Грчкото и римското влијание врз Евреите
Грчкото и римското влијание врз Евреите
ГРЧКОТО Царство започнало да се шири од планините на Македонија. Таму Александар, кога имал нешто повеќе од 20 години, почнал да размислува како да ги освои источните краишта. Во 334 година пр.н.е., тој ја повел својата војска преку Хелеспонт (Дарданели), кој ја одвојува Европа од Азија. Под водството на Александар, Грците, како силен „леопард“, започнале со цела низа брзи победи (Да 7:6). Александар ги надвладеал Персијците во близина на Троја, во долината на реката Граник, а потоа ги поразил во решавачката битка кај Ис.
Грците ги нападнале Сирија и Феникија, и го зазеле Тир по седуммесечна опсада (Езе 26:4, 12). Иако го поштедил Ерусалим, Александар ја освоил Газа (Зх 9:5). Кога стигнал во Египет, ја основал Александрија, која станала центар на трговијата и ученоста. Враќајќи се повторно низ Ветената земја, уште еднаш ги поразил Персијците, и тоа кај Гаугамела, во близина на урнатините на Ниневија.
Александар потоа тргнал на југ за да ги освои персиските административни центри Вавилон, Суза (Суса) и Персеполис. Потоа брзо напредувал низ персиската територија и стигнал до реката Инд во денешен Пакистан. За само осум години, Александар го освоил поголемиот дел на тогаш познатиот свет. Но, во 323 година пр.н.е., кога имал 32 години, умрел Да 8:8).
од маларија во Вавилон (Хеленистичкото влијание во Ветената земја било многу силно. Некои поранешни војници на Александар се населиле на тоа подрачје. Во првиот век таму постоел сојуз на градови, наречени Декаполис, во кои се зборувало грчки (Мт 4:25; Мр 7:31). Хебрејските списи веќе биле достапни на грчки јазик. Коине (или поточно кини, говорен грчки) бил меѓународен јазик, кој овозможил да се шири христијанското учење.
Римското Царство
Што се случувало на запад? Рим, кој првобитно го сочинувала една група села на реката Тибар, добивал се поголема важност. На крајот, делотворната римска воена машинерија и централизираната политичка моќ довеле до тоа Римското Царство да ги прегази подрачјата што биле под власта на четирите генерали на Александар. До 30 година пр.н.е., Римското Царство, без сомнение, ја имало власта во своите раце, и така за првпат се покажало како „страшен ѕвер“, кој Даниел го видел во видение (Да 7:7).
Римското Царство се протегало од Британија до северна Африка, и од Атлантскиот Океан до Персискиот Залив. Поради тоа што царството се простирало околу Средоземното Море, Римјаните го нарекувале Маре Нострум (Наше Море).
И Рим извршил влијание врз Евреите, чија земја била дел од Римското Царство (Мт 8:5-13; Де 10:1, 2). Исус се крстил и умрел за време на владеењето на императорот Тибериј. Некои римски владетели свирепо ги прогонувале христијаните, но не можеле да го потиснат обожавањето на вистинскиот Бог. По 13 века, ова царство се распаднало под налетот на германските племиња од север и на номадите од исток.
[Карта на страница 26]
(Види во публикацијата)
Грчко Царство
По Александар, четири негови генерали владееле со огромното царство
▪ Касандар
▫ Лисимах
○ Птолемеј I
• Селеук I
А2 ▪ ГРЦИЈА
А2 ▪ Атина
А2 ▪ АХАЈА
А3 ○ Киринија
А3 ○ ЛИБИЈА
Б2 ▫ Византија
Б3 ○ КИПАР
Б4 ○ Но-Амон (Теба)
В3 Палмира (Тадмор)
В3 ○ Гераса
В3 ○ Филаделфија
В3 ○ Ерусалим
В5 ○ Сиена
Е2 • Александрија Маргијана
Движењето на Александар
А2 ▪ МАКЕДОНИЈА
А2 ▪ Пела
А2 ▫ ТРАКИЈА
Б2 ▫ Троја
Б2 ▫ Сард
Б2 ▫ Ефес
Б2 ▫ Гордиј
В2 ▫ Анкараѐ
В3 • Тарс
В3 • Ис
В3 • Антиохија (сириска)
В3 ○ Тир
В4 ○ Газа
Б4 ○ ЕГИПЕТ
Б4 ○ Мемфис
Б4 ○ Александрија
А4 ○ Оаза Сива
Б4 ○ Мемфис
В4 ○ Газа
В3 ○ Тир
В3 ○ Дамаск
В3 • Алепо
Г3 • Нисибис
Г3 • Гаугамела
Г3 • Вавилон
Д3 • Суза
Д4 • ПЕРСИЈА
Д4 • Персеполис
Д4 • Пасаргада
Д3 • МЕДИЈА
Д3 • Екбатана
Д3 • Раге
Д3 • Хекатомпилос
Ѓ3 • ПАРТИЈА
Е3 • АРИЈА
Е3 • Александрија Ареион
Е3 • Александрија Профтазија
Ѓ4 • ДРАНГИЈАНА
Е4 • АРАХОЗИЈА
Е4 • Александрија Арахозион
Ж3 • Кабул
Е3 • Драпсака
Ж3 • Александрија Оксијана
Е3 • Драпсака
Е3 • БАКТРИЈА
Е3 • Бактра
Е2 • Дервент
Е2 • СОГДИЈАНА
Е2 • Мараканда
Е2 • Бухара
Е2 • Мараканда
Ж2 • Александрија Есхате
Е2 • Мараканда
Е2 • Дервент
Е3 • Бактра
Е3 • БАКТРИЈА
Е3 • Драпсака
Ж3 • Кабул
Ж3 • Таксила
Ж5 • ИНДИЈА
Ж4 • Александрија
Е4 • ГЕДРОЗИЈА
Ѓ4 • Пура
Д4 • ПЕРСИЈА
Ѓ4 • Александрија
Ѓ4 • КЕРМАН
Д4 • Пасаргада
Д4 • Персеполис
Д3 • Суза
Г3 • Вавилон
[Други места]
А3 КРИТ
Г4 АРАБИЈА
[Мориња]
Б3 Средоземно Море
В5 Црвено Море
Д4 Персиски Залив
Е5 Арабиско Море
[Реки]
Б4 Нил
Г3 Еуфрат
Г3 Тигар
Е4 Инд
[Карта на страница 27]
(Види во публикацијата)
Римско Царство
А1 БРИТАНИЈА
А3 ШПАНИЈА
Б1 ГЕРМАНИЈА
Б2 ГАЛИЈА
Б2 ИТАЛИЈА
Б2 Рим
Б3 Картагина
В2 ИЛИРИК
В3 ГРЦИЈА
В3 Акциј
В3 Киринија
Г2 Византија (Константинопол)
Г3 МАЛА АЗИЈА
Г3 Ефес
Г3 Алепо
Г3 Антиохија (сириска)
Г3 Дамаск
Г3 Гераса (Јараш)
Г3 Ерусалимѐ
Г3 Александрија
Г4 ЕГИПЕТ
[Мориња]
А2 Атлантски Океан
В3 Средоземно Море
Г2 Црно Море
Г4 Црвено Море
[Слика на страница 26]
Кога Птолемеј II ја обновил Рава, ја нарекол Филаделфија. Од неа останале урнатини од еден голем римски театар
[Слика на страница 27]
Гераса (Јараш), град на подрачјето на Декаполис
[Слика на страница 27]
Римските патишта, како што е овој во близина на Алепо, поминувале низ Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. Христијаните патувале по тие патишта за да ја шират библиската вистина