ЛЕКЦИЈА 1
Добар вовед
Дела 17:22
ЦЕЛ: Со воведот треба да ги заинтересираш другите. Освен тоа, треба да им помогнеш да сфатат за што ќе зборуваш и зошто тоа е важно за нив.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
-
Побуди интерес кај другите. Постави прашање или спомни некоја вистинска случка, актуелен настан или нешто друго што ќе ги заинтересира оние што те слушаат.
-
Помогни им да сфатат за што ќе зборуваш. Погрижи се од твојот вовед да може јасно да се види за што ќе зборуваш и со која цел.
-
Помогни им да разберат зошто она што ќе го кажеш е важно за нив. Прилагоди го воведот на потребите на оние што те слушаат. Тие треба јасно да сфатат како ќе им користи она што го зборуваш.