4. Мојсеева 18:1-32

18  Тогаш Јехова му рече на Арон: „Ти и твоите синови и домот на твојот татко со тебе ќе одговарате за престапите направени против светилиштето;+ ти и твоите синови со тебе ќе одговарате за престапите направени против вашата свештеничка служба.+  Доведи ги со себе и своите браќа од племето на Леви, од домот на својот татко, да ти се придружат и да ти служат тебе+ и на твоите синови со тебе, пред шаторот на Сведоштвото.+  И нека го прават она што се должни да го прават за тебе и нека водат грижа за целиот шатор.+ Само да не му приоѓаат на приборот на светото место, ниту на жртвеникот, за да не загинете+ и вие и тие.  Нека ти се придружат и нека водат грижа за шаторот на средбата и за сета служба во шаторот. Никој од обичниот народ да не ви приоѓа.+  А вие водете грижа за светото место+ и за жртвеникот,+ за повеќе да не се излева гнев+ врз синовите на Израел.  Еве, јас ги зедов вашите браќа, левитите, од синовите на Израел+ како дар за вас,+ како оние што му се дарувани на Јехова за да ја извршуваат службата во шаторот на средбата.+  Ти и твоите синови со тебе вршете ја својата свештеничка служба, сета работа околу жртвеникот и околу она што е зад завесата.+ Така извршувајте ја својата служба.+ Вашето свештенство е служба што ја давам како дар, и ако пристапи некој од обичниот народ, да биде погубен“.+  Јехова уште му рече на Арон: „Еве, ти ги доверувам прилозите што ми ги донесуваат мене.+ Сите свети работи од синовите на Израел ти ги давам тебе и на твоите синови како наследство, како твој дел за навек.+  Од најсветите работи, од палените жртви, твое нека биде следново: секоја нивна жртва, секоја житна жртва,+ секоја жртва за грев+ и секоја жртва за вина+ што ќе ми ја донесат мене. Тоа нека биде нешто најсвето што ти припаѓа тебе и на твоите синови. 10  Јади ги на свето место.+ Секое машко треба да ги јаде.+ Нека ти бидат свети.+ 11  Твое нека биде следново: прилогот+ од нивниот дар заедно со сите нишани жртви+ што ги принесуваат синовите на Израел. Тоа ти го давам тебе и на твоите синови и на твоите ќерки со тебе+ како твој дел за навек. Секој што е чист во твојот дом може да го јаде тоа.+ 12  Сѐ што е најдобро од маслото и од младото вино и од житото — првините+ што ќе му ги даваат на Јехова — ти го давам тебе.+ 13  Првините од сиот род на нивната земја, кои ќе му ги донесуваат на Јехова, нека бидат твои.+ Секој што е чист во твојот дом може да ги јаде. 14  Секој предмет во Израел одреден за света цел* нека биде твој.+ 15  Сѐ што е првородено,+ од сите видови суштества што ќе му ги принесуваат на Јехова, и од луѓето и од животните, нека биде твое. Но првородениот од луѓето откупи го;+ откупи го и првороденото од нечистото животно.+ 16  Оние на возраст од еден месец нагоре откупи ги по откупната цена, според проценетата вредност: пет сикли сребро, според светиот сикел.+ Тоа се дваесет гери.+ 17  Само првородениот јунец, машкото јагне или јаре немој да го откупуваш.+ Тие се нешто свето. Со нивната крв+ попрскај го жртвеникот и изгори го нивниот лој како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ 18  Нивното месо нека ти припадне тебе. Како и градите на нишаната жртва и десниот бут, тоа нека ти припадне тебе.+ 19  Сите свети прилози,+ кои синовите на Израел ќе му ги донесуваат на Јехова, ти ги давам тебе и на твоите синови и ќерки, како твој дел за навек.+ Тоа е сојуз посолен, траен пред Јехова за тебе и за твоето потомство со тебе“.+ 20  Јехова понатаму му рече на Арон: „Во нивната земја ќе немаш наследство, и нема да добиеш свој дел меѓу нив.+ Јас сум твојот дел и твоето наследство меѓу синовите на Израел.+ 21  А на синовите на Леви, еве, им ја давам во наследство секоја десеттина+ во Израел за службата што ја извршуваат, службата во шаторот на средбата. 22  Синовите на Израел повеќе да не му приоѓаат на шаторот на средбата за да не си навлечат грев и да не загинат.+ 23  Само левитите нека ја извршуваат службата во шаторот на средбата и нека одговараат за нивните престапи.+ Тоа ви е трајна одредба од поколение до поколение: нека немаат наследство меѓу синовите на Израел.+ 24  Десеттината, која синовите на Израел ќе ја донесуваат како прилог за Јехова, јас им ја давам во наследство на левитите. Затоа им реков: ‚Нека немаат наследство меѓу синовите на Израел‘ “.+ 25  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 26  „Кажи им на левитите и речи им: ‚Од синовите на Израел ќе добивате десеттина која од нив ви ја давам вам во наследство,+ а вие потоа од тоа дајте му прилог на Јехова, десеттина од десеттината.+ 27  И тоа ќе се смета за ваш прилог, како житото од гумното+ или како приносот од обилен род од гмечалото за вино или за масло. 28  Така и вие ќе му давате на Јехова прилог од сите свои десеттини што ќе ги добивате од синовите на Израел, а потоа ќе му давате од тоа на свештеникот Арон прилог за Јехова. 29  Од сите дарови што ќе ги добивате, ќе му давате разновидни прилози на Јехова, од сето она што е најдобро,+ како свет дел од даровите‘. 30  Уште речи им: ‚Кога ќе го принесувате најдобриот дел,+ тоа на левитите ќе им се смета како род од гумното и како род од гмечалото за вино или масло. 31  Јадете го тоа на секое место вие и вашиот дом зашто тоа ви е плата за вашата служба во шаторот на средбата.+ 32  Принесувајќи го најдобриот дел, нема да си навлечете грев, ниту ќе ги оскверните светите работи на синовите на Израел и нема да загинете‘ “.+

Фусноти

Или: „што ќе биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.