1. Царевите 19:1-21
19 Ахав+ ѝ раскажа на Језавела+ сѐ што направи Илија и како ги погуби со меч сите пророци.+
2 Тогаш Језавела испрати гласник кај Илија и му порача: „Боговите нека ми направат така,+ и кон тоа уште нека ми додадат,+ ако утре во ова време не го направам со твојата душа истото што ти си го направил со душата на секој од нив!“
3 И тој се исплаши, па стана и побегна за да си ја спаси душата.+ Кога дојде во Вирсавеја,+ која е во Јуда,+ го остави таму својот слуга,
4 а самиот отиде на ден одење во пустината и, откако дојде таму, седна под едно дрво.+ Тогаш почна да се моли да умре:* „Доста ми е! Јехова, земи ја сега мојата душа,+ зашто не сум подобар од своите прататковци“.
5 Потоа легна и заспа под тоа дрво.+ Но, гледај, ангел+ го допре+ и му рече: „Стани и јади“.
6 Тој погледна, и ете, до главата имаше погача+ врз вжарени камења и стомна со вода. Така јадеше и пиеше, па пак легна.
7 А Јеховиниот ангел+ дојде по вторпат, го допре и рече: „Стани и јади, зашто патот е претежок за тебе“.+
8 Така стана, јадеше и пиеше, па, закрепнат од таа храна, одеше четириесет дена+ и четириесет ноќи дури до планината на вистинскиот Бог, до Хорив.+
9 Таму влезе во една пештера+ за да преноќева во неа. И гледај, му дојде Јеховината реч: „Што правиш овде, Илија?“+
10 А тој одговори: „Ревнував+ за* Јехова, Богот над војските, зашто Израеловите синови го оставија твојот сојуз,+ ги разурнаа твоите жртвеници+ и со меч ги убија твоите пророци.+ Останав само јас,+ а сега сакаат и мене да ми ја земат душата“.+
11 Но гласот му рече: „Излези и застани на планината пред Јехова“.+ И гледај, Јехова поминуваше,+ а голем и силен ветар расцепуваше планини и кршеше карпи пред Јехова.+ Но Јехова не беше во ветрот. По ветрот дојде земјотрес.+ Но Јехова не беше во земјотресот.
12 По земјотресот дојде оган.+ Но Јехова не беше во огнот. А по огнот дојде глас, тивок и благ.+
13 Кога го чу, Илија си го покри лицето со наметката,+ па излезе и застана на влезот од пештерата. И гледај, гласот што му дојде му рече: „Што правиш овде, Илија?“+
14 А тој одговори: „Ревнував за* Јехова, Богот над војските, зашто Израеловите синови го оставија твојот сојуз,+ ги разурнаа твоите жртвеници, а твоите пророци ги убија со меч. Останав само јас, а сега сакаат да ја земат и мојата душа“.+
15 Тогаш Јехова му рече: „Оди, врати се по својот пат во дамаската+ пустина и, кога ќе дојдеш таму, помажи+ го Азаил+ за цар на Сирија.
16 Јуј,+ внукот на Нимси,+ помажи го за цар на Израел, а Елисеј,+ синот на Сафат од Авел-Мехол,+ помажи го да биде пророк наместо тебе.+
17 Оној што ќе побегне од мечот на Азаил,+ него ќе го погуби Јуј,+ а оној што ќе побегне од мечот на Јуј, него ќе го погуби Елисеј.+
18 Во Израел оставив седум илјади луѓе,+ сите кои не ги свиткаа колената пред Ваал+ и не го бакнаа со својата уста“.+
19 И откако отиде оттаму, го најде Елисеј, синот на Сафат, како ора.+ Пред себе имаше дванаесет јареми, а самиот беше кај дванаесеттиот. Илија му пристапи и ја фрли врз него својата пророчка наметка.+
20 А тој ги остави биковите и потрча по Илија, велејќи: „Те молам, дозволи ми да ги бакнам татко ми и мајка ми,+ па тогаш ќе тргнам по тебе“. А тој му одговори: „Оди, врати се, зар те спречувам?“
21 Тој се врати откај него, па зеде еден јарем бикови и ги жртвуваше,+ а на дрвата од плуговите и од јаремите,+ во кои беа впрегнати биковите, го свари нивното месо и му го даде на народот да јаде. Потоа стана и отиде по Илија, па му стана слуга.+
Фусноти
^ Буквално: „да му умре душата“.
^ Или: „Љубоморно го бранев“.
^ Или: „Љубоморно го бранев“.