ЛЕКЦИЈА 20
Добар заклучок
Проповедник 12:13, 14
ЦЕЛ: Во заклучниот дел, поттикни ги слушателите да го прифатат и да го применат она што го научиле.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
-
Поврзи го заклучокот со главната тема. Со исти или со слични зборови повтори ги главните мисли и темата на говорот.
-
Мотивирај ги слушателите. Кажи им што треба да прават и јасно наведи зошто е добро да го прават тоа. Зборувај срдечно и со увереност.
-
Заклучокот нека биде краток и јасен. Не спомнувај нови главни мисли. Со што е можно помалку зборови, поттикни ги слушателите да преземат нешто.