3. Мојсеева 24:1-23

24  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Заповедај им на синовите на Израел да ти донесат чисто масло од толчени маслинки за осветлувањето,+ за да се пали светилникот непрестајно.+  Надвор од завесата на Сведоштвото во шаторот на средбата, Арон нека го одржува непрестајно за да гори пред Јехова од вечер до утро. Тоа е трајна одредба за вашите идни поколенија.  Светилките+ на светилникот+ од чисто злато нека ги одржува непрестајно пред Јехова.+  Земи фино брашно и од него испечи дванаесет прстенести лебови. Во секој леб нека има по две десеттини ефа.  Потоа нареди ги еден врз друг во два реда, по шест во еден ред,+ на масата од чисто злато пред Јехова.+  На секој ред стави чист темјан, и тој нека служи како леб за потсетување,+ како жртва палена за Јехова.  Нека го реди пред Јехова на секој ден за одмор.*+ Тоа е траен сојуз со синовите на Израел.  Нека им припадне на Арон и на неговите синови,+ и нека го јадат на свето место,+ бидејќи тоа е нешто најсвето што му припаѓа на свештеникот од жртвите палени за Јехова. Тоа нека биде трајна уредба“. 10  А синот на една Израелка, чиј татко беше Египќанец,+ излезе меѓу синовите на Израел, па тој — синот на Израелката — се степа+ во логорот со еден Израелец. 11  Тогаш синот на Израелката почна да хули на Божјето име+ и да го колне.+ Затоа го одведоа кај Мојсеј.+ А мајката се викаше Селомит, беше ќерка на Даврин од племето на Дан. 12  И го ставија под стража+ додека не им се каже јасно што да прават со него според Јеховината реч.+ 13  А Јехова му рече на Мојсеј: 14  „Оној што колнел изведи го надвор од логорот.+ И сите оние што го чуле нека положат рака+ врз неговата глава и целата заедница нека го каменува.+ 15  А ти кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој го проколне својот Бог, мора да одговара за својот грев. 16  Оној што ќе похули на Јеховиното име, да биде погубен.+ Целата заедница нека го затрупа со камења. Сеедно дали е дојденец или роден Израелец, ако похули на Божјето име, да биде погубен.+ 17  Ако некој удри друг човек,* па тој умре, да биде погубен.+ 18  Кој ќе удри домашно животно,* па тоа пцовиса, нека даде надоместок за него — душа за душа.+ 19  Ако некој го повреди својот ближен, да му биде направено она што тој му го направил нему.+ 20  Скршеница за скршеница, око за око, заб за заб — истата повреда каква што тој му ја нанел на другиот да му се нанесе и нему.+ 21  Кој ќе удри животно, па тоа пцовиса,+ нека даде надоместок+ за него, но ако некој му нанесе смртен удар на човек, да биде погубен.+ 22  Еден закон да важи за вас. Истото нека важи за дојденецот како и за родениот Израелец,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.+ 23  Потоа Мојсеј им го пренесе ова на синовите на Израел, и тие го изведоа од логорот оној што колнеше, па го затрупаа со камења.+ И така синовите на Израел направија онака како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

Фусноти

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „човечка душа“.
Буквално: „душа на домашно животно“.