3. Мојсеева 16:1-34

16  По смртта на двајцата синови на Арон, кои загинаа бидејќи недостојно му пристапија на Јехова,+ Јехова му се обрати на Мојсеј.  И Јехова му рече на Мојсеј: „Кажи му на брат ти Арон да не влегува во секое време во светото место+ зад завесата,+ пред поклопецот што е на ковчегот, за да не загине.+ Зашто, јас ќе се појавувам во облакот+ над поклопецот.+  Арон нека влегува на светото место+ со следново: со јунец како жртва за грев+ и со овен како жртва паленица.+  Нека ја облече долгата света ленена кошула,+ на телото нека облече ленени гаќи,+ нека се опаше со ленен појас+ и околу главата нека намота ленен турбан.+ Тоа е света одежда.+ Нека си го искапе телото во вода,+ па потоа нека ја облече таа одежда.  Од заедницата на синовите на Израел+ нека земе два млади јарца како жртва за грев+ и еден овен како жртва паленица.+  И Арон нека го принесе јунецот што е одреден за него како жртва за грев,+ и нека го изврши обредот на очистување+ за себе+ и за својот дом.+  Потоа нека ги земе двата јарца и нека ги постави пред Јехова на влезот од шаторот на средбата.  Арон нека фрли ждрепка+ за тие два јарца, едната ждрепка за Јехова, а другата за Азазел.*+  И Арон нека го принесе јарецот на којшто паднала ждрепката+ за Јехова, нека го принесе како жртва за грев.+ 10  А јарецот на којшто паднала ждрепката за Азазел нека го постави жив пред Јехова за да го изврши за него обредот на очистување и потоа да го испрати+ за Азазел во пустината.+ 11  И Арон нека го принесе јунецот што е одреден за него како жртва за грев, и нека го изврши обредот на очистување за себе и за својот дом. Па нека го заколе јунецот што е одреден за него како жртва за грев.+ 12  Потоа нека ја земе кадилницата+ полна со вжарени јаглења од огнот на жртвеникот+ што е пред Јехова, и еден полн грст+ фин мирислив темјан+ и нека ги внесе зад завесата.+ 13  Нека го стави темјанот на огнот пред Јехова+ за чадот од темјанот да го покрие поклопецот од ковчегот+ што е на Сведоштвото,+ за да не загине. 14  Потоа нека земе од крвта+ на јунецот и со крвта од прстот нека попрска пред поклопецот на источната страна, со крвта од прстот нека попрска+ пред поклопецот седум пати.+ 15  Нека го заколе јарецот одреден за жртва за грев на народот,+ и нека ја внесе неговата крв зад завесата,+ па нека го направи со неговата крв+ она што го направи со крвта на јунецот. Нека попрска со неа накај поклопецот и пред поклопецот. 16  И нека го изврши обредот на очистување за светото место поради нечистотиите+ на синовите на Израел, поради престапите* што ги направиле во сите свои гревови.+ Така нека направи за шаторот на средбата што се наоѓа меѓу нив, среде нивните нечистотии. 17  Никој друг не смее да биде во шаторот на средбата од оној момент кога тој ќе влезе да го изврши обредот на очистување на светото место додека не излезе. И нека го изврши обредот на очистување за себе,+ за својот дом и за целата израелска заедница.+ 18  Потоа нека излезе кај жртвеникот+ што е пред Јехова и за него нека го изврши обредот на очистување. Нека земе од крвта на јунецот и од крвта на јарецот и нека стави од неа на роговите од сите страни на жртвеникот.+ 19  И со крвта од прстот нека го попрска+ жртвеникот седум пати и така нека го очисти и освети од нечистотиите на синовите на Израел. 20  Кога ќе го заврши обредот на очистување+ за светото место, за шаторот на средбата и за жртвеникот, нека го доведе и живиот јарец.+ 21  И Арон нека ги положи обете раце+ врз главата на живиот јарец и нека ја признае+ над него сета вина+ на синовите на Израел и сите престапи што ги направиле во сите свои гревови.+ Нека му ги стави врз главата на јарецот+ и нека го испрати во пустината+ со раката на човек кој е спремен да го одведе.+ 22  Така јарецот ќе ја однесе на себе во пуст предел+ целата нивна вина.+ Нека го испрати јарецот во пустината.+ 23  А Арон нека влезе во шаторот на средбата и нека ја слече ленената одежда што ја облекол кога влегол на светото место, и таму нека ја остави.+ 24  Потоа нека го искапе телото во вода+ на свето место,+ нека ја облече својата одежда,+ па нека излезе и нека ги принесе својата жртва паленица+ и жртвата паленица одредена за народот+ и нека го изврши обредот на очистување за себе и за народот.+ 25  Лојот од жртвата за грев нека го изгори на жртвеникот.+ 26  А оној+ што го одвел јарецот за Азазел+ нека си ја испере облеката и нека си го измие телото со вода,+ па потоа може да влезе во логорот. 27  Потоа нека заповеда да ги однесат надвор од логорот јунецот за жртвата за грев и јарецот за жртвата за грев, чијашто крв била внесена за да се изврши обредот на очистување на светото место. И нека ги изгорат во оган нивните кожи, месото и лепешките.+ 28  Оној што ќе ги гори, нека си ја испере облеката и нека си го измие телото со вода, па потоа може да влезе во логорот. 29  Ова нека ви биде трајна одредба:+ во седмиот месец,* на десеттиот ден од тој месец,+ жалостете ги своите души*+ и не вршете никаква работа,+ ниту родениот Израелец ниту дојденецот што живее меѓу вас. 30  Зашто, во тој ден за вас ќе се изврши обред на очистување+ за да бидете прогласени за чисти. Ќе бидете чисти пред Јехова од сите ваши гревови.+ 31  Тоа нека ви биде ден за одмор,*+ за потполн одмор, и во тој ден жалостете ги вашите души. Тоа е трајна одредба. 32  Свештеникот што ќе биде помазан+ и овластен* да служи како свештеник+ кој го наследил+ својот татко, нека изврши обред на очистување и нека ја облече ленената одежда.+ Тоа е света одежда.+ 33  И нека изврши обред на очистување за светото светилиште,+ а и за шаторот+ на средбата и за жртвеникот+ нека изврши обред на очистување; нека изврши обред на очистување за свештениците и за целиот народ во заедницата.+ 34  Тоа нека ви биде трајна одредба,+ за еднаш годишно да се изврши обред на очистување за синовите на Израел поради сите нивни гревови“.+ И тој направи така како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

Фусноти

Не е познато точното значење на изразот „за Азазел“. Изразот се користи во текстот во врска со јарецот што го испратиле во пустината. Спореди со 3Мо 16:10, 26.
Или: „бунтовите; бунтовничките престапи“.
Види го додатокот 14.
Со пост и со слични изрази на каење.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „и чија рака е наполнета“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.