Проповедање на добрата вест
Зошто сите што се вистински христијани зборуваат со другите за своите верувања?
Каков пример ни оставил Исус во врска со проповедничкото дело?
-
Библиски извештаи:
-
Лк 4:42-44 — Исус рекол дека бил испратен на Земјата за да проповеда
-
Јвн 4:31-34 — Исус објаснил дека проповедањето на добрата вест му било како храна
-
Дали мажите што имаат некаква одговорност во собранието се единствените што треба да ја проповедаат добрата вест?
Пс 68:11; 148:12, 13; Де 2:17, 18
-
Библиски извештаи:
-
2Ца 5:1-4, 13, 14, 17 — Едно мало израелско девојче ѝ кажало на жената на Нааман за Јеховиниот пророк Елисеј
-
Мт 21:15, 16 — Кога малите деца го славеле Исус, главните свештеници и книжниците се налутиле на нив, но Исус ги исправил
-
Каква улога имаат старешините во поглед на проповедањето на добрата вест и поучувањето на другите?
Како Јехова и Исус ни помагаат да го вршиме проповедничкото дело?
-
Библиски извештаи:
-
Де 16:12, 22-24; 1Со 2:1, 2 — Иако доживеале противење, апостол Павле и неговите соработници сепак продолжиле храбро да проповедаат со Божја помош
-
2Ко 12:7-9 — Апостол Павле, кој бил неуморен проповедник, се измачувал со „трн во телото“, можеби некој здравствен проблем; сепак, Јехова му ја давал потребната сила за да продолжи со проповедничкото дело
-
Кој му го дава на еден христијанин правото да проповеда?
Од каде знаеме дека Јехова сака да обучуваме други да проповедаат и да поучуваат?
-
Библиски извештаи:
-
Иса 50:4, 5 — Пред да дојде на Земјата, Месијата добил обука лично од Јехова
-
Мт 10:5-7 — Додека бил на Земјата, Исус стрпливо ги обучувал своите ученици да го извршуваат проповедничкото дело
-
Како треба да гледаме на задачата да ја проповедаме добрата вест?
Како влијае врз еден христијанин тоа што ја проповеда добрата вест?
За кои работи зборуваме со луѓето додека ја проповедаме добрата вест?
Зошто христијаните ги разоткриваат лажните учења?
-
Библиски извештаи:
-
Мр 12:18-27 — Со помош на светите списи, Исус им докажал на садукеите дека нивното гледиште во врска со воскресението е погрешно
-
Де 17:16, 17, 29, 30 — Апостол Павле со логични аргументи им објаснил на Атињаните дека не е исправно да се обожаваат идоли
-
Како го извршуваме проповедничкото дело?
Зошто проповедаме на јавни места?
Јвн 18:20; Де 16:13; 17:17; 18:4
Види и Из 1:20, 21
Што покажува дека треба да бидеме стрпливи и истрајни додека проповедаме?
Кои добри резултати произлегуваат од тоа што ја проповедаме добрата вест?
Зошто треба да бидеме спремни да дадеме сведоштво во секоја прилика?
-
Библиски извештаи:
-
Јвн 4:6, 7, 13, 14 — Иако бил изморен, Исус ѝ посведочил на една Самарјанка покрај еден бунар
-
Фп 1:12-14 — Дури и кога бил затворен поради својата вера, апостол Павле ги искористил приликите да им даде сведоштво на другите и да ги храбри
-
Дали треба да очекуваме секој да ја прифати нашата порака?
Јвн 10:25, 26; 15:18-20; Де 28:23-28
-
Библиски извештаи:
-
Ере 7:23-26 — Преку Еремија, Јехова опишал како Израелците одново и одново одбивале да ги слушаат пророците што им ги испраќал
-
Мт 13:10-16 — Исус објаснил дека, исто како во времето на Исаија, мнозина ќе слушнат за пораката, но нема да ја прифатат
-
Зошто не нѐ изненадува тоа што многу луѓе се презафатени да слушаат?
Од каде знаеме дека некои ќе слушаат и ќе реагираат позитивно на почеток, но потоа ќе се откажат?
Кои примери ни помагаат да не се изненадиме кога некој директно ни се противи поради тоа што ја проповедаме добрата вест?
Како реагираме кога луѓето се обидуваат да нѐ спречат да проповедаме?
Зошто може да бидеме сигурни дека некои ќе реагираат позитивно на добрата вест?
Каква одговорност пред Бог имаат оние што ја проповедаат добрата вест?
Зошто треба да им проповедаме на сите луѓе без оглед на нивната религија, раса или националност?
Мт 24:14; Де 10:34, 35; От 14:6
Види и Пс 49:1, 2
Дали во одредени денови од седмицата не е прикладно да проповедаме?
Кои примери покажуваат дека треба да им проповедаме на сите, дури и на оние што имаат Библија и своја религија?