Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 103

Да дојде Царството

Да дојде Царството

Јехова ветил: „Повеќе нема да има плачење, болка, болести ниту смрт. Ќе ги избришам солзите од очите на луѓето. Никој нема да се сеќава на лошите работи од минатото“.

Во почетокот, Јехова им направил рајска градина на Адам и на Ева за да живеат среќно и во мир. Тие требало да му бидат послушни на својот небесен Татко и да ја населат Земјата со свои потомци. За жал, Адам и Ева му згрешиле на Јехова. Сепак, неговата намера не се сменила. Во оваа книга видовме дека сѐ што ветил Бог се исполнува. Кога Божјето Царство ќе завладее со Земјата, ќе уживаме во прекрасни благослови — токму како што Јехова му ветил на Авраам.

Сатана, демоните и лошите луѓе наскоро ќе ги нема. Тогаш сите ќе му служат само на Јехова. Нема да се разболуваме ниту да умираме. Ќе бидеме полни со сила и ќе му се радуваме на животот секој нов ден. Целата Земја ќе стане рај. Секој ќе има убава храна и свој дом. Луѓето нема да бидат лоши и насилни, туку добри и љубезни. Нема да се плашиме од дивите животни, а нема да се плашат ни тие од нас.

А кога Јехова ќе почне да ги воскреснува луѓето што умреле, ќе биде многу интересно. Ќе може да запознаеме многу луѓе од минатото, како Авел, Ное, Авраам, Сара, Мојсеј, Рут, Естира и Давид. Заедно со нив, ќе ја направиме Земјата рај. Ќе има многу интересни работи кои ќе можеме да ги правиме секој ден.

Јехова сака и ти да бидеш таму. Тогаш ќе можеш подобро да го запознаеш. Затоа, да стануваме сѐ поблиски пријатели со Јехова, сега и во сета вечност!

„Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата и честа и моќта, бидејќи ти создаде сѐ“ (Откровение 4:11)