Како да добијам поголема слобода?
Поглавје 3
Како да добијам поголема слобода?
„Би сакала понекогаш родителите да ме пуштат сама да излезам од дома“ (Сара, 18)
„Секогаш ги прашувам родителите зошто не ми веруваат кога сакам да излезам со некои другарки. Честопати ми велат: ‚Ти веруваме тебе, но не им веруваме на твоите другарки‘“ (Кристина, 18)
ДАЛИ, како Сара и Кристина, и ти копнееш по малку поголема слобода? За да ја добиеш, мораш да ја стекнеш довербата на твоите родители. Но, довербата е како пари. Тешко се стекнува, лесно се губи и, колку и да ја имаш, може да ти се чини како никогаш да не ти е доста. Илијана (16) вели: „Секојпат кога сакам да излезам, родителите ме затрупуваат со куп прашања — каде ќе одам, со кого ќе одам, што ќе правам, кога ќе се вратам. Знам дека ми се родители, ама страшно ме нервира кога ме распрашуваат така!“
Што можеш да направиш за родителите да имаат поголема доверба во тебе и да ти дадат поголема слобода? Пред да одговориме на ова прашање, да видиме зошто довербата е толку осетлива тема меѓу родителите и младите.
Маките на созревањето
Во Библијата пишува дека „човек ќе ги остави татка си и мајка си“ (1. Мојсеева 2:24). Значи, без разлика дали си момче или девојка, една многу важна цел на тинејџерските години е да те подготват за животот како возрасен човек — за времето кога ќе бидеш спремен да си заминеш од дома и можеби и самиот да основаш семејство. *
Меѓутоа, не се станува возрасен преку ноќ. Созревањето е како скала по која се качуваш во текот на тинејџерските години, и тоа скалило по скалило. Точно, можеби ти и родителите имате различни мислења во врска со тоа до каде веќе си стигнал на скалата. „Имам 20 години, и сѐ уште се расправаме за истата работа“, вели Марија, која смета дека родителите немаат доверба во нејзиниот избор на пријатели. „Моите родители мислат дека ќе немам
доволно сила да избегам од некоја лоша ситуација. Сум им кажала дека јас веќе имам избегано од такви ситуации, но тоа не им е доволно!“Како што се гледа од зборовите на Марија, довербата може да биде причина за прилично затегнати односи меѓу децата и родителите. Дали е така и во твоето семејство? Што можеш да направиш за родителите да имаат поголема доверба во тебе? А, ако си ја изгубил нивната доверба затоа што си направил некоја глупост, како можеш да ги поправиш работите?
Покажи дека може да ти се верува
Честопати, колкава слобода ќе ти дадат родителите зависи од тоа колку си покажал дека може да ти се верува. Тоа не значи дека треба да бидеш совршен. На крајот на Проповедник 7:20). Меѓутоа, општо земено, дали со своето однесување им даваш на твоите родители причина да немаат доверба во тебе?
краиштата, сите грешат (На пример, Павле напишал: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18). Запрашај се: ‚Дали искрено им кажувам на родителите каде одам и што правам?‘ Размисли за зборовите на овие две девојки кои морале добро да се преиспитаат во врска со ова. Откако ќе ги прочиташ нивните коментари, одговори на прашањата.
Лора: „Скришно се допишував на интернет со едно момче што ми се допаѓаше. Родителите дознаа и ми рекоа да престанам. Им ветив дека ќе престанам, но не го сторив тоа. Така терав уште цела година. Родителите ќе ми фатеа некоја порака, јас ќе се извинев и ќе им ветев дека ќе прекинам, но потоа пак си терав по старо. Работите дојдоа дотаму што веќе за ништо не ми веруваа!“
Што мислиш, зошто родителите на Лора ја изгубиле довербата во неа? ․․․․․
Да беше Лора твоја ќерка, што ќе направеше и зошто? ․․․․․
Како можела Лора да постапи поодговорно уште првиот пат кога родителите зборувале со неа? ․․․․․
Бети: „Родителите немаа доверба во мене кога бев со машки, но сега ми е јасно зошто. Флертував со две-три момчиња кои беа две години постари од мене. Со часови
киснев на телефон со нив, а на забавите не зборував речиси со никој друг. Родителите ми забранија цел месец да зборувам по телефон и не ме пуштаа да одам таму каде што одеа тие момчиња“.Да беше Бети твоја ќерка, што ќе направеше и зошто? ․․․․․
Дали сметаш дека забраните што ѝ ги дале родителите се неразумни? Зошто? ․․․․․
Што можела да направи Бети за повторно да ја стекне довербата на родителите? ․․․․․
Да се поврати довербата
Што ако и ти, како младите кои беа цитирани, си направил нешто поради што родителите ја изгубиле довербата во тебе? Биди сигурен дека можеш да ги поправиш работите. Но, како?
Веројатно, твоите родители ќе ти веруваат повеќе и ќе ти дадат поголема слобода ако се докажеш како одговорна личност. Анета многу добро го сфатила тоа. Таа вели: „Кога си помлад, не ти е сосема јасно колку е важно другите да имаат доверба во тебе. Сега чувствувам поголема одговорност и обврска да се однесувам на начин кој ќе ми помогне да ја задржам довербата на моите родители“. Што можеш да научиш од ова? Наместо да се жалиш дека
родителите не ти веруваат, работи на тоа да покажеш дека можат да имаат доверба во тебе. Така веројатно ќе ти дадат и поголема слобода.На пример, може ли да ти веруваат во врска со работите што се наведени овде? Обележи со ✔ на што мораш да работиш.
□ Да си доаѓам навреме
□ Да си стојам на зборот
□ Да бидам точен
□ Паметно да ги трошам парите
□ Да си ги завршувам обврските
□ Да станувам наутро без кенкање
□ Да си ја чистам собата
□ Да ја кажувам вистината
□ Да не претерувам со телефонот или компјутерот
□ Да си ги признавам грешките и да се извинам
□ Друго ․․․․․
Постави си за цел да покажеш дека може да ти се верува во работите што си ги штиклирал. Послушај ги библиските совети: „Соблечете [ја] старата личност, обликувана според вашиот поранешен начин на живот“ (Ефешаните 4:22). „Кога ќе кажете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘“ (Јаков ). „Зборувајте ја вистината секој на својот ближен“ ( 5:12Ефешаните 4:25). „Слушајте ги своите родители во сѐ“ (Колошаните 3:20). Со текот на времето, другите, вклучувајќи ги и твоите родители, ќе го видат твојот напредок (1. Тимотеј 4:15).
Но, што ако мислиш дека, колку и да се трудиш, твоите родители не ти ја даваат слободата што ја заслужуваш? Би можел да разговараш со нив за тоа. Наместо да се жалиш и да тврдиш дека тие треба да имаат поголема доверба во тебе, со почит прашај ги што треба ти да направиш за да ја стекнеш нивната доверба. Јасно кажи им какви цели си имаш поставено во тој поглед.
Не очекувај родителите веднаш да ти ги укинат ограничувањата. Тие сигурно ќе сакаат да се уверат дека ќе си стоиш на зборот. Затоа, покажи им дека можат да ти веруваат. Со текот на времето, веројатно ќе стекнат поголема доверба во тебе и ќе ти дадат поголема слобода. Така било во случајот на Бети, која ја спомнавме погоре. Таа вели: „Многу потешко е да се стекне отколку да се изгуби довербата. Гледам дека сега моите родители имаат поголема доверба во мене, и многу ми е убаво поради тоа!“
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈЕ 22
Дали твоите родители се разведени? Како да останеш смирен кога ти се чини дека животот ти се распаѓа?
[Фуснота]
^ пас. 8 Нешто повеќе во врска со ова можеш да прочиташ во 7. поглавје од оваа книга.
КЛУЧЕН СТИХ
„Не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло“ (1. Петрово 2:16, Радосна Вест)
ПРЕДЛОГ
Наместо да ги споредуваш ограничувањата што ги имаш ти со слободата што ја има твојот постар брат или сестра, размисли за ограничувањата што ги имаше порано и слободата што ја имаш сега.
СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА . . . ?
Неограничената слобода не е знак дека родителите те сакаат, туку дека те запоставуваат.
ПЛАН!
Ќе покажам дека моите родители можат да имаат поголема доверба во мене за следниве работи: ․․․․․
Ако ја изгубам довербата на родителите, ќе ․․․․․
Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․
ШТО МИСЛИШ?
● Зошто понекогаш родителите не се спремни да ти дадат поголема слобода, иако правиш сѐ за да покажеш дека можат да ти веруваат?
● Како начинот на кој комуницираш со родителите влијае врз нивната спремност да ти дадат поголема слобода?
[Истакната мисла на страница 24]
„Кога зборувам со родителите, отворено им ги кажувам моите проблеми и грижи. Мислам дека тоа придонесува да имаат доверба во мене“ (Дијана)
[Графикон/слика на страница 23]
Преодната фаза до возрасен човек во кого може да се има доверба е како скала по која се качуваш во текот на твоите тинејџерски години, и тоа скалило по скалило
[Графикон]
(Види во публикацијата)
ДЕТЕ
ТИНЕЈЏЕР
ВОЗРАСЕН ЧОВЕК