Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 94

Учениците добиле свет дух

Учениците добиле свет дух

Десет дена откако Исус се вратил на небото, неговите ученици добиле свет дух. Тоа се случило на Педесетница 33 год. од н.е. За овој празник во Ерусалим биле дојдени луѓе од многу места. Во горната соба на една куќа биле собрани околу 120 ученици на Исус. Одеднаш се случило нешто неверојатно. Врз главата на секој ученик се појавило нешто што личело на пламен, и учениците почнале да зборуваат на разни јазици. Во собата се чул многу силен звук на ветар.

Овој звук го слушнале и некои луѓе кои биле дојдени од други места и веднаш истрчале до куќата за да видат што се случило. Тие биле многу изненадени кога чуле дека учениците зборуваат на разни јазици. Тогаш рекле: „Нели се овие луѓе од Галилеја? Како е можно да зборуваат на нашите јазици?“

Потоа Петар и другите апостоли застанале пред народот. Петар им раскажал на луѓето како Исус бил убиен и како Јехова го воскреснал од мртвите. Потоа рекол: „Сега Исус е на небото од десната страна на Бог и ни даде свет дух како што ни вети. Затоа ги гледате овие чуда“.

Луѓето биле многу погодени од зборовите на Петар. Затоа прашале: „Што да направиме?“ Петар им одговорил: „Покајте се за вашите гревови и крстете се во името на Исус. Тогаш и вие ќе добиете свет дух како дар“. Тој ден се крстиле околу 3.000 луѓе. Оттогаш бројот на ученици во Ерусалим почнал многу да расте. Со помош на светиот дух, апостолите основале повеќе собранија. Така можеле да им го пренесат на другите ученици сето она што го научиле од Исус.

„Ако со својата уста ја објавуваш таа ’реч‘ — дека Исус е Господар — и ако во своето срце веруваш дека Бог го подигна од мртвите, ќе бидеш спасен“ (Римјаните 10:9)