1. Летописи 10:1-14

10  Филистејците+ завојуваа со Израел, а Израелците бегаа пред Филистејците и паѓаа убиени по планината Гелвуја.+  И Филистејци дојдоа многу блиску до Саул и до неговите синови, па ги убија Јонатан,+ Авинадав+ и Малхи-Суа,+ синовите на Саул.+  Битката стануваше сѐ пожестока околу Саул. На крајот, стрелците со лакови го најдоа и го ранија.+  Тогаш Саул му рече на својот штитоносец:+ „Извлечи го својот меч+ и прободи ме со него за да не дојдат оние необрежанине,+ па да ме исмејат“.+ Но штитоносецот не сакаше,+ зашто многу се плашеше. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него.+  Кога виде дека Саул умре, штитоносецот исто така се фрли врз мечот и умре.+  Така загинаа заедно+ Саул и неговите три сина и сите од неговиот дом што беа со него.  Кога видоа дека нивната војска избега и дека Саул и неговите синови загинаа, сите Израелци што беа во долината почнаа да ги напуштаат своите градови и да бегаат.+ Филистејците дојдоа и се населија во нив.  Утредента, кога дојдоа да ги ограбат убиените,+ Филистејците ги најдоа Саул и неговите синови како лежат на планината Гелвуја.+  Го соблекоа Саул, му ја отсекоа главата+ и му го симнаа оружјето, па испратија гласници по целата филистејска земја за да им ја однесат веста+ на своите идоли+ и на народот. 10  На крајот, неговото оружје го ставија во храмот на својот бог,+ а неговиот череп го обесија на ѕидот во храмот на Дагон.+ 11  Кога сите жители на Јавис+ во Галад чуја што му направиле Филистејците на Саул,+ 12  сите храбри мажи станаа и ги зедоа телото на Саул и телата на неговите синови, па ги донесоа во Јавис, и нивните коски ги закопаа под големото дрво+ во Јавис.+ И седум дена постеа.+ 13  Така загина Саул поради својата неверност, зашто го изневери+ Јехова со тоа што не ја држеше Јеховината реч и за совет праша жена која повикува духови,+ 14  а не го праша за совет Јехова.+ Затоа тој го погуби и царството му го предаде на Давид, синот на Јесеј.+

Фусноти