4. Мојсеева 17:1-13
17 И Јехова му рече на Мојсеј:
2 „Кажи им на синовите на Израел и земи од нив по еден стап+ за секое племе од сите нивни поглавари,+ според домовите на нивните татковци — дванаесет стапови. Името на секого напиши го на неговиот стап.
3 Името на Арон напиши го на Левиевиот стап, зашто има по еден стап за секој поглавар на племе.
4 И положи ги во шаторот на средбата пред Сведоштвото,+ каде што се среќавам со вас.+
5 И стапот на оној што ќе го изберам+ ќе расцвета и така ќе го стивнам мрморењето+ на синовите на Израел против вас“.+
6 Кога Мојсеј им го рече тоа на синовите на Израел, сите нивни поглавари му дадоа по еден стап за секој поглавар, според нивните племиња, по еден стап за секој поглавар — дванаесет стапови.+ Меѓу нивните стапови беше и Ароновиот стап.+
7 И Мојсеј ги положи стаповите пред Јехова во шаторот на Сведоштвото.+
8 Утредента Мојсеј влезе во шаторот на Сведоштвото, и гледај, Ароновиот стап за домот на Леви расцветал! Пуштил пупки, расцветале цветови и на него се родиле зрели бадеми.
9 Тогаш сите стапови што беа пред Јехова Мојсеј ги изнесе пред сите синови на Израел, а тие почнаа да ги гледаат и секој си го зеде својот стап.
10 И Јехова му рече на Мојсеј: „Врати го Ароновиот стап+ пред Сведоштвото да се чува како знак+ за бунтовните синови,+ да престане нивното мрморење против мене и да не загинат“.
11 Мојсеј веднаш направи така како што му заповеда Јехова. Токму така направи.
12 А синовите на Израел му рекоа на Мојсеј: „Ќе изумреме! Ќе изгинеме, сите ќе изгинеме!+
13 Секој што ќе дојде и ќе се доближи+ до Јеховиниот шатор, ќе загине!+ Мораме ли сите така да завршиме и да изумреме?“+