1. Летописи 22:1-19

22  И Давид рече: „Ова е домот+ на Јехова, вистинскиот Бог, и ова е жртвеникот+ за жртви паленици на Израел!“  Потоа Давид заповеда да се доведат дојденците+ што беа во земјата на Израел, па ги одреди за каменоделци,+ да делкаат камења+ за изградба на домот на вистинскиот Бог.  Давид подготви многу железо за клинците на градските порти и за спојниците, и толку многу бакар што не можеше да се измери,+  а и кедрови дрва+ без број, зашто Сидонците+ и Тирците+ му донесоа на Давид многу кедрово дрво.  И Давид рече: „Мојот син Соломон е млад и неискусен,+ а домот што треба да му биде изграден на Јехова мора да биде посебно величествен,+ прочуен во сите земји по својата убавина.+ Затоа сега ќе му подготвам сѐ што треба“. И Давид подготви многу работи пред својата смрт.+  И го повика својот син Соломон и му заповеда да му изгради дом на Јехова, Богот на Израел.  И Давид му рече на својот син Соломон: „Во своето срце+ посакав да му изградам дом на името+ на Јехова, мојот Бог.  Но ми дојде Јеховината реч: ‚Многу крв пролеа+ и водеше големи војни.+ Ти нема да му изградиш дом на моето име,+ зашто пролеа многу крв на земјата пред мене.  Еве, ќе ти се роди син.+ Тој ќе биде мирен човек и нему ќе му дадам спокојство од сите негови околни непријатели.+ Името ќе му биде Соломон,*+ и мир+ и спокојство ќе му дадам на Израел во неговите дни. 10  Тој ќе му изгради дом на моето име,+ и ќе ми биде син,+ а јас нему ќе му бидам татко.+ Ќе го утврдам за навек неговиот царски престол+ над Израел‘. 11  А сега, сине мој, Јехова нека биде со тебе за да бидеш успешен во сѐ и да му изградиш дом на Јехова, својот Бог, токму како што тој рече за тебе.+ 12  Само, Јехова нека ти даде разборитост и разум*+ и нека те постави да го водиш Израел, и така да се држиш за законот на Јехова, својот Бог!+ 13  Ќе бидеш успешен+ во сѐ ако постапуваш совесно според уредбите+ и законите+ што Јехова му ги даде+ на Мојсеј за Израел. Биди храбар и силен!+ Не бој се+ и не плаши се!+ 14  Еве, јас во својата неволја+ подготвив за Јеховиниот дом сто илјади таланти* злато,+ милион таланти сребро, а бакарот+ и железото+ мера немаат, зашто ги има премногу. Подготвив дрвена граѓа и камења, а ти уште придодај кон тоа. 15  Имаш и многу работници, каменоделци, ѕидари,+ дрводелци и разни луѓе вешти за секоја работа.+ 16  Злато, сребро, бакар и железо има толку многу што не може да се измери.+ Оди и гради!+ Јехова нека биде со тебе!“+ 17  И Давид им заповеда на сите кнезови на Израел да му помагаат на неговиот син Соломон: 18  „Зар не е со вас Јехова, вашиот Бог?+ Зар не ви даде мир на сите ваши граници?+ Тој ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата е покорена пред Јехова+ и пред неговиот народ. 19  Сега, значи, барајте го Јехова, својот Бог,+ со сето срце и со сета душа.+ Одете и градете му светилиште+ на Јехова, вистинскиот Бог,+ за да бидат донесени ковчегот+ на Јеховиниот сојуз и светиот прибор на вистинскиот Бог во домот што ќе му биде изграден на името+ на Јехова“.

Фусноти

Коренот на името „Соломон“ значи „мир“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види го додатокот 13.