4. Мојсеева 2:1-34
2 Јехова им рече на Мојсеј и Арон:
2 „Нека се улогорат синовите на Израел, секој во својата триплеменска група,+ под знаците на домовите на своите татковци. Нека се улогорат околу шаторот на средбата, свртени кон него.
3 На исток, кон изгрејсонце, нека биде улогорена триплеменската група од таборот на Јуда, по своите чети. Поглавар на синовите на Јуда е Насон,+ синот на Аминадав.
4 Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шестотини попишани.+
5 До него нека биде улогорено племето на Исахар.+ Поглавар на синовите на Исахар е Нетанел,+ синот на Суар.
6 Неговата војска брои педесет и четири илјади и четиристотини попишани.+
7 Потоа племето на Завулон; поглавар на синовите на Завулон е Елијав,+ синот на Хелон.
8 Неговата војска брои педесет и седум илјади и четиристотини попишани.+
9 Сите попишани во таборот на Јуда се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини, по нивните чети. Тие нека тргнат први.+
10 На југ нека биде триплеменската група на таборот на Рувим,+ по своите чети. Поглавар на синовите на Рувим е Елисур,+ синот на Седиур.
11 Неговата војска брои четириесет и шест илјади и петстотини попишани.+
12 До него нека биде улогорено племето на Симеон. Поглавар на синовите на Симеон е Селумил,+ синот на Сурисадај.
13 Неговата војска брои педесет и девет илјади и триста попишани.+
14 Потоа племето на Гад; поглавар на синовите на Гад е Елисаф,+ синот на Рагуил.*
15 Неговата војска брои четириесет и пет илјади и шестотини и педесет попишани.+
16 Сите попишани во таборот на Рувим се сто педесет и една илјада и четиристотини и педесет, по нивните чети. Тие нека тргнат втори.+
17 Кога треба да тргне шаторот на средбата,+ таборот на Леви+ нека биде среде другите табори.
Како што се улогорени, така нека тргнат,+ секој на своето место и по своите триплеменски групи.
18 На запад нека биде триплеменската група на таборот на Ефрем,+ по своите чети. Поглавар на синовите на Ефрем е Елисама,+ синот на Амиуд.
19 Неговата војска брои четириесет илјади и петстотини попишани.+
20 До него нека биде племето на Манасија.+ Поглавар на синовите на Манасија е Гамалиил,+ синот на Фадасур.
21 Неговата војска брои триесет и две илјади и двесте попишани.+
22 Потоа племето на Венијамин;+ поглавар на синовите на Венијамин е Авидан,+ синот на Гедеони.
23 Неговата војска брои триесет и пет илјади и четиристотини попишани.+
24 Сите попишани во таборот на Ефрем се сто и осум илјади и сто, по нивните чети. Тие нека тргнат трети.+
25 На север нека биде триплеменската група на таборот на Дан, по своите чети. Поглавар на синовите на Дан е Ахиезер,+ синот на Амисадај.
26 Неговата војска брои шеесет и две илјади и седумстотини попишани.+
27 До него нека биде улогорено племето на Асер. Поглавар на синовите на Асер е Фагаил,+ синот на Ехран.
28 Неговата војска брои четирисет и една илјада и петстотини попишани.+
29 Потоа племето на Нефталим;+ поглавар на синовите на Нефталим е Ахиреј,+ синот на Енан.
30 Неговата војска брои педесет и три илјади и четиристотини попишани.+
31 Сите попишани во таборот на Дан се сто педесет и седум илјади и шестотини. Тие нека тргнат последни+ — сите по своите триплеменски групи“.
32 Тоа се синовите на Израел попишани по домовите на нивните татковци. Сите попишани во таборите, по нивните чети, беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.+
33 Но племето на Леви не беше вброено+ во синовите на Израел, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.
34 И синовите на Израел направија сѐ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Така логоруваа според триплеменските групи+ и така се движеа,+ секој во своето семејство според домовите на своите татковци.