4. Мојсеева 36:1-13

36  Тогаш пристапија поглаварите на родови од семејството на синовите на Галад, синот на Махир,+ син на Манасија, од семејството на Јосифовите синови, па рекоа пред Мојсеј и пред кнезовите, племенските поглавари на Израеловите синови:  „Јехова му заповеда на нашиот господар да им ја подели земјата во наследство на Израеловите синови со ждрепка.+ Јехова, исто така, му заповеда на нашиот господар наследството на нашиот брат Салпад да им го даде на неговите ќерки.+  Ако некои од другите племиња на Израеловите синови ги земат за жени, тогаш нивното наследство ќе се одземе од наследството на нашите татковци и ќе се додаде кон наследството на племето во кое се омажиле, и така ќе се одземе од наследството што ни се падна со ждрепка.+  И кога ќе биде прошталната година*+ на Израеловите синови, наследството на тие жени ќе се додаде кон наследството на племето на кое ќе му припаднат. Така нивното наследство ќе биде одземено од наследството што му припаѓа на племето на нашите татковци“.  Тогаш Мојсеј, по наредба на Јехова, им заповеда на синовите на Израел: „Право вели племето на синовите на Јосиф.  Вака им заповеда Јехова на ќерките на Салпад:+ ‚Нека се мажат за кого сакаат, но нека се мажат само во семејство од племето на својот татко.+  Наследството на Израеловите синови да не минува од едно племе на друго, бидејќи синовите на Израел мора да го задржат секој своето наследство што му припаѓа на племето на нивните татковци.  Секоја ќерка што ќе добие наследство во некое од племињата на Израеловите синови, нека се омажи во некое од семејствата од племето на својот татко,+ за секој од синовите на Израел да го задржи во сопственост наследството на своите татковци.  Наследството да не поминува од едно племе на друго, бидејќи племињата на Израеловите синови мораат да го задржат секој своето наследство‘ “. 10  Како што му заповеда Јехова на Мојсеј, така направија ќерките на Салпад.+ 11  Мала, Терса, Огла, Мелха и Нуа, ќерките на Салпад,+ се омажија за синови на своите стриковци. 12  Се омажија во семејствата на синовите на Манасија, синот на Јосиф, и така нивното наследство остана во племето на кое му припаѓаше семејството на нивниот татко. 13  Тоа се заповедите+ и законите што Јехова преку Мојсеј им ги даде на Израеловите синови во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан, спроти Ерихон.+

Фусноти

Или: „јубилејот; јубилејната година“.