2. Летописи 11:1-23

11  Штом стигна во Ерусалим,+ Ровоам ги собра домот на Јуда и Венијаминовото племе,+ сто и осумдесет илјади одбрани луѓе способни за војна,+ за да се борат против Израел и да му го вратат царството на Ровоам.  Тогаш на Семаја,+ Божјиот човек, му дојде Јеховината реч:  „Кажи му на Ровоам, синот на Соломон, царот на Јуда,+ и на сите Израелци во Јуда и во Венијамин:  ‚Вака вели Јехова: „Не одете и не борете се против своите браќа!+ Вратете се секој во својата куќа, зашто тоа дојде од мене“ ‘ “.+ И тие ја послушаа Јеховината реч и се вратија од походот против Јеровоам.+  Ровоам живееше во Ерусалим и почна да ги утврдува градовите во Јуда.  Така ги обнови Витлеем,+ Етам,+ Текоја,+  Вет-Сур,+ Сохо,+ Адолам,+  Гат,+ Мариса,+ Зиф,+  Адораим, Лахис,+ Азика,+ 10  Сора,+ Ајалон+ и Хеврон,+ утврдени градови во Јуда и Венијамин. 11  Кога ги утврди тие градови,+ во нив постави заповедници+ и ги снабди со резерви од храна, масло и вино, 12  и во секој поединечен град стави големи штитови+ и копја.+ Така ги утврди во голема мера. А Јуда и Венијамин останаа под негова власт. 13  Свештениците и левитите, кои живееја по целиот Израел, се преселија кај него од сите свои краишта. 14  Синовите на Леви ги оставија своите пасишта+ и поседи+ и дојдоа во Јуда и Ерусалим,+ зашто Јеровоам+ и неговите синови ги отпуштија+ за да не служат повеќе како Јеховини свештеници. 15  И Јеровоам си постави свештеници за обредните височинки,+ за да ги почитуваат демоните со јарешки лик*+ и телињата што ги направи.+ 16  По синовите на Леви, од сите племиња на Израел доаѓаа во Ерусалим+ оние што со искрено срце го бараа Јехова, Богот на Израел, за да му принесуваат жртви+ на Јехова, Богот на нивните прататковци. 17  Така го засилуваа царството на Јуда+ и три години го поддржуваа Ровоам, синот на Соломон, зашто три години одеа по патот на Давид и Соломон.+ 18  Ровоам ја зеде за жена Маелата, ќерката на Еримот, синот на Давид, и на Авихаила, ќерката на Елијав,+ синот на Јесеј. 19  Таа му ги роди синовите Јеус, Семарија и Зама. 20  По неа ја зеде Мааха,+ внуката на Авесалом.+ Таа му ги роди Авија,+ Атај, Зиза и Селомит. 21  Ровоам ја сакаше Мааха, внуката на Авесалом, повеќе отколку сите свои жени+ и наложници,* а зеде осумнаесет жени и шеесет наложници, па му се родија дваесет и осум сина и шеесет ќерки. 22  И Ровоам го постави Авија, синот на Мааха, за поглавар, за да биде кнез меѓу своите браќа, зашто сакаше да го постави за цар. 23  Се покажа разборит,+ и некои од своите синови ги размести по сите краишта на Јуда и Венијамин,+ во сите утврдени градови,+ и им даде храна во изобилство+ и ги ожени со многу жени.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 3Мо 17:7.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.