2. Летописи 13:1-22
13 Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам, Авија стана цар на Јуда.+
2 Владееше во Ерусалим три години. Мајка му се викаше Михаија*+ и беше ќерка на Урил од Гаваја.+ Меѓу Авија и Јеровоам изби војна.+
3 Авија излезе во битка со војска од четиристотини илјади избрани воини.+ Јеровоам се построи во борбени редови против него со осумстотини илјади избрани луѓе, храбри јунаци.+
4 Авија застана на врвот од Семараимската Гора, која е во ефремските планини,+ па рече: „Чујте ме, Јеровоаме и цел Израелу!
5 Не знаете ли дека Јехова, Богот на Израел, му го предаде на Давид+ царството над Израел за навек,+ нему и на неговите синови,+ на темел на засолениот сојуз?+
6 А Јеровоам,+ синот на Нават, слуга+ на Давидовиот син Соломон, стана и се побуни+ против својот господар.+
7 Околу него се собраа безделни+ и никакви луѓе,+ кои го надвија Ровоам, синот на Соломон, зашто Ровоам+ беше млад и имаше страшливо срце,+ па не можеше да им се спротивстави.
8 И вие сега мислите дека ќе му се спротивставите на Јеховиното царство, кое е во рацете на синовите на Давид,+ зашто сте многубројни+ и ги имате со себе златните телиња, кои ги направи Јеровоам за да ви бидат богови.+
9 Зарем не ги избркавте Јеховините свештеници,+ синови на Арон, и левитите, па си поставивте свештеници како народите од другите земји?*+ Секој што ќе дојде и ќе се овласти самиот себе да служи* како свештеник, принесувајќи јунец и седум овни, ќе стане свештеник на оние што не се богови.+
10 Но ние не го оставивме нашиот Бог+ Јехова, а свештениците што му служат на Јехова се синови на Арон, а и левитите ја вршат својата работа.+
11 Тие секое утро и секоја вечер ги горат за Јехова жртвите паленици,+ а исто така и мирисливиот темјан.+ Ставаат лебови на масата од чисто злато+ и секоја вечер+ го палат златниот светилник со неговите светилки,+ зашто ние го правиме она што Јехова, нашиот Бог, го бара од нас,+ а вие го оставивте.+
12 Еве, нам ни се на чело вистинскиот Бог+ и неговите свештеници+ со трубите+ за да го разгласат повикот за бој против вас. Синови на Израел, не борете се против Јехова, Богот на вашите прататковци,+ зашто ќе немате успех!“+
13 Но Јеровоам испрати луѓе за да им дојдат од зад грб и да постават заседа, така што на синовите на Јуда отспреди им беше војската, а одзади заседата.+
14 Кога синовите на Јуда се свртија, гледај, требаше да се борат и отспреди и одзади.+ Тогаш повикаа кон Јехова,+ а свештениците гласно затрубија во трубите.
15 И синовите на Јуда почнаа да викаат со воена викотница.+ А кога синовите на Јуда се огласија со силна воена викотница, вистинскиот Бог ги порази+ Јеровоам и целиот Израел пред Авија+ и Јуда.
16 И синовите на Израел се разбегаа пред синовите на Јуда, и Бог ги предаде во нивни раце.+
17 Авија и неговите луѓе им нанесоа голем пораз, па од Израел паднаа убиени петстотини илјади избрани луѓе.
18 Така синовите на Израел тогаш беа понижени, а синовите на Јуда беа посилни зашто се потпреа на Јехова,+ Богот на своите прататковци.
19 Авија тргна во потера по Јеровоам и му ги одзеде градовите: Ветил+ со околните градови, Јесан со околните градови и Ефрон со околните градови.+
20 Јеровоам повеќе не закрепна+ додека беше жив Авија. И Јехова го удри,+ па умре.
21 А Авија стануваше сѐ помоќен.+ Зеде четиринаесет жени+ и му се родија дваесет и два сина+ и шеснаесет ќерки.
22 Останатата историја на Авија, неговите дела и неговите зборови, сето тоа е запишано во толкувањето на пророкот Идо.+
Фусноти
^ „Народите од (...) земји“ — множина од хебрејскиот израз ам хаарец.