5. ПРАШАЊЕ
Која е пораката од Библијата?
„Ќе ставам непријателство помеѓу тебе и жената, и помеѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата.“
„Преку твоето потомство ќе се благословат сите народи на земјата затоа што го послуша мојот глас.“
„Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата.“
„Бог, кој дава мир, наскоро ќе го сотре Сатана под вашите нозе.“
„Кога ќе му биде подложено сѐ, тогаш и самиот Син ќе му се подложи на оној што му подложил сѐ, за Бог да им биде сѐ на сите.“
„Ветувањата им беа дадени на Авраам и на неговиот потомок... кој е Христос. А ако сте Христови, тогаш сте потомство на Авраам.“
„Царската власт над светот сега му припаѓа на нашиот Господар и на неговиот Христос, и тој ќе царува во сета вечност.“
„И беше исфрлен големиот змеј, празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој го заведува целиот свет. Беше исфрлен на земјата, а со него беа исфрлени и неговите ангели.“
„Го фати змејот, празмијата, кој е Ѓавол и Сатана, и го врза за илјада години.“