Како можам да се справам со повторната венчавка на мојот родител?
Поглавје 5
Како можам да се справам со повторната венчавка на мојот родител?
„Денот кога тато се ожени со Рита беше најболниот ден во мојот живот“, се сеќава Шејн. „Бев бесен. Бесен на тато бидејќи ја предаде мама. Бесен на мама затоа што отиде на правниот факултет и нѐ остави сами. Бесен на двете дечишта, децата на Рита, кои дојдоа да живеат во нашата куќа . . . Но, најмногу од сѐ, бев бесен на Рита . . . Ја мразев. А бидејќи верував дека не е исправно да се мрази, бев бесен и на самиот себе (Stepfamilies—New Patterns in Harmony [Семејства со очув или маќеа — нови шаблони во хармонијата] од Линда Кравен).
Повторната венчавка на едниот родител ја уништува надежта дека твоите родители некогаш ќе бидат повторно заедно. Тоа може да те направи да се чувствуваш несигурен, изневерен и љубоморен.
Повторната венчавка може особено да биде болна ако следи веднаш по смртта на саканиот родител. „Смртта на мајка ми ме направи да станам многу огорчена“, признава 16-годишната Миси. „Мислев дека свршеничката на татко ми го зазема местото на мајка ми, па затоа бев многу злобна кон неа.“ Од лојалност кон твојот природен родител, може дури да чувствуваш и вина ако почнеш да го сакаш очувот или маќеата.
Тогаш, не е ни чудо што многу млади ја испуштаат својата емоционална болка на разорни начини. Некои дури кројат планови да го растурат новиот брак на својот родител. Но запомни, Матеј 19:6). Па дури и ако би можел да го растуриш, тоа не би ги обединило повторно твоите природни родители.
твојот природен родител и очувот или маќеата склопиле завет пред Бог. „А Бог што составил, човек [или дете] да не разделува“ (Ниту, пак, има смисла да се биде во постојан конфликт со очувот или маќеата. Изреки 11:29 предупредува: „Кој ја расипува куќата своја [донесува неволја во своето семејство, New International Version] ќе наследи ветар“, односно ќе заврши во ветар. Огорченоста на петнаесетгодишната Гери кон нејзината маќеа конечно кулминирала во горка расправија. Последицата? Нејзината маќеа побарала од таткото на Гери да избере помеѓу неа и неговата ќерка. На крајот, Гери се преселила кај својата природна мајка — која исто така била повторно мажена.
Љубовта помага да излезеш накрај со проблемот
Која е тајната на успешното излегување накрај со повторното венчавање на родителот? Применувањето на начелната љубов, како што е опишано во 1. Коринтјаните 13:4—8, НС:
Љубовта „не гледа за своите сопствени интереси“. Ова значи ‚да не се бара својата сопствена полза, туку ползата на ближниот‘ (1. Коринтјаните 10:24). Ако едниот родител заклучил дека нему или нејзе повторно им треба пријателство од брачен партнер, би требало ли да се лутиш на тоа?
„Љубовта не е љубоморна.“ Честопати младите не сакаат да ја делат љубовта на нивниот природен родител со некој друг. Но, ти не треба да се плашиш од тоа дека твојот родител ќе ја истроши љубовта, зашто љубовта може да се шири. (Спореди 2. Коринтјаните 6:11—13.) Твојот природен родител може да ја прошири својата љубов на новиот партнер без да изгуби каква и да било наклоност кон тебе! Дали ти ќе го отвориш срцето спрема очувот или маќеата? Ако го сториш тоа, не значи дека си му нелојален на твојот родител кој си заминал.
Љубовта „не се однесува непристојно“. Живеењето со нови браќа и сестри од спротивниот пол може да создаде морални притисоци. Според кажувањата, во 25 проценти од семејствата со очув или маќеа се случуваат недозволени сексуални односи меѓу членови на семејството.
Давид, чија мајка повторно се венчала и со тоа во куќата дошле четири полусестри на тинејџерски години, вели: „Беше потребно да се стави ментална препрека во врска со сексуалните чувства“. Исто така, ќе мораш претпазливо да избегнуваш претерана блискост, уверувајќи се дека ниту облеката ниту, пак, твоето однесување се сексуално провокативни (Колосјаните 3:5).
Љубовта „добро поднесува сѐ . . . Таа ни дава сила да истраеме во сѐ“ (превод на Чарлс Б. Вилијамс). Понекогаш, изгледа како ништо да не може да ти ги истера болните чувства! Марла признала: „Чувствував дека за мене дома нема место. Дури ѝ кажав на мајка ми дека посакувам никогаш да не сум се ни родила“. Марла се побунила, па дури и избегала од дома! Меѓутоа, таа сега вели: „Најдобрата работа е да се истрае“. Ако и ти исто така истраеш, со време горчината, збунетоста и болката кои си ги имал на почетокот, ќе се повлечат.
,Ти не си моја вистинска мајка/мој вистински татко!‘
Да се дојде под стега на нов родител не е лесно, и кога очувот или маќеата ќе те замолат нешто да направиш, може да паднеш 1. Коринтјаните 14:20: „Порасни во своето размислување“ (The Holy Bible in the Language of Today од Вилијам Бек).
во искушение да издрдориш: ‚Ти не си моја вистинска мајка/мој вистински татко!‘ Но, сети се на начелото кое е изнесено воЕден начин да покажеш дека ‚си пораснал во своето размислување‘ е да го прифатиш авторитетот на твојот очув или маќеа кога ти дава стега. Тој или таа ги извршува должностите на природен родител и го заслужува твоето почитување (Изреки 1:8; Ефесјаните 6:1—4). Во библиски времиња, Естира била воспитана од потатко или ‚воспитувач‘ кога умреле нејзините родители. Иако Мардохеј не бил нејзин природен родител, тој ‚ѝ заповедал‘, а таа го послушала тоа дури и како возрасна! (Естира 2:7, 15, 17, 20). Навистина, стегата на очувот или маќеата обично е израз на неговата или нејзината љубов и грижа за тебе (Изреки 13:25).
Сепак, сосема веројатно ќе се појават оправдани приговори. Ако е така, докажи дека си ‚пораснал‘ правејќи како што наложува стихот од Колосјаните 3:13: „Трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого!“
Научи да делиш, научи да правиш компромис
Кога 15-годишната Џеми живеела сама со својата мајка, имала сопствена соба и носела скапа облека. Кога мајка ѝ повторно се венчала и кога Џеми се нашла во семејство со четири деца, работите се промениле. „Сега повеќе немам дури ни сопствена соба“, се жалела таа. „Морам сѐ да делам.“
Можеби и ти мораш да се откажеш од твојата положба на најстаро или единствено дете. Ако си син, можеби долго време си служел како маж во куќата — положба која сега ја презел твојот очув. Или ако си ќерка, можеби ти и мајка ти сте биле како сестри, дури сте спиеле во иста соба, но сега оттаму те преселил твојот очув.
Филипјаните 4:5). Оригиналниот употребен збор значел „попустлив“ и го пренесувал духот на некој кој не инсистира на сите свои законски права. Затоа, обиди се да бидеш попустлив, да направиш компромис. Помири се со својата нова ситуација и избегнувај да живееш во минатото (Проповедник 7:10). Биди спремен да делиш со полубраќата и полусестрите, без да постапуваш со нив како со надворешни (1. Тимотеј 6:18). Колку поскоро ќе почнете да постапувате едни спрема други како спрема вистински браќа и сестри, толку поскоро ќе растат вашите чувства едни за други. А што се однесува до новиот маж во домот, не се лути на него. Биди среќен што е тука да помогне да се носи товарот на домаќинските одговорности.
„Кротоста [разумноста, НС] ваша нека им биде позната на сите луѓе“, препорачува Библијата (Излегување накрај со нееднаквото постапување
Откако признала дека нејзиниот очув покажувал љубов, една млада девојка додала: „Но има разлика. Тој од нас очекува повеќе, дава поголема стега, има помалку разбирање кон нас . . . отколку што тоа го прави со своите деца на истата возраст. Тоа нѐ боли“.
Сфати дека очувот или маќеата обично ќе немаат исти чувства кон доведенчето како кон своето право дете. Тоа не се должи толку многу на крвната врска со своето право дете колку на нивното заедничко животно искуство. Најпосле, дури и крвно поврзаниот родител може повеќе да љуби едно дете отколку друго 1. Мојсеева 37:3). Меѓутоа, има една важна разлика помеѓу еднаквото и непристрасното. Луѓето имаат посебни личности и различни потреби. Затоа, наместо да бидеш претерано загрижен за тоа дали еднакво постапуваат со тебе, обиди се да видиш дали твојот очув или маќеа се стреми да излезе во пресрет на твоите потреби. Ако мислиш дека не излегува во пресрет, тогаш имаш причина да разговараш за тоа со твојот очув или маќеа.
(Извор на расправија можат да бидат и твоите полубраќа или полусестри. Никогаш не заборавај дека можеби и ним им е тешко да се прилагодат на ситуацијата во семејство со очув или маќеа. Може да се дури и огорчени на тебе како на нешто наметнато во нивното семејство. Затоа, дај сѐ од себе да бидеш љубезен. Ако те игнорираат, обиди се да го ‚победиш злото со добро‘ (Римјаните 12:21). Освен тоа, не е ништо чудно одвреме навреме да се препираат и биолошките браќа и сестри. (Види поглавје 6.)
Трпеливоста се исплати
„Крајот на една работа е подобар од почетокот нејзин; трпеливиот е подобар од горделивиот“ (Проповедник 7:8). Обично се потребни неколку години за да се развие доверба до тој степен што членовите на едно семејство со очув или маќеа ќе се чувствуваат слободни еден кон друг. Само тогаш можат различните навики и вредности да се стопат во една изведлива рутина. Затоа, биди трпелив! Не очекувај да доживееш „инстант љубов“ или дека ќе произлезе „инстант семејство“.
Кога мајката на Томас се премажила, тој бил, најблаго речено, вознемирен. Мајка му имала четири деца, а човекот за кого се омажила — три. „Имавме борби, расправии, реметење на редот, ужасни емоционални притисоци“, напишал Томас. Што довело до конечен успех? „Со применување на библиските начела, работите беа решавани; не секогаш веднаш, но со време и со покажување на плодовите на Божјиот дух, ситуациите конечно беа израмнувани“ (Галатјаните 5:22, 23).
Дека приврзаноста кон библиските начела навистина донесува успех во едно семејство со очув или маќеа, е илустрирано и преку искуствата на следниве млади луѓе кои ги интервјуиравме:
Млади луѓе во успешни семејства со очув или маќеа
Интервјуист: Како си избегнал да се лутиш на стегата на очувот или маќеата?
Линч: Мајка ми и очувот секогаш беа единствени во стегата. Кога нешто ќе се случеше, тие двајцата одлучуваа да го сторат истото, така што кога ќе ме наплескаа, знаев дека тоа е од двајцата.
Линда: На почетокот беше многу тешко, бидејќи јас ќе речев: „Какво право имаш ти да ми го кажеш тоа?“ Но, тогаш ќе помислев дека Библијата вели да се ‚почитуваат мајката и таткото‘. И покрај тоа што тој не беше мој природен татко, во Божји очи тој сепак беше мој татко.
Робин: Знаев дека длабоко би ја повредило мајка ми ако му се лутам на човекот кој таа го љуби.
Интервјуист: Што ја унапредуваше добрата комуникација?
Линч: Мораш да бидеш заинтересиран за она што го прави твојот очув. Јас му помагав во неговата световна работа. И додека работевме, ние разговаравме и разговаравме. Тоа ми помогна да видам како тој размислува. Во други прилики, едноставно ќе седев со него и ќе зборувавме за ‚ништо‘.
Валери: Мојата маќеа и јас поминувавме многу време заедно и навистина почнав да ја разбирам. Станавме најблиски пријателки.
Робин: Татко ми умре само една година пред да се премажи мајка ми. Одбивав да се зближам со мојот очув бидејќи не сакав тој да го замени татко ми. Го молев Јехова да ми помогне да ја преболам смртта на татко ми и да се зближам со мојот очув. Се молев, се молев и се молев. Јехова навистина одговори на моите молитви.
Интервјуист: Што направи ти за да се зближите?
Валери: Понекогаш ќе ја замолев мојата маќеа да дојде со мене на некоја претстава — само ние двете. Или кога ќе бев
излезена, ќе ѝ купев цвеќе или вазна, нешто за да ѝ покажам дека мислам на неа. Таа навистина го ценеше тоа.Ерик: Мораш да пронајдеш нешто во кое уживате и двајцата. Единствено заедничко со мојот очув ни беше тоа што беше оженет со мајка ми и што живеевме во иста куќа. Најголемата помош дојде кога почнав да се интересирам за Библијата како и тој. Колку повеќе му се приближував на Јехова Бог толку повеќе му се приближував и на мојот очув. Сега навистина имавме нешто заедничко!
Интервјуист: Како лично си извлекол корист?
Робин: Кога живеев само со мајка ми, бев бунтовен и разгален. Секогаш сакав работите да бидат по мое. Сега научив да ги земам предвид и другите и да бидам понесебичен.
Линч: Мојот очув ми помогна да размислувам како маж. Ми помогна да стекнам вештини и да знам како да ги користам моите раце. Кога ќе наидеа тешки времиња и ми беше потребен некој, тој беше тука. Да, тој е најдобриот татко кој некој можел некогаш да го има.
Прашања за дискусија
□ Како се чувствуваат многу млади кога нивните родители повторно се венчаваат? Зошто?
□ На кој начин покажувањето христијанска љубов му помага на еден младинец да излезе накрај со проблемот?
□ Мораш ли да се подложиш на стегата од твојот очув или маќеа?
□ Зошто е важно да знаеш како да правиш компромис и да делиш?
□ Треба ли да очекуваш еднакво постапување со полубраќата и полусестрите? Што ако чувствуваш дека со тебе постапуваат неправедно?
□ Кои се некои работи што можеш да ги направиш, а кои ќе ти помогнат подобро да се сложиш со очувот или маќеата?
[Истакната мисла на страница 45]
„Мислев дека свршеничката на татко ми го заземаше местото на мајка ми, па затоа бев многу злобна кон неа“
[Слика на страница 43]
Повторната венчавка на родителот честопати разгорува чувства на лутина, несигурност и љубомора
[Слика на страница 46]
Стегата од очувот или маќеата често предизвикува лутина