4. дел: Од првиот цар на Израел до ропството во Вавилон
Саул станал првиот цар на Израел. Но, Јехова го отфрлил, а на негово место го избрал Давид за цар. За Давид ќе дознаеме многу работи. Како млад, тој се борел со џинот Голијат. Подоцна побегнал од љубоморниот цар Саул. Тогаш, убавата Авигеја го спречила да направи нешто неразумно.
Потоа, ќе научиме многу работи за Давидовиот син Соломон, кој станал цар на Израел по Давид. Првите три цара на Израел владееле по 40 години. По смртта на Соломон, Израел бил поделен на две царства, северно и јужно царство.
Пред да биде уништено од страна на Асирците, северното 10-племенско царство постоело 257 години. Сто триесет и три години подоцна, било уништено и јужното двоплеменско царство. Тогаш Израелците биле одведени како робови во Вавилон. Според тоа, ЧЕТВРТИОТ дел опфаќа 510 години од историјата, и ние низ него ќе разгледаме голем број возбудливи настани.