2. Летописи 12:1-16

12  Кога Ровоам ја зацврсти својата царска власт и стана силен,+ го напушти Јеховиниот закон,+ а и целиот Израел со него.+  А во петтата година од царувањето на Ровоам,+ египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим, поради тоа што му беа неверни на Јехова,+  со илјада и двесте бојни коли+ и шеесет илјади коњаници, а на народот што дојде со него од Египет — на Либијците,+ Сухејците и Етиопјаните+ — им немаше број.+  Ги освои утврдените градови во Јуда+ и дојде до Ерусалим.+  Тогаш пророкот Семаја+ дојде кај Ровоам и кај кнезовите на Јуда, кои се собраа во Ерусалим поради Сисак, и им рече: „Вака вели Јехова: ‚Вие ме оставивте мене,+ па и јас ве оставам вас+ и ве предавам во рацете на Сисак‘ “.  Тогаш кнезовите на Израел и царот се понизија+ и рекоа: „Јехова е праведен“.+  Кога Јехова виде+ дека се понизија, на Семаја+ му дојде Јеховината реч: „Се понизија.+ Нема да ги сотрам, туку наскоро ќе ги избавам, и мојот гнев нема да се излее на Ерусалим преку Сисак.+  Но ќе му бидат слуги+ за да видат што значи да ми се служи мене,+ а што на земните царства“.+  Така египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим и го зеде богатството од Јеховиниот дом+ и богатството од царскиот дворец,+ зеде сѐ. Ги зеде и златните штитови што ги беше направил Соломон.+ 10  Наместо нив, цар Ровоам направи бакарни штитови и им ги довери на заповедниците на телесната стража,*+ која стражареше на влезот во царскиот дворец, за да ги чуваат.+ 11  Секогаш кога царот одеше во Јеховиниот дом, телесните стражари доаѓаа и ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата на телесната стража.+ 12  Затоа што се понизи, гневот на Јехова се одврати од него+ и не сакаше да ги сотре.+ А во народот на Јуда се најде и нешто добро.+ 13  Цар Ровоам ја зацврстуваше својата власт во Ерусалим и продолжи да владее. Ровоам+ имаше четириесет и една година кога почна да владее и владееше седумнаесет години во Ерусалим, градот+ што Јехова го избра меѓу сите Израелови племиња за да престојува таму неговото име.+ Мајка му се викаше Наама+ и беше Амонка.+ 14  Но правеше зло,+ зашто во своето срце не реши цврсто да го бара Јехова.+ 15  Историјата на Ровоам, од почетокот до крајот,+ зарем не е наведена како родословен запис во записите на пророкот Семаја+ и на јасновидецот Идо?+ А за сето време се водеше војна меѓу Ровоам+ и Јеровоам.+ 16  На крајот Ровоам почина кај своите прататковци+ и беше погребан во Давидовиот град.+ Наместо него почна да владее неговиот син Авија.*+

Фусноти

Или: „гласниците“. Буквално: „тркачите“.
Во 1Ца 14:31; 1Ца 15:1, 7, 8 „Авијам“.