот е надвор од неговото тело, но кој прави блуд, греши против своето сопствено тело.+
19 Зарем не знаете дека вашето тело е храм+ на светиот дух?+ Го добивте од Бог за да престојува во вас. Освен тоа, вие не си припаѓате себеси,+
20 бидејќи скапо сте купени.+ Затоа прославете го Бог+ со своето тело!+