Зошто треба да ги ,почитувам татко ми и мајка ми‘?
Поглавје 1
Зошто треба да ги ,почитувам татко ми и мајка ми‘?
„ПОЧИТУВАЈ ги татка си и мајка си.“ За многу млади луѓе овие зборови звучат како нешто од мрачниот среден век.
Младата Веда отворено се побунила против татко ѝ на тој начин што се состанувала со момче кое злоупотребувало дрога и алкохол. Исто така, од инает, таа излегувала на игранки сѐ до раните утрински часови. „Мислев дека е премногу строг“ објаснува Веда. „Имав 18 години и мислев дека знам сѐ. Мислев дека татко ми е лош и дека едноставно не сака да се забавувам, па затоа излегував и правев што сакам.“
Повеќето млади луѓе веројатно не би ги одобриле постапките на Веда. Сепак, доколку нивните родители би им наредиле да ја исчистат својата соба, да ја завршат домашната работа или да се вратат во одредено време, многумина би зовреле од огорченост или, што е уште полошо, отворено би им пркоселе на родителите! Меѓутоа, од начинот на кој еден млад човек гледа на своите родители, на крајот, не само што може да зависи дали дома ќе има војна или мир туку зависи и самиот негов живот. Затоа што заповедта да ги ‚почитуваш своите родители‘ доаѓа од Бог, тој го додава и следниов поттик да внимаваме на оваа заповед: „За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата“ (Ефесјаните 6:2, 3). Влоговите се високи. Затоа, ајде одново да видиме што навистина значи да ги почитуваш татко ти и мајка ти.
Што значи ,да ги почитуваш‘
‚Почитувањето‘ вклучува да се признае соодветно поставениот авторитет. На пример, на христијаните им е заповедано 1. Петрово 2:17). Иако можеби секогаш не се сложуваш со националниот владетел, сепак треба да ја почитуваш неговата положба или служба. На сличен начин, Бог им дал на родителите извесен авторитет во семејството. Тоа значи дека мораш да го признаеш нивното право кое им го дал Бог — да ти поставуваат правила. Точно е дека некои други родители можеби се попопустливи отколку твоите. Сепак, твоите родители имаат задача да одлучуваат што е најдобро за тебе — а различни семејства може да имаат различни мерила.
‚да го почитуваат царот‘ (Точно е и тоа дека дури и најдобрите родители може повремено да бидат своеволни — дури и неправедни. Но, во Изреки 7:1, 2 еден мудар родител рекол: „Синко [или ќерко], . . . пази ги заповедите мои, и ќе живееш“. На ист начин, правилата или „заповедите“ од твоите родители ‚ обично се наменети за твое добро и тие се израз на нивната вистинска љубов и грижа.
На пример, мајка му на Џон постојано му велела дека секогаш кога го поминува автопатот со шест ленти, близу до нивниот дом, треба да го користи пешачкиот премин над автопатот. Еден ден, две девојки од училиштето го наговарале да помине преку краткиот пат на самата улица. Игнорирајќи ги нивните исмејувања дека е „плашливко!“ Џон поминал преку пешачкиот премин. Откако поминал дел од патот, Џон слушнал звук од чкрипење на гуми. Погледнувајќи надолу, со ужас видел како еден автомобил ги удрил двете девојки и ги фрлил во воздух! Се разбира, послушноста кон родителите ретко е работа на живот или смрт. Сепак, послушноста обично ти користи.
‚Да ги почитуваш своите родители‘ значи и да прифатиш исправка без да се муртиш или да збеснеш кога таа ќе се примени. Само оној кој е глупав „не ја почитува стегата од својот татко“, вели Изреки 15:5 (НС).
Најпосле, да се покажува почитување значи повеќе отколку само да се укажува формално почитување или послушност со тешко срце. Оригиналниот грчки глагол кој во Библијата е преведен со „почитува“, во основа значи да се смета некого дека е од голема вредност. Според тоа, родителите треба да ги сметаш за скапоцени, високо ценети и драги. Тоа вклучува кон нив да имаш чувства кои се срдечни и полни со ценење. Меѓутоа, некои млади имаат сѐ освен срдечни чувства кон своите родители.
Проблематични родители — достојни за почит?
Една млада девојка по име Џина напишала: „Татко ми многу пиеше и јас не можев да спијам бидејќи моите родители многу се расправаа и многу викаа. Јас лежев на креветот и само плачев. Не можев да им кажам како се чувствувам бидејќи мајка ми веројатно ќе ме мавнеше. Библијата вели ‚почитувај го татка си‘, но јас не можам“.
Родителите кои се избувливи или неморални, кои се пијаници или, пак, се караат еден со друг — дали тие навистина се Изреки 30:17). Понатаму, Изреки 23:22 нѐ потсетува дека твоите родители ‚те родиле‘. Самото тоа е причина да ги почитуваш. Грегори, кој некогаш бил многу груб, сега вели: „Му благодарам на Јехова Бог што [мајка ми] не ме абортирала или не ме фрлила во канта за ѓубре кога сум бил бебе. Таа е самохран родител, а ние бевме шестмина. Знам дека ѝ било тешко“.
достојни за почит? Да, бидејќи Библијата осудува ‚потсмевање‘ кон кој и да било родител (Иако се далеку од совршени, твоите родители направиле и многу жртви за тебе. „Еднаш, сѐ што имавме за јадење беше една конзерва со пченка и малку гриз“, продолжува Грегори. „Мајка ми го подготви тоа за нас децата, но таа не јадеше. Си отидов в кревет сит, но се прашував зошто мајка ми не јадеше.
Сега кога имам свое семејство, сфаќам дека таа се жртвуваше за нас.“ (Една истражувачка студија проценува дека трошокот за да се подигне дете до 18-годишна возраст изнесува 66.400 долари.)Исто така, сфати дека сѐ што кажува еден родител, не значи дека е погрешно, само заради тоа што неговиот пример не е најдобар. Во времето на Исус, религиозните водачи биле расипани. Сепак, Исус му рекол на народот: „Сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте“ (Матеј 23:1—3, 25, 26). Зарем не би можело ова начело да се примени на некои родители?
Да се излезе на крај со чувствата на огорченост
Што ако мислиш дека родителот сериозно го злоупотребува својот авторитет? * Остани смирен. Со бунтување не се постигнува ништо ниту, пак, со злобно однесување полно со омраза (Проповедник 8:3, 4; спореди Проповедник 10:4). Една 17-годишна девојка била огорчена на своите родители поради тоа што биле преокупирани со своите кавги и изгледале како да се рамнодушни кон неа. Огорченоста кон нив потоа ја насочила кон библиските начела за кои родителите се обидувале да ја поучат. Од чиста злоба се впуштила во сексуален неморал и злоупотреба на дрога. „Мислев дека им го должам тоа на родителите“, било нејзиното горко објаснување. Но, со нејзината злоба само си наштетила себеси.
Библијата предупредува: „Чувај се бесот да не те намами на злобни [постапки] . . . Внимавај да не се свртиш кон она што е штетно“ (Јов 36:18—21, НС). Сфати дека родителите се одговорни пред Јехова за своето однесување и дека ќе одговараат за сите сериозни неправди (Колосјаните 3:25).
Изреки 19:11 (НС) вели: „Увидот на човекот сигурно го забавува неговиот гнев и убавина е од негова страна да премине преку престапот“. Понекогаш, најдобро е да се обидеш да ги простиш и да ги заборавиш навредливите постапки на родителот. Наместо да се задржуваш на неговите грешки, сосредоточи се на неговите добри особини. На пример, Доди имала неосетлива мајка и очув кој бил алкохоличар. Забележи како нејзиниот увид во нивните недостатоци ја задушил горчината. Таа вели: „Можеби мајка ми никогаш не ни покажала љубов затоа што, како злоупотребено дете, никогаш не била поучена како да го прави тоа. Мојот очув покажуваше интерес за нашите активности кога беше трезен, но тоа не беше баш често. Сепак, сестра ми и јас секогаш имавме покрив над главата и храна во фрижидерот“.
За среќа, своеглавите или немарни родители ги има во малцинство. Повеќе од веројатно е дека твоите родители покажуваат интерес за тебе и дека се обидуваат да дадат добар пример. Дури и да е така, повремено можеби ќе чувствуваш кон нив извесна огорченост. „Понекогаш, кога разговарав со мајка ми за некој проблем и таа не можеше да ме разбере“, признава еден млад човек по име Роџер, „јас ќе се разбеснев и ќе кажев нешто од злоба само за да ја навредам. Тоа беше мој начин за да ѝ вратам мило за драго. Но кога ќе заминев, се чувствував толку лошо, а знаев дека ниту таа не се чувствува добро.“
Непромислените зборови можат да ‚прободат‘ и да ‚предизвикаат болка‘, но тие нема да ги решат твоите проблеми. „Јазикот на мудриот е лек“ (Изреки 12:18; 15:1, обата НС). „Иако беше тешко, ќе се вратев назад и ќе ѝ се извинев“, објаснува Роџер. „Тогаш можев посмирено да дискутирам за проблемот и можевме да го решиме.“
,Она што го рече татко ми беше точно‘
Интересно е тоа што некои млади се истоштуваат себеси и своите родители спротивставувајќи се на поуките од родителите, само за подоцна да утврдат дека нивните родители цело време биле во право. На пример, размисли за случајот на Веда (спомната на почетокот). Еден ден, таа излегла да се вози со нејзиниот дечко. Тој бил под дејство на марихуана и пиво. Автомобилот излегол од контрола и удрил во една бандера со 100 километри на час. Веда преживеала — со длабока исекотина на челото. Дечкото избегал од местото, па дури не се ни појавил в болница за да ѝ помогне.
„Кога моите родители пристигнаа во болницата“, признала Веда, „им кажав дека она што го рече татко ми беше точно и дека требаше да слушам уште од порано . . . Направив голема грешка и тоа за малку ќе ме чинеше живот.“ После тоа, Веда направила некои големи промени во својот став кон родителите.
Можеби и од твоја страна би биле прикладни некои промени. ‚Да ги почитуваш своите родители‘ може навистина да изгледа како старомодна идеја. Но, не само што е паметно да се постапува така туку е и исправно во Божји очи. Меѓутоа, што ако сакаш да покажеш почитување кон своите родители, но имаш чувство дека си погрешно сфатен или можеби си опколен со ограничувања? Да разгледаме како можеш да ја подобриш својата положба во таквите ситуации.
[Фуснота]
^ пас. 18 Тука не станува збор за случаи на физичка или сексуална злоупотреба во кои еден млад човек можеби ќе треба да побара професионална помош надвор од домот.
Прашања за дискусија
□ Што значи да се почитуваат родителите?
□ Зошто родителите поставуваат толку многу правила? Можат ли да ти користат тие правила?
□ Мораш ли да ги почитуваш своите родители ако нивното однесување е за прекор? Зошто?
□ Кои се некои продуктивни начини за да излезеш накрај со огорченоста која можеби повремено ја чувствуваш кон своите родители? Кои се некои неразумни начини?
[Истакната мисла на страница 16]
„Мислев дека татко ми е лош и дека едноставно не сака да се забавувам, па затоа излегував и правев што сакам“
[Слика на страница 12]
Како треба да гледаш на правилата на твоите родители?
[Слика на страница 14]
Мораш ли да ги почитуваш родителите чие однесување е за прекор?