1. Самоилова 27:1-12
27 Но Давид си рече во срцето: „Еден ден сепак ќе загинам од раката на Саул. За мене е најдобро да побегнам+ во филистејската земја.+ Тогаш Саул ќе престане да ме бара по сите израелски краишта+ и јас ќе се избавам од неговата рака“.
2 Така Давид стана со шестотините луѓе+ што беа со него, па премина кај Ахис,+ синот на Маох, царот на Гат.
3 И Давид живееше кај Ахис во Гат, тој и неговите луѓе, секој со своето семејство,+ а Давид со своите две жени — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил.
4 По некое време му јавија на Саул дека Давид побегна во Гат, и тој престана да го бара.+
5 А Давид му рече на Ахис: „Ако сум нашол сега милост во твои очи, нека ми биде отстапен еден град во земјата за да се населам во него. Зошто да живее твојот слуга кај тебе во царскиот град?“
6 И Ахис во тој ден му го даде Сиклаг.+ Затоа Сиклаг им припаѓа на царевите на Јуда до денешен ден.
7 Давид остана во филистејската земја една година и четири месеци.+
8 И Давид одеше со своите луѓе во воени походи против Гесурците,+ Герзејците и против Амаличаните,+ зашто тие живееја на подрачјето од Телам+ до Сур,+ и до египетската земја.
9 Давид ја пустошеше земјата и не оставаше жив ни маж ни жена.+ Ги одземаше ситната и крупната стока, магарињата, камилите и облеката. Потоа ќе се вратеше и ќе појдеше кај Ахис.
10 И Ахис ќе го прашаше: „Каде бевте во поход денес?“ А Давид ќе му одговореше:+ „На југот од Јуда,+ на југот од земјата на синовите на Јерамеил+ и на југот од земјата на Кенејците“.+
11 Давид не оставаше жив ни маж ни жена, за да не мора да ги доведе во Гат, зашто мислеше: „Би можеле да нѐ издадат, велејќи: ‚Давид правеше така‘ “.+ И тоа го правеше за сето време додека живееше во филистејската земја.
12 А Ахис му веруваше+ на Давид и си велеше во себе: „Навистина му станал омразен на својот народ Израел.+ Затоа ќе ми биде слуга довека“.