Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Од Египет до Ветената земја

Од Египет до Ветената земја

Од Египет до Ветената земја

ЛУЃЕ од целиот свет имаат слушнато за излегувањето на Израелците од Египет. Но, што ги очекувало Мојсеј и Божјиот народ откако го преминале Црвеното Море? Во која насока тргнале, и како стигнале до реката Јордан за да влезат во Ветената земја?

Нивната цел била земјата Ханаан, но Мојсеј не ги повел по најкраткиот пат (кој бил долг околу 400 километри и се протегал покрај песочното крајбрежје), бидејќи така ќе требало да поминат право низ Филистеја, која била непријателско подрачје. Не ги повел ни преку пространиот средишен дел на Синајскиот Полуостров, варовничка висорамнина покриена со вжарен песок. Наместо тоа, Мојсеј го повел народот на југ, низ тесната крајбрежна низина. Првото место на кое логорувале било Мара, каде што Јехова ја претворил горчливата вода во слатка. a Откако заминале од Елим, народот се жалел дека нема храна, па Бог им испратил потполошки, а потоа им пуштил мана. Во Рафидин повторно избил спор околу водата, Израелците ги победиле Амаличаните кои ги нападнале, и тестот на Мојсеј го советувал да побара помош од способни мажи (2Мо, погл. 15-18).

Потоа Мојсеј ги повел Израелците кон планините што се наоѓале уште појужно, и тие се улогориле во подножјето на планината Синај. Таму Божјиот народ го добил Законот, го изработил светиот шатор и принел жртви. Во втората година, тргнале на север низ „големата и застрашувачка пустина“, а патувањето до подрачјето на Кадис (Кадис-Варни) најверојатно траело 11 дена (5Мо 1:1, 2, 19; 8:15). Народот се исплашил од негативниот извештај што го дале десетте извидувачи и затоа морал да скита низ пустината 38 години (4Мо 13:1—14:34). Меѓу другите места, по патот застанале и кај Аврона и Есион-Гавер, а потоа се вратиле назад во Кадис (4Мо 33:33-36).

Кога конечно дошло време да се приближат до Ветената земја, Израелците не тргнале право на север. Прво го заобиколиле средишниот дел на Едом, па потоа се упатиле на север „по царскиот пат“ (4Мо 21:22; 5Мо 2:1-8). Не било лесно цел еден народ, сосе деца, животни и шатори, да се движи по тој пат. Морале да се спуштаат и да се качуваат по тесните клисури на Заред и на Арнон, кои понекогаш биле длабоки скоро 520 метри (5Мо 2:13, 14, 24).

На крајот, Израелците стигнале до планината Нево. Маријам умрела во Кадис, а Арон на планината Хор. Мојсеј умрел на самиот праг на земјата во која толку многу сакал да влезе (5Мо 32:48-52; 34:1-5). Одговорноста да ги внесе Израелците во земјата која им била ветена ја добил Исус Навин. Така завршило патувањето кое започнало 40 години пред тоа (ИсН 1:1-4).

[Фуснота]

a Точните локации на повеќето места каде што Израелците логорувале не се познати.

[Рамка на страница 8]

БИБЛИСКИ КНИГИ ОД ОВОЈ ПЕРИОД:

1. Мојсеева

2. Мојсеева

3. Мојсеева

4. Мојсеева

5. Мојсеева

Јов

Псалми (дел)

[Карта на страница 9]

(Види во публикацијата)

Излегувањето од Египет

Патот по кој се движеле Израелците

А7 ЕГИПЕТ

А5 Рамзес?

Б5 Сокот?

В5 Етам?

В5 Пи-Аирот

Г6 Мара

Г6 Елим

Д6 ПУСТИНА СИН

Д7 Дофка

Ѓ8 Рафидин

Ѓ8 Синај (Хорив)

Ѓ8 ПУСТИНА СИНАЈ

Ѓ7 Киврот-Атава

Е7 Асирот

Е6 Римон-Фарес

Е5 Риса

Е3 Кадис

Е3 Вене-Јакан

Е5 Хор-Агидгад

Ж5 Јотват

Ж5 Аврона

Ж6 Есион-Гавер

Е3 Кадис

Е3 ПУСТИНА ЗИН

Ж3 Хор

Ж3 Селмон

З3 Фунон

З3 Ије-Аварим

З2 МОАВ

З1 Девон

З1 Алмон-Дивлатаим

Ж1 Ерихон

[Други места]

А3 ГЕСЕМ

А4 Он

А5 Мемфис (Ноф)

Б3 Соан

Б3 Тафанхес

В5 Мигдол

Г3 СУР

Г5 ЕТАМСКА ПУСТИНА

Ѓ5 ПУСТИНА ФАРАН

Е1 ФИЛИСТЕЈА

Е1 Азот

Е2 Газа

Е2 Вирсавеја

Е3 Асмон

Е3 НЕГЕВ

Ж1 Ерусалим

Ж1 Хеврон (Киријат-Арва)

Ж2 Арад (ханаански)

Ж4 СЕИР

Ж4 ЕДОМ

З7 МАДИЈАМ

Главни патишта

Пат за филистејската земја

Пат за Сур

З4 Царски пат

Каравански пат

Пат Ел Хај

[Планини]

Ѓ8 Синај (Хорив)

Ж3 Хор

З1 Нево

[Мориња]

Д2 Средоземно Море (Големо Море)

Г7/Е7 Црвено Море

З1 Солено Море

[Реки и потоци]

А6 Нил

Ѓ3 Египет

З2 Арнон

З3 Заред

[Слика на страница 8]

Низ Синајскиот Полуостров минувале каравани

[Слика на страница 8]

Израел се улогорил во подножјето на планината Синај

[Слика на страница 9]

Водни извори имало кај Кадис или во неговата околина

[Слика на страница 9]

Целиот Израел требало да ја премине долината на реката Арнон