1. Летописи 15:1-29

15  Давид си изгради куќи+ во Давидовиот град, подготви место+ за ковчегот на вистинскиот Бог и му распна шатор.  Тогаш Давид рече: „Ковчегот на вистинскиот Бог, Јехова, не смее да го носи никој друг освен левитите, зашто нив ги избра Јехова да го носат неговиот ковчег+ и да му служат+ довека“.  И Давид го собра целиот Израел во Ерусалим+ за да го пренесат Јеховиниот ковчег+ на местото што му го подготви.  Давид ги собра и синовите на Арон+ и левитите:  од синовите на Кат — поглаварот Урил+ и неговите браќа, сто и дваесет луѓе,  од синовите на Мерариј+ — поглаварот Асаија+ и неговите браќа, двесте и дваесет луѓе,  од синовите на Гирсом+ — поглаварот Јоил+ и неговите браќа, сто и триесет луѓе,  од синовите на Елисафан+ — поглаварот Семаја+ и неговите браќа, двесте луѓе,  од синовите на Хеврон — поглаварот Елиел и неговите браќа, осумдесет луѓе, 10  од синовите на Узиел+ — поглаварот Аминадав и неговите браќа, сто и дванаесет луѓе. 11  Потоа Давид ги повика свештениците Садок+ и Авијатар+ и левитите Урил,+ Асаија,+ Јоил,+ Семаја,+ Елиел+ и Аминадав, 12  па им рече: „Вие сте поглавари+ на родовите на Левиевите племиња. Посветете се,+ вие и вашите браќа, па пренесете го ковчегот на Јехова, Богот на Израел, на местото што му го подготвив. 13  Затоа што првиот пат не го направивте тоа,+ Јехова, нашиот Бог, се нафрли врз нас,+ зашто не го баравме така како што треба“.+ 14  Тогаш свештениците и левитите се посветија+ за да го пренесат ковчегот на Јехова, Богот на Израел. 15  И синовите на Леви го понесоа+ ковчегот на вистинскиот Бог на рамења, на лостови,+ како што заповеда Мојсеј според Јеховината реч. 16  Тогаш Давид им рече на поглаварите на синовите на Леви да ги постават своите браќа пејачи+ со инструменти,+ со псалтири,+ со харфи+ и со чинели,+ за да свират гласно и да ечи од радосно пеење. 17  И синовите на Леви ги поставија Еман,+ синот на Јоил, и од неговите браќа Асаф,+ синот на Верехија, и од синовите на Мерариј, нивни браќа, Етан,+ синот на Кусај, 18  и со нив нивните браќа од втората група:+ Захарија,+ Бен, Јазил, Семирамот, Јеил, Униј, Елијав, Венај, Маасија, Матитиј, Елифел, Микнеј и вратарите Овид-Едом+ и Јејел. 19  Ги поставија пејачите Еман,+ Асаф+ и Етан да удираат гласно во бакарни чинели,+ 20  Захарија, Азил,+ Семирамот, Јеил, Униј, Елијав, Маасија и Венај да свират на псалтири наштимани според аламот,*+ 21  Матитиј,+ Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Јејел и Азазиј со харфи+ наштимани според шеминит,*+ да управуваат со пеењето, 22  Хенаниј,+ поглаварот на левитите задолжени за носењето на ковчегот, да дава упатства за носењето, зашто беше вешт во тоа,+ 23  Верехија и Елкана да бидат вратари+ кај ковчегот, 24  свештениците Севанија, Јосафат, Нетанел, Амасај, Захарија, Венај и Елиезер гласно да трубат во труби+ пред ковчегот на вистинскиот Бог, и Овид-Едом и Јехија да бидат вратари кај ковчегот. 25  Така Давид,+ старешините на Израел+ и илјаданачалниците+ отидоа со голема веселба+ да го пренесат ковчегот на Јеховиниот сојуз од куќата на Овид-Едом.+ 26  И вистинскиот Бог, Јехова, им помогна+ на левитите што го носеа ковчегот на неговиот сојуз. Затоа принесоа за жртва седум јунци и седум овни.+ 27  Давид имаше на себе наметка без ракави од фино платно, а исто така и сите левити што го носеа ковчегот, пејачите и Хенаниј,+ кој управуваше со пејачите+ што беа и носачи. Давид имаше на себе ленен ефод.+ 28  Така сите Израелци го следеа ковчегот на Јеховиниот сојуз со радосно извикување+ придружено со звук од рогови,+ труби+ и чинели,+ и со гласно свирење на псалтири и на харфи.+ 29  А кога ковчегот на Јеховиниот сојуз+ влегуваше во Давидовиот град, Сауловата ќерка Михала+ гледаше низ прозорецот и го виде цар Давид како потскокнува и се весели.+ И го презре+ во своето срце.

Фусноти

„Аламот“ — буквално: „девојки“; хебрејски музички израз чие точно значење не е познато; веројатно се однесува на женски сопран или на машки фалсет.
„Шеминит“ — хебрејски израз кој веројатно означува долна октава.