ЛЕКЦИЈА 14
Да се нагласат главните мисли
Евреите 8:1
ЦЕЛ: Помогни им на слушателите полесно да го следат текот на твојот говор, и истакни како секоја од главните мисли е поврзана со целта и со темата на говорот.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
-
Имај јасно на ум која е твојата цел. Размисли дали целта на твојот говор е да ги информира, да ги увери или да ги мотивира слушателите, и обработи ја темата во склад со тоа. Сите главни мисли треба да ти помогнат да ја постигнеш таа цел.
-
Нагласи ја темата на говорот. Осврнувај се на темата во текот на целиот говор така што ќе ги повторуваш клучните зборови или ќе користиш синоними.
-
Изнеси ги главните мисли на јасен и едноставен начин. Избери ги како главни мисли само оние кои се поврзани со твојата тема и кои можеш добро да ги обработиш во предвиденото време. Ограничи го нивниот број, јасно наведи ја секоја главна мисла, направи кратка пауза пред да ја воведеш следната и немој нагло да преминуваш од една на друга главна мисла.