Творбата — што стои зад неа?
Петто поглавје
Творбата — што стои зад неа?
КАКО што е забележано во претходните поглавја, современите научни откритија нудат изобилство уверливи докази дека и универзумот и животот на Земјата имале почеток. Што го предизвикало нивниот почеток?
Откако ги проучиле достапните докази, многумина заклучиле дека мора да постои Прв Причинител. Сепак, можеби одбегнуваат овој Причинител да го дефинираат како личност. Таквата неспремност да се зборува за Творец го отсликува ставот на некои научници.
На пример, Алберт Ајнштајн бил убеден дека универзумот имал почеток и ја изразил својата желба „да дознае како Бог го создал светот“. Сепак, Ајнштајн не признал дека верува во Бог кој е личност; тој зборувал за едно космичко „религиозно чувство кое не познава никаква догма и никаков Бог замислен по човечка слика“. Слично на тоа, хемичарот Кеничи Фукуи, Нобелов лауреат, изразил верување во една голема структура во универзумот. Кеничи рекол дека „тој огромен спој и структура можат да се изразат со зборовите како што се ‚Апсолутен‘ или ‚Бог‘“. Но, тој ја нарекол „својственост на природата“.
Дали си свесен дека таквото верување во една безлична причина е слично на голем дел од источното религиозно размислување? Многу ориенталци веруваат дека природата сама по себе дошла во постоење. Таа идеја е изразена дури и во кинеските симболи за природата, кои дословно значат „станува сам од себе“ или „постои сам од себе“.
Ајнштајн верувал дека неговото космичко религиозно чувство било добро изразено во будизмот. Според Буда, не е важно дали Творецот имал удел во доведувањето во постоење на универзумот и на луѓето. Слично на тоа, шинтоизмот не дава никакво објаснување за тоа како природата дошла во постоење. Шинтоистите веруваат дека боговите се духови на умрените кои би можеле да се асимилираат со природата.Интересно е што таквото размислување не е многу далеку од гледиштата кои биле популарни во древна Грција. Се вели дека филозофот Епикур (341—270 пр. н. е.) верувал дека ‚боговите се премногу далечни за да ти наштетат или за да ти направат добро‘. Тој тврдел дека човекот е производ на природата, веројатно преку спонтано настанување и природната селекција на најспособните. Од ова можеш да откриеш дека денешните слични идеи во никој случај не се современи.
Напоредно со епикурејците биле и грчките стоици кои на природата ѝ дале положба на Бог. Тие претпоставувале дека кога луѓето ќе умрат, нивната безлична енергија се реапсорбира во океанот од енергија кој го сочинува Бог. Тие мислеле дека е од врховно добро да се соработува со природните закони. Дали си чул слични гледишта во денешно време?
Натпревар околу Бог кој е личност
Сепак, не треба сите информации од древна Грција да ги отфрлиме како пријатна старомодна историја. Во контекстот на ваквите верувања, еден познат учител од првиот век изнел еден од најзначајните говори во историјата. Лекарот и историчарот Лука го забележал овој говор кој го наоѓаме во 17. поглавје од книгата Дела на апостолите. Тој може да ни помогне да го утврдиме нашето гледиште за Првиот Причинител и да видиме каде се вклопуваме ние во
сликата. Но, како може еден говор одржан пред 1.900 години да влијае врз животите денес, додека искрени поединци трагаат по смисла во животот?Тој познат учител, Павле, бил повикан на еден врховен суд во Атина. Таму се соочил со епикурејци и стоици кои не верувале во Бог кој е личност. Во своите уводни забелешки, Павле спомнал дека во нивниот град видел еден олтар со натпис „На непознатиот Бог“ (грчки агно́сти теи́). Интересно е што некои мислат дека биологот Томас Х. Хаксли (1825—1895) алудирал на тоа кога го сковал терминот „агностик“. Хаксли го применил зборот на оние кои тврдат дека „крајната причина (Бог) и неопходната природа на нештата се непознати или не можат да се спознаат“. Но, дали Творецот навистина ‚не може да се спознае‘ како што тврделе многумина?
Искрено речено, тоа е погрешна примена на Павловата фраза; ја промашува Павловата поента. Наместо да каже дека Творецот не може да се спознае, Павле едноставно кажал дека Тој е непознат за тие Атињани. Павле немал при рака толку научни докази за постоењето на Творец како што имаме ние денес. Сепак, Павле не се сомневал во постоењето на интелигентен
Дизајнер кој е личност, чии особини треба да нѐ привлечат кон него. Забележи што Павле понатаму кажал:„За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам. Бог, Кој го создаде светов и сѐ, што е во него; Он, бидејќи Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови, ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, дишење и сѐ. Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата“ (Дела 17:23—26). Зарем не се согласуваш дека тоа е еден интересен начин на расудување?
Дела 17:27). Можеш да видиш дека Павле на тактичен начин го вовел фактот дека можеме да видиме доказ за Творец на сите нешта, набљудувајќи го неговото творештво. Ако го правиме тоа, можеме да препознаеме и некои од неговите особини.
Да, наместо да предложи дека Бог не може да се спознае, Павле нагласил дека оние кои го направиле атинскиот олтар, како и многумина од неговите слушатели, сѐ уште не го запознале Него. Павле потоа ги поттикнал нив — а и сите оние кои оттогаш наваму го прочитале неговиот говор — да бараат да го запознаат Творецот зашто „Он не е далеку од секого меѓу нас“ (Испитавме различни видови докази кои укажуваат на Творец. Еден од нив е пространиот, интелигентно организиран универзум за кој е јасно дека имал почеток. Друг е животот на Земјата, вклучувајќи го и дизајнот кој се манифестира во нашите телесни клетки. А трет е нашиот мозок, заедно со свесноста за себеси и со нашата заинтересираност за иднината. Но, ајде прво да погледнеме два други примера на творбата на Творецот кои секојдневно нѐ засегаат. Додека го правиш тоа, запрашај се: ‚Што ми покажува ова за личноста на Оној кој го дизајнирал и го обезбедил тоа?‘
Да се учи од неговата творба
Самото набљудување на неговото создание многу кажува за Творецот. Во една друга прилика, Павле споменал еден пример за тоа кога на една толпа во Мала Азија ѝ рекол: „Кој [Творецот] поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта, иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост“ (Дела 14:16, 17). Забележи го примерот што го дал Павле за тоа како Творецот, обезбедувајќи храна за човечкиот род, дал сведоштво за Својата личност.
Во некои земји денес, луѓето можат здраво за готово да го земат располагањето со храна. На други места, пак, многумина се борат да добијат доволно за јадење. Во обата случаи, дури и можноста да се има некаква поткрепувачка храна зависи од мудроста и од добротата на нашиот Творец.
Храната и за човекот и за животните произлегува од сложени циклуси — вклучувајќи ги водениот циклус, јаглеродниот циклус, фосфорниот циклус и азотниот циклус. Општо е познато дека во виталниот процес на фотосинтезата, растенијата користат јаглероден диоксид и вода како суровини за произведување шеќери, користејќи ја сончевата светлина како енергетски извор. Патем, растенијата ослободуваат кислород за време на фотосинтезата. Дали тоа би можело да се нарече „отпаден производ“? Тешко дека овој нуспроизвод за нас е отпад. Крајно неопходно е
да вдишуваме кислород и да го користиме за да ја метаболизираме, односно согоруваме храната во нашето тело. Го издишуваме јалеродниот диоксид кој произлегува од она, кое растенијата го рециклираат како суровина за фотосинтезата. Можеби овој процес сме го учеле на некој час по познавање на природата, но тоа не го прави помалку витален и чудесен. А тоа е само почеток.Фосфорот е витален за пренесување на енергија во нашите телесни клетки и во клетките на животните. Од каде го добиваме нашиот фосфор? Повторно, од растенијата. Тие апсорбираат неоргански фосфати од почвата и ги претвораат во органски фосфати. Ние внесуваме растенија кои содржат фосфор во тие облици, кој го користиме за витални активности. После тоа, фосфорот се враќа во почвата во облик на телесен „отпад“ кој повторно може да биде апсорбиран од растенијата.
Исто така, потребен ни е азот кој е дел од секој протеин и молекул на ДНК во нашето тело. Како го добиваме * Азотна фиксација се добива и со бактерии кои живеат во израстоците на корењата на мешунестите плодови како што се грашокот, сојата и луцерката. Овие бактерии го претвораат атмосферскиот азот во супстанции кои растенијата можат да ги користат. На тој начин, кога јадеш зелен зеленчук, примаш азот кој му е потребен на твоето тело за да произведе протеини. Зачудувачки е тоа што наоѓаме разни видови мешунести плодови во тропските дождовни шуми, пустини, па дури и во тундрите. И ако некое подрачје било запалено, мешунестите плодови обично се првите растенија кои повторно се појавуваат.
овој елемент кој е толку неопходен за животот? Иако околу 78 проценти од воздухот околу нас е азот, ниту растенијата ниту животните не можат директно да го апсорбираат. Затоа, азотот во воздухот мора да се претвори во други облици пред да можат растенијата да го примат, а подоцна луѓето и животните да го користат. Како се одвива таа конверзија, односно фиксација? На разновидни начини. Еден начин е преку постапката на молскање.Какви само чудесни системи за рециклирање се тоа! Секој од нив добро ги искористува отпадните материи од другите циклуси. Енергијата која е потребна првенствено
доаѓа од нашето Сонце — чист, бескраен и постојан извор. Колку само ова се разликува од човечките напори да ги рециклираат природните богатства! Дури и оние производи направени од човек, кои се сметаат за пријателски настроени спрема природната средина, можеби нема да придонесат за почиста планета поради комплицираноста на човечките системи за рециклирање. Во овој поглед, U.S.News & World Report истакнал дека производите треба да бидат дизајнирани на таков начин што нивните состојки кои имаат висока вредност ќе можат лесно да се повратат преку рециклирање. Зарем тоа не е она што го забележуваме во овие природни циклуси? Оттука, што открива тоа за промисленоста и мудроста на Творецот?Непристрасен и праведен
За да можеме понатаму да видиме некои од особините на Творецот, ајде да разгледаме уште еден систем — имунолошкиот систем на нашето тело. И тој вклучува бактерии.
„Иако човечкиот интерес за бактериите честопати се сосредоточува на нивните штетни последици“, забележува The New Encyclopædia Britannica, „повеќето бактерии се безопасни за човечките суштества, а многу од нив дури се и корисни.“ Навистина, тие се од животоважно значење. Бактериите играат пресудна улога во штотуку споменатиот азотен циклус, како и во циклусите кои го вклучуваат јагеродниот диоксид и некои елементи. Потребни се бактерии и во нашиот дигестивен тракт. Има околу 400 видови само во завршниот цревен тракт; тие помагаат да се синтетизира витамин К и да се преработат отпадоците. Од натамошна корист за нас е тоа што бактериите им помагаат на кравите да ја претворат тревата во млеко. Други бактерии се витални за ферментација — во правењето сирење, јогурт, туршија, кисела зелка и кимчи.
Но, што ако извесни бактерии стигнат онаму каде што не му припаѓаат на нашето тело?Тогаш, до два билиона бели крвни клетки во нашето тело се борат против бактериите кои би можеле да ни наштетат. Даниел Е. Кошланд Јуниор, уредник на списанието Science, објаснува: „Имунолошкиот систем е дизајниран со цел да ги препознае странските напаѓачи. За да го направи тоа, создава отприлика 1011 [100.000.000.000] различни видови имунолошки рецептори така што, без разлика на обликот или формата на странскиот напаѓач, ќе има некаков комплементарен рецептор за да го препознае и да го предизвика неговото елиминирање“.
Еден вид клетка која нашето тело ја користи во борбата против напаѓачите е макрофагот; нејзиното име значи „голем јадач“, што е соодветно, бидејќи ги проголтува странските супстанции кои се нашле во нашата крв. На пример, откако проголтува еден напаѓачки вирус, макрофагот го разложува на мали делчиња. Потоа открива малку протеин од вирусот. Ова делче протеински знак служи како црвен сигнал за нашиот имунолошки систем, вклучувајќи го алармот дека во нас на слобода има странски организми. Ако една друга клетка во нашиот имунолошки систем, помошната Т-клетка, го препознае вирусот-протеин, таа разменува хемиски сигнали со макрофагот. Тие хемикалии се самите извонредни протеини кои имаат збунувачка низа функции, кои ја регулираат и ја засилуваат реакцијата на нашиот имунолошки систем при нападот. Како резултат на тој процес, започнува една жестока борба против определениот вид вирус. Обично, на тој начин успеваме да ги совладаме инфекциите.
Всушност, многу повеќе е вклучено во тоа, но дури и овој краток опис ја открива комплицираноста на нашиот
имунолошки систем. Како сме го добиле овој сложен механизам? Сме го добиле бесплатно, без разлика на финансиската или социјалната положба на нашето семејство. Спореди го тоа со неправедноста во здравствената нега која е достапна за повеќето луѓе. „За СЗО [Светската здравствена организација], сѐ поголемата неправедност дословно е работа на живот и смрт бидејќи сиромашните со своето здравје ја плаќаат цената на социјалната нееднаквост“, напишал генералниот директор на СЗО, д-р Хироши Накаџима. Можеш да ја сфатиш следнава поплака на еден гето жител од Сан Паоло: „За нас, добрата здравствена нега е како еден предмет во излогот на еден луксузен трговски центар. Можеме да го гледаме, но е вон нашиот дофат“. Милиони луѓе на Земјината топка го чувствуваат истото.Таквите неправедности го поттикнале Алберт Швајцер да оди во Африка за да обезбеди медицинска нега за помалку привилегираните, и неговите напори ја заработиле Нобеловата награда. Какви особини поврзуваш со мажите и жените кои направиле слични добри дела? Веројатно сфаќаш дека имаат љубов кон хуманоста и чувство за правда, верувајќи дека и луѓето во земјите во развој имаат право на медицинска нега.
Тогаш, што е со Обезбедувачот на прекрасниот имунолошки систем вграден во нас, без разлика на финансиската и социјалната положба? Зарем тоа не зборува со поголемо значење за чувството на љубов, непристрасност и правда на Творецот?Да се запознае Творецот
Горенаведените системи се само основни примери на творбата на Творецот, но зарем тие не го откриваат како вистинска и интелигентна личност чии особини и патишта нѐ привлекуваат кон него? Можат да се разгледаат бројни други примери. Меѓутоа, веројатно сме увиделе во секојдневниот живот дека не е доволно само да ги набљудуваме делата на некое лице за да го познаваме добро. Би било можно дури и погрешно да го разбереме ако не добиеме комплетна слика за него! И ако тоа лице е погрешно претставено или оцрнето, зарем не би било добро да се сретнеме со него и да ја ислушаме неговата страна? Би можеле да разговараме со него за да откриеме како тој реагира под различни околности и какви особини покажува.
Се разбира, не можеме очи в очи да разговараме со моќниот Творец на универзумот. Сепак, тој открил многу за себе, како вистинска личност, во една книга која е достапна во целост или во делови на повеќе од 2.000 јазици, вклучувајќи го и твојот. Таа книга — Библијата — те поканува да го запознаеш Творецот и да негуваш еден однос со него: „Приближете се кон Бога“, вели таа, „и Он ќе се приближи кон вас“. Таа исто така покажува како е можно да се стане негов пријател (Јаков 2:23; 4:8). Дали ти би бил заинтересиран за тоа?
За таа цел, те покануваме да го разгледаш фасцинирачкиот извештај на Творецот кој е заснован на факти во врска со неговите творечки активности.
[Фуснота]
^ пас. 21 Молскањето трансформира дел од азотот во облик кој може да се апсорбира, кој паѓа на Земјата заедно со дождот. Растенијата го користат тоа како едно ѓубриво кое се добива по природен пат. Откако луѓето и животните ги консумираат растенијата и го употребуваат овој азот, тој се враќа назад во почвата како смеса на амониум и дел од него на крајот повторно се претвора во азотен гас.
[Рамка на страница 79]
Разумен заклучок
Меѓу научниците постои голема согласност дека универзумот имал почеток. Исто така, повеќето се согласуваат дека пред тој почеток сигурно постоело нешто вистинско. Некои научници зборуваат за една отсекогаш постоечка енергија. Други тврдат дека состојбата на поранешното постоење била еден прастар хаос. Без разлика на термините што се користат, повеќето претпоставуваат дека постоело нешто — нешто без почеток — кое бесконечно се протегало во минатото.
Значи, прашањето се сведува на тоа дали претпоставуваме нешто вечно или некој вечен. После разгледувањето на она што науката го научува за потеклото и природата на универзумот и животот во него, кои од овие алтернативи ти се чинат поразумни?
[Рамка на страница 80]
„Секој од елементите кои се суштински за животот — јаглерод, азот, сулфур — бактериите го претвораат од неорганско, гасовито соединение во облик кој растенијата и животните можат да го користат“ (The New Encyclopædia Britannica).
[Графикон/слика на страница 78]
(Види во публикацијата)
Кој е твојот заклучок?
Нашиот универзум
↓ ↓
Немал Имал
почеток почеток
↓ ↓
Без причина Бил предизвикан
↓ ↓
Од НЕШТО Од НЕКОЈ
вечно вечен
[Слика на страница 75]
Многу ориенталци веруваат дека природата сама од себе почнала да постои
[Слика на страница 76]
Додека стоел на ова брдо, со Акрополот во позадината, Павле одржал еден говор за Бог кој наведува на размислување
[Слика на страница 83]
На секого од нас Бог му дал имунолошки систем кој надминува сѐ што современата медицина може да обезбеди