1. Мојсеева 43:1-34

43  Гладот тешко ја притискаше земјата.+  А кога го изедоа житото што го беа донеле од Египет,+ нивниот татко им рече: „Одете пак и купете ни малку храна!“+  Тогаш Јуда му рече:+ „Оној човек јасно нѐ предупреди: ‚Да не доаѓате повторно пред моето лице ако вашиот брат не биде со вас!‘+  Ако го пуштиш со нас нашиот брат,+ ќе одиме и ќе ти купиме храна.  Но ако не го пуштиш, нема да слеземе долу, бидејќи човекот ни рече: ‚Да не доаѓате повторно пред моето лице ако вашиот брат не биде со вас!‘ “+  А Израел одврати:+ „Зошто ми направивте зло, та му кажавте на тој човек дека имате уште еден брат?“  А тие одговорија: „Човекот подробно се распрашуваше за нас и за нашето семејство: ‚Дали е уште жив татко ви?+ Имате ли уште некој брат?‘ — а ние му одговоривме според вистината.+ Од каде можевме да знаеме дека ќе рече: ‚Доведете ми го вашиот брат‘?“+  На крајот Јуда му рече на својот татко Израел: „Пушти го момчето со мене,+ па да станеме и да тргнеме за да останеме живи и да не изумреме+ и ние, и ти, и нашите деца.+  Јас ќе одговарам за него.+ Од мојава рака барај го.+ Ако не ти го доведам и ако не го ставам пред тебе, ќе ти бидам виновен засекогаш. 10  Да не се колебавме толку многу, ќе можевме веќе двапати да отидеме и да се вратиме“.+ 11  Тогаш татко им Израел им рече: „Штом е така,+ еве што ќе направите: земете ги најдобрите производи од оваа земја во своите вреќи и однесете му ги на тој човек како дар:+ малку балсам,+ малку мед,+ мирислива смола леданон и смолеста кора,+ фастаци и бадеми!+ 12  Понесете двојно повеќе пари, а однесете ги назад и парите што беа вратени и ставени одозгора во вреќите!+ Можеби било грешка.+ 13  Земете го брат ви, па станете и вратете се кај тој човек! 14  А Семоќниот Бог нека го поттикне тој човек да ви се смилува+ и да ги пушти вашиот друг брат и Венијамин. А јас, ако мора да останам без деца, нека останам!“+ 15  Така тие го зедоа тој дар, понесоа двапати повеќе пари и го поведоа Венијамин. Потоа станаа, отидоа во Египет и застанаа пред Јосиф.+ 16  Кога го виде Венијамин со нив, Јосиф веднаш му рече на управителот на својот дом: „Одведи ги луѓено во куќата, заколи некое добиче и зготви јадење,+ зашто овие луѓе ќе јадат со мене напладне!“ 17  Човекот веднаш направи како што му рече Јосиф,+ и ги одведе во Јосифовиот дом. 18  А тие се уплашија затоа што тој ги водеше во Јосифовиот дом,+ па рекоа: „Поради парите што првиот пат ни беа вратени во вреќите нѐ водат ваму за да ни се нафрлат и да нѐ нападнат, па да нѐ заробат и да ни ги одземат магарињата!“+ 19  Затоа му пристапија на управителот на Јосифовиот дом, па зборуваа со него на влезот од куќата: 20   „Прости, господару! Ние и еднаш порано доаѓавме да купиме храна.+ 21  Но кога дојдовме во преноќевалиштето+ и ги отворивме вреќите, секој од нас си ги најде парите одозгора во својата вреќа, нашите пари во полна тежина. Затоа сакаме да ги вратиме со свои раце.+ 22  А донесовме со себе уште пари да купиме храна. Не знаеме кој ни ги ставил парите во вреќите“.+ 23  Тогаш тој им рече: „Сѐ е во ред. Не плашете се!+ Вашиот Бог и Богот на вашиот татко ви го ставил богатството во вреќите.+ Вашите пари најпрвин стигнаа кај мене“. Потоа им го изведе Симеон.+ 24  Тогаш човекот ги внесе во Јосифовиот дом, донесе вода за да си ги измијат нозете+ и ги нахрани нивните магариња.+ 25  А тие го подготвија дарот+ за Јосифовото доаѓање напладне, зашто чуја дека таму ќе јадат.+ 26  Кога Јосиф дојде дома, му го врачија дарот што го донесоа со себе во куќата и паднаа ничкум пред него.+ 27  Потоа тој ги праша дали се добро и рече:+ „Дали е добар вашиот стар татко за кого зборувавте? Жив ли е уште?“+ 28  Тие одговорија: „Твојот слуга, нашиот татко, е добар. Уште е жив“. Потоа се поклонија и паднаа ничкум.+ 29  Кога ги крена очите и го виде својот брат Венијамин, синот на мајка си,+ рече: „Ова ли е вашиот најмлад брат за кого ми зборувавте?“+ Па додаде: „Бог нека ти е милостив,+ синко“. 30  Тогаш Јосиф побрза надвор, зашто беше длабоко трогнат поради својот брат.+ Затоа побара место каде што ќе може да плаче, па влезе во една одаја каде што можеше да биде сам и таму се исплака.+ 31  Потоа се изми лице, излезе и, совладувајќи се, рече:+ „Послужете го јадењето!“+ 32  И му принесоа посебно нему, посебно ним, а посебно на Египќаните што јадеа со него, бидејќи Египќаните не можеа да јадат со Евреите, зашто на Египќаните тоа им е одвратно.+ 33  Ги седнаа пред него, од првородениот, според неговото право на првородство,+ до најмладиот, според неговата младост. Тие само се гледаа зачудено. 34  А тој наредуваше да им носат ним од јадењето што беше пред него, а на Венијамин му даваше оброк пет пати поголем од оброкот на сите останати.+ Така пиеја и се гостеа со него додека не им беше доста.+

Фусноти