Како можам да излезам на крај со притисокот од врсниците?
Поглавје 9
Како можам да излезам на крај со притисокот од врсниците?
НА 14-ГОДИШНА возраст, Карен веќе била тежок корисник на дрога и редовно се впуштала во секс. До 17-тата година, Џим бил хроничен алкохоличар и водел неморален живот. Двајцата признале дека ним всушност не им се допаѓал животот кој го воделе ниту, пак, работите кои ги правеле. Тогаш, зошто постапувале така? Притисокот од врсниците!
„Сите од оние со кои бев ги правеа овие работи и тоа имаше големо влијание врз мене“, објаснува Карен. Џим се сложил, велејќи: „Не сакав да си ги изгубам пријателите со тоа што ќе бидам поинаков“.
Зошто младите ги следат своите врсници
Додека некои млади стануваат повозрасни, влијанието на нивните родители слабее, а желбата да се биде популарен и прифатен од врсниците станува сѐ посилна. Други едноставно чувствуваат потреба да разговараат со некој кој ги „разбира“ или кој ќе направи да се чувствуваат љубени или потребни. Кога таквата комуникација недостига дома — како што е често случај — тие ја бараат помеѓу своите врсници. Исто така, недостигот на самодоверба и чувствата на несигурност честопати предизвикуваат некој да биде ранлив на влијанието на врсниците.
Влијанието на врсниците не мора да е лошо. Една изрека вели: „Железо железо остри, и човек го изострува погледот на пријателот свој“ (Изреки 27:17). Како што еден железен нож може да го изостри истапеното сечило на друг нож, другарството со другите млади може да ја ‚изостри‘ твојата личност и да те направи подобар човек — ако тие врсници имаат зрели, здрави ставови.
Матеј 15:14.) Резултатите можат да бидат катастрофални.
Меѓутоа, за жал, на младите доста често им недостига зрелост — и душевна и духовна. Многу млади имаат нездрави, несигурни, па дури и непромислени гледишта и мислења. Затоа, кога некој млад човек слепо доаѓа под контрола на врсниците, тоа не е ништо подобро отколку кога слепец води слепец. (СпоредиПа дури и кога врсниците не те тераат кон скандалозно однесување, сепак нивното влијание може да се чувствува како угнетувачко. „Толку многу се грижиш да бидеш прифатен од другите млади“, рекла Деби. „Кога имав осумнаесет години, стравував од помислата да бидам непопуларна бидејќи ќе немаше кој да ме покани да се забавуваме некаде. Се плашев да не бидам изолирана.“ Затоа Деби напорно се трудела да биде прифатена од нејзините врсници.
Дали сум под влијание?
Дали и ти си почнал да се облекуваш, да зборуваш или да постапуваш на извесен начин за да се вклопиш? Седумнаестгодишната Сузи тврди: „Навистина, ниту еден млад човек не може да те наведе да направиш нешто што ти не сакаш да правиш“. Точно, но притисокот од врсниците може да биде толку незабележлив што можеби нема да сфатиш колку многу тој влијае на тебе. На пример, разгледај го апостол Петар. Како храбар човек со силно убедување, Петар бил еден столб на христијанството. Бог му открил на Петар дека луѓе од сите народи и раси би можеле да ја стекнат Неговата милост. Така Петар им помогнал на првите верници од народите да станат христијани (Дела 10:28).
Меѓутоа, поминало извесно време и Петар бил сместен во Антиохија, еден град во кој многу не-Евреи станале христијани. Петар слободно се дружел со овие верници од народите. Еден ден,
некои еврејски христијани од Ерусалим, кои сѐ уште негувале предрасуди кон не-Евреите, ја посетиле Антиохија. Како сега Петар би се однесувал меѓу неговите еврејски врсници?Па, Петар се одвоил од христијаните од народите, одбивајќи да јаде со нив! Зошто? Очигледно се плашел да не ги навреди своите врсници. Можеби расудувал: ‚Сега додека се тие тука само малку ќе се повлечам и откако овие ќе си заминат, ќе продолжам да јадам со оние од народите. Зошто да си го расипам мојот однос со нив поради една таква мала работа?‘ Така, Петар се преправал — отфрлајќи ги сопствените начела со тоа што правел нешто во кое всушност не верувал (Галатјаните 2:11—14). Тогаш, јасно е дека никој не е имун на притисокот од врсниците.
Како би реагирал?
Така, иако е лесно да се рече: ‚Јас не се плашам за тоа што мислат другите!‘ да се остане при одлуката спротивставувајќи се
на притисокот од врсниците е сосема друга работа. На пример, што би направил ти во следниве околности?Еден твој соученик ти нуди цигара пред други млади. Знаеш дека е погрешно да се пуши. Но, сите чекаат за да видат што ќе направиш . . .
Девојките на училиште зборуваат за тоа како имаат сексуални односи со своите дечковци. Една од девојките ти вели: „Белки не си сѐ уште девица, нели?“
Сакаш да облечеш фустан каков што носат сите други девојки, но мајка ти вели дека е прекраток. Облеката која таа инсистира да ја носиш, те прави да се чувствуваш како да изгледаш на шестгодишна возраст. Твоите соученички те задеваат. Една девојка прашува: „Зошто едноставно не заштедиш од парите за ручек и не си купиш нешто паметно? Не мора да знае мајка ти. Едноставно чувај си ја својата облека за училиште во шкафот“.
Лесни ситуации за да се соочиш? Не, но ако се плашиш на врсниците да им речеш „не“, ќе завршиш со тоа што ќе си речеш „не“ себеси, на своите мерила и на своите родители. Како можеш да развиеш сила за да се спротивставиш на притисокот од врсниците?
„Способност на размислување“
Петнаесетгодишната Робин почнала да пуши, не поради тоа што сакала, туку поради тоа што сите други пушеле. Таа се сеќава: „Подоцна почнав да размислувам: ‚Па јас не го сакам тоа. Зошто го правам?‘ Така престанав“. Размислувајќи за себеси, таа можела да им се спротивстави на своите врсници!
Соодветно на тоа, Библијата ги поттикнува младите да развиваат „знаење и расудување [способност на размислување, НС]“ (Изреки 1:1—5). Оној кој има способност на размислување не мора да се потпира за водство на неискусните врсници. Во исто време, таквиот не станува самодоверлив и не ги игнорира мислењата на другите (Изреки 14:16). Тој или таа е спремен да ‚слуша совет и да прифати стега‘ за да ‚стане мудар‘ (Изреки 19:20, НС).
Но, немој да бидеш изненаден ако си неомилен или дури и исмејуван поради тоа што ги користиш своите способности на размислување. „Човекот [или жената] со способности на размислување е омразен“, вели стихот од Изреки 14:17 (НС). Но навистина, кој има повеќе сила — оние кои попуштаат на своите страсти и емоции или, пак, оние кои можат да им кажат „не“ на неисправните желби? (Спореди Изреки 16:32.) Каде одат во животот оние кои те исмејуваат? Дали и ти сакаш таму да заврши твојот живот? Можно ли е таквите едноставно да ти се љубоморни и да ја прикриваат сопствената несигурност со исмејување?
Да се избегне замката
„Оние што се плашат и срамуваат од луѓето, ќе се сопнат“, вели стихот од Изреки 29:25. Во библиски времиња, стапицата можела брзо да го намами секое наивно животно кое ќе го грабнело мамецот. Денес, желбата да се биде прифатен од врсниците може на сличен начин да служи како мамец. Таа може да те привлече во замката да ги прекршуваш божествените мерила. Тогаш, како можеш да побегнеш — или да ја избегнеш — замката на стравот од човек?
Прво, внимателно избирај ги своите пријатели! (Изреки 13:21). Дружи се со оние кои имаат христијански вредности и мерила. Точно, ова ги ограничува твоите пријателства. Како што вели еден тинејџер: „Кога не се согласував со останатите во училиштето, со нивните идеи за дрога и секс, наскоро ме оставија сам. Иако поради тоа од мене се симна еден голем притисок на кој требаше да се прилагодам, тоа ме направи да се чувствувам малку осамен“. Но, подобро е да се страда од малку осаменост отколку да се дозволи притисокот од врсниците да те сруши духовно и морално. Дружењето во семејството и во христијанското собрание може да помогне да се пополни вакуумот на осаменост.
Слушањето на родителите може исто така да ти помогне да се спротивставиш на притисокот од врсниците (Изреки 23:22). Веројатно, и тие напорно се трудат за да те поучат за исправните вредности. Една млада девојка рекла: „Моите родители беа строги со мене. Понекогаш тоа не ми се допаѓаше, но среќна сум што тие заземаа цврст став и го ограничија моето друштво“. Поради таквата родителска помош, таа не попуштила на притисокот да користи дрога и да се впушта во секс.
Советничката за тинејџери Бет Виншип, понатаму забележува: „Адолесцентите кои во нешто се добри, сами по себе чувствуваат дека се важни. За да имаат добра слика за себе, не мораат да зависат од одобрувањето на врсниците“. Тогаш, зошто да не се стремиш да бидеш вешт и компетентен во она што го правиш 2. Тимотеј 2:15).
на училиште и околу куќата? Младите сведоци на Јехова особено се стремат да бидат ‚достојни и беспрекорно работливи, кои верни го проповедаат словото на вистината‘ во нивната христијанска служба (После предупредувањето за „замката“ — страв од луѓето, стихот од Изреки 29:25 продолжува: „Оној кој се надева на Господа, тој ќе се спаси [ќе биде заштитен, НС]“. Можеби повеќе од сѐ друго, односот со Бог може да те зајакне да се спротивставиш на твоите врсници. На пример, Деби (претходно спомената), извесно време се владеела спрема мноштвото, така што многу пиела и злоупотребувала дрога. Но, тогаш почнала сериозно да ја проучува Библијата и почнала да има доверба во Јехова. Резултатот? „Одлучив да не ги правам истите работи што ги правеше таа мала група“, рекла Деби. На своите поранешни пријатели им рекла: „Вие одете си по вашиот пат, а јас ќе си одам по мојот. Ако го сакате моето пријателство, ќе морате да ги почитувате истите мерила како и јас. Жалам, но едноставно не ми е гајле што мислите. Така ќе правам.“ Новопронајдената вера на Деби не ја почитувале сите нејзини пријатели. Но, Деби вели: „Навистина, повеќе си се допаѓав себеси откако ја донесов мојата одлука“.
И ти ‚повеќе ќе си се допаѓаш себеси‘ и ќе се поштедиш од многу болки ако ја избегнеш замката на притисок од врсниците!
Прашања за дискусија
□ Зошто младите се склони да бидат под влијание на нивните врсници? Дали тоа мора да значи дека е лошо?
□ Што нѐ поучува искуството на апостол Петар во врска со притисокот од врсниците?
□ Кои се некои ситуации (вклучувајќи можеби некои од лично искуство) кои би можеле да ја испитаат твојата способност да кажеш „не“?
□ Кои работи би можел да ги разгледаш ако си предизвикан да покажеш смелост?
□ Кои се некои работи кои можат да ти помогнат да ја избегнеш замката — страв од човек?
[Истакната мисла на страница 74]
„Толку многу се грижиш да бидеш прифатен од другите“, вели Деби. „Стравував од помислата да бидам непопуларна . . . Се плашев да не бидам изолирана.“
[Рамка на страница 75]
,Ајде осмели се!‘
„Ајде“, навалувале соучениците на Лиза. „Кажи ѝ на наставничката дека ѝ смрди здивот!“ Не, тешко дека била во прашање хигиената на устата. Лиза била предизвикана да покаже смелост — и тоа на прилично ризичен начин! Да, некои млади изгледа добиваат изопачено задоволство да ги предизвикуваат другите да извршуваат дела што варираат од незначително штетни до едноставно самоубиствени.
Но кога си предизвикан да направиш нешто глупаво, нељубезно или сосема опасно, време е двапати да размислиш. Еден мудар човек рекол: „Мртвите муви го расипуваат и го усмрдуваат благопријатното масло на мироварец; истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест“ (Проповедник 10:1). Во древни времиња, една вредна маст или парфем можеле да бидат расипани од нешто ситно како што е мртва мува. Слично, нечиј тешко стекнат углед може да биде расипан само со „мала глупост“.
Детинските трикови често имаат за последица ниски оценки, истерување од училиште, па дури и апсење! Меѓутоа, што ако мислиш дека нема да те фатат? Запрашај се: ‚Дали тоа што го бараат од мене да го направам е разумно? Дали е полно со љубов? Дали тоа ќе ги повреди мерилата на Библијата или оние за кои ме поучувале моите родители? Ако е така, дали навистина сакам да ми го контролираат животот млади кои си бараат забава? Сепак, дали младите кои бараат од мене да го ставам на коцка сопствениот живот и углед, се вистински пријатели? (Изреки 18:25, НС).
Тогаш, обиди се да разговараш со младиот човек кој те предизвикува. На осумнаесетгодишниот Тери му се допаѓало „да им ја расипе забавата“ со тоа што ќе ги прашал: ‚Зошто да го направам тоа? Што ќе се докаже ако го направам тоа?‘ Исто така, дај им до знаење дека имаш јасни мерила по кои имаш намера да живееш. Една млада девојка се обидела да предизвика едно момче на неморал, велејќи му: „Не знаеш што пропушташ“. „Знам“, одговорило момчето. „Херпес, гонореја, сифилис . . .“
Да, со тоа што ќе имаш храброст да им кажеш „не“ на твоите врсници, можеш да избегнеш да направиш нешто за кое подоцна ќе жалиш!
[Слика на страница 76]
Младите често цврсто се држат еден со друг заради поддршка
[Слика на страница 77]
Дали некогаш си имал притисок од врсниците да постапуваш спротивно на она за кое знаеш дека е исправно?
[Слика на страница 78]
Имај сила да се спротивставиш на притисокот од врсниците!