Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 10

Вовед во дел 10

Јехова е најголемиот Цар. Тој нема да дозволи ништо да ја спречи неговата намера и има моќ да ги заштити своите верни слуги. На пример, Јехова го спасил Еремија за да не умре во длабока јама. Освен тоа, ги спасил Седрах, Мисах и Авденаго од вжарена печка, а Даниел од канџите на лавовите. Исто така, ја заштитил Естира за да може таа да го спаси својот народ. Јехова нема да дозволи лошите работи да се случуваат засекогаш. Пророштвата за големиот кип и за огромното дрво се доказ дека Божјето Царство наскоро ќе му стави крај на сето зло и ќе почне да владее со Земјата.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 57

Еремија добил задача да проповеда

Зборовите на овој пророк многу ги налутиле старешините во Јуда.

ПОГЛАВЈЕ 58

Уништувањето на Ерусалим

Бидејќи луѓето од Јуда продолжиле да им служат на лажни богови, Јехова ги напуштил.

ПОГЛАВЈЕ 59

Четири момчиња останале верни

Младите Јудејци биле решени да му останат верни на Јехова, дури и во царската палата на Навуходоносор во Вавилон.

ПОГЛАВЈЕ 60

Царство кое ќе владее засекогаш

Даниел го објаснил значењето на сонот на Навуходоносор.

ПОГЛАВЈЕ 61

Тројцата Евреи не се поклониле

Седрах, Мисах и Авденаго не се поклониле пред огромниот златен кип на вавилонскиот цар.

ПОГЛАВЈЕ 62

Сонот за големото дрво

Сонот на Навуходоносор се однесувал на неговата иднина.

ПОГЛАВЈЕ 63

Зборовите на ѕидот

Кога се појавиле овие необични зборови, и што значеле?

ПОГЛАВЈЕ 64

Даниел бил фрлен во лавовска јама

Моли му се на Јехова секој ден, исто како Даниел.

ПОГЛАВЈЕ 65

Естира го спасила својот народ

Од туѓинка и сираче, станала царица.

ПОГЛАВЈЕ 66

Езра поучувал за Божјиот закон

Откако Израелците го ислушале Езра, му дале едно посебно ветување на Бог.

ПОГЛАВЈЕ 67

Ѕидот околу Ерусалим

Неемија дознал дека непријателите се спремаат за напад. Се исплашил ли?